Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Европа демонстрира исламофобија

Десните популисти во некои земји разгоруваат фобија
од муслиманите

Во некои европски земји десните популисти разгоруваат страв од муслиманските доселеници. Тие се претставуваат себеси како заштитници на европските вредности, кои, наводно, се загрозени од страна на муслиманите.

Неодамна, во говорот по повод 20-годишнината од германското обединување, германскиот претседател Кристијан Вулф изјави дека покрај христијанството и еврејската вера, во меѓувреме и исламот припаѓа кон Германија.

Но, реалноста изгледа поинаку отколку во ваквите свечени говори. Во Германија и во други европски земји расте бранот антиисламски популизам, чии претставници, ова се однесува најмногу на Шведска и на Холандија, имаат влијание врз формирањето влади и започнуваат со меѓусебно поврзување. Така, докажаниот противник на исламот, Холанѓанецот Геерт Вилдерс, само кратко пред говорот на германскиот претседател допатува во Берлин за да ги предупреди истомислениците:

„Германија, нејзиниот национален идентитет и економскиот просперитет се загрозени од политичката идеологија на исламот.“

Со Вилдерс не се согласуваат само неговите приврзеници. Според една анкета објавена деновиве, 55 проценти од Германците мислат дека доселениците и муслиманите ја чинат Германија социјално и економски многу повеќе отколку што самите придонесле за земјата. Оваа теза има особена поддршка во Источна Германија -70 проценти.

Нема логична причина за вакви мислења, смета етнологот и публицист професор Вернер Шифауер од Европскиот универзитет во Франкфурт на Одра. Но, во општеството се пробива еден вид неолиберално сфаќање, според кое, секој е ковач на својата среќа и според тоа, одговорен и за своите проблеми. Ваквиот начин на размислување дава поттик на имплицитен расизам:

„...Во таа смисла се создаваат групи, кои се споредуваат според нивните способности и преку тоа се врши нивно генерално вреднување,“ објаснува Шифауер.

Јазот меѓу она што го прокламираат политичарите и реалноста, исто така, станува се' поголем со кој се среќава не само Германија туку и другите европски земји. Ваквиот развој започна со 11 септември, смета професор Шифауер, но се засили со длабоката криза на идентитетот во која западна ЕУ. Унијата во кратко време стана двојно поголема, но спорот околу Уставот покажува дека се' помалку е јасно за што се залага сега Европа:

„Во овој момент изгледа привлечно да се дефинира другиот, да се врши дистанцирање од него, значи, класична слика на создавање непријател. Така муслиманот станува сето она што е спротивно на нашите вредности: хомофобичен, женомразец, антисемитист, неспособен за демократија, безвреден“.

Вакви разграничувања кон другите во Германија се практикувани во два наврата, кон Французите и кон Евреите. Одредени кругови и денес се обидуваат да се дистанцираат од другите луѓе и групи:

„Во тоа, всушност, ја гледам причината на паневропскиот антиисламизам, кој моментално се шири како некој вирус“, истакнува професор Шуфауер.

Дека тоа, во основа, нема никаква врска со логично оправдано отфрлување на исламот, може да се прочита и од фактот што неприфаќањето е особено високо во Источна Германија. А таму речиси и нема муслимани, што значи нема ниту лични искуства со нив:

„Истиот феномен беше присутен и кај забраната за градење минариња во Швајцарија: градовите во кои живеат муслиманите протестираа поради забраната за минарињата, додека оние што беа за неа, де факто, не беа воопшто засегнати со тоа во секојдневниот живот,“ објаснува професор Шуфауер.  (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 699 пати.

Испрати коментар

Од: Скопје
Датум: 19.10.2010 13:54:58
Ако има исламофобија, за тоа се виновни муслиманските екстремисти кои со своето средновековно однесување предизвикуваат нетрпеливост кај напредниот Запад. Па кој нормален сака да се врати 10 века наназад? Кој нормален смета дека треба да се убие човек заради карикатура? Мислите дека човек од Западот ќе се закани со светска војна ако некој ја запали Библијата? Тој што ќе ја запали Библијата не може да ми ја изгори вербата, така? Е затоа западот станува антиисламски настроен. Мене не ми пречи туѓото сфаќање на животот, ама не сакам никој да ми го наметнува како единствено правилен начин, посебно не со закани и тероризам.
Од: ?!
Датум: 20.10.2010 01:17:18
"Па кој нормален сака да се врати 10 века наназад?"И јас се прашувам.И кога сите би сакале повторно, никој не би се вратил.Зошто?!Па нив денес ги нема!Само еден да имаше, доволно ќе беше.Ќе ни кажеше,колку е "тешко" да се живее надвор од "големите демократски вредности" кои полека но сигурно не ставија во истото Дарвиново тесто,пред да го изсука и ја започне еволуцијата.A,за жал при испечено тесто, тешко да останал некој ембрион од кој би се развиле "новите дечки" кои би ја сватиле катапултирачки форсираната порака за фобичноста како феноме,па и да била исламска.За жал!

Најди! во Утрински
Свет
Франција не се плаши од Бин Ладен
Бакојани
Колумнист на Ројтерс вмешан во берзански шпекулации
Во затворите на НАТО во Авганистан умираат луѓе
Второто враќање на Евреите во светата земја
Супертајфун удри на Филипини
Кина не може да ги спаси 11-те затрупани рудари






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency