Кина не може да ги спаси 11-те затрупани рудари
ПЕКИНГ - Постои мала надеж дека ќе се пронајдат живи 11-те исчезнати рудари кои беа затрупани по истекувањето гас во централниот дел на Кина, што веќе однесе 26 човечки животи, соопштија вчера државните медиуми за најновата рударска несреќа во земјата. Несреќата се случи во саботата изутрината во окно, сопственост на „Пингиу кол енд електрик ко лтд“ со седиште во градот Јужу, иако 239 успеаја да се спасат. Преостанатите 11 рудари веројатно се затрупани со јагленова прашина и мала е веројатноста дека се живи, изјави официјален претставник на „Чајна дејли“. (Ројтерс) |