Најчести имиња
Европа потклекна под налетот на имигрантите
Мухамед е најпопуларно машко име во Лондон, Осло, Брисел и во Марсеј. Во Македонија омилени се Филип и Сара
Иако христијанството имаше силно влијание во Европа во изминатите години, трендовите на популарни имиња укажуваат на нешто сосема друго. Кога станува збор за најпопуларно машко име, во неколку земји по популарност се издвојува Мухамед. Неодамна Британскиот завод за статистика објави дека Мухамед е најчесто име меѓу новородените машки деца во Велика Британија, додека Оливер и Џек се на второ, односно трето место.
„Околу десет отсто од британската популација се имигранти. Тоа покажува дека Британија се менува“, изјави Тим Финч, раководител на одделот за миграција во институтот „Паблик полиси ресрч“.
Муслиманите денеска сочинуваат 4,6 отсто од британската популација, а нивната бројка во цела Западна Европа е зголемена од 10 на 17 милиони. Освен во Лондон, името Мухамед е многу популарно и во низа други европски метрополи. Веќе неколку години е меѓу најпопуларните имиња меѓу машките новороденчиња во Осло, Брисел и во Марсеј. Демографите сметаат дека зачестеноста на името Мухамед е еден од показателите на демографските трендови на Запад каде што популацијата забрзано старее поради ниската стапка на наталитет. Додека имигрантите во 1970-тите години покажуваа силна желба да се интегрираат во тие друштва, па на децата им даваа западњачки имиња, денешните доселеници со задоволство избираат имиња блиски на своето потекло и културата.
Во Италија најпопуларни женски имиња се Џулија и Софија, а од машките Франческо и Алесандро. Французите на своите девојчиња најчесто им ги даваат имињата Леа и Ема, а на машките Енцо и Лукас, додека во Германија и понатаму најпопуларни остануваат традиционалните имиња како што се Максимилијан и Александар, односно Мари и Софи.
Во Европа, тврдат ономастичарите, отсекогаш било силно влијанието на христијанството и латинското и грчкото наследство. Но, додека некогаш циклусите на популарни имиња траеја меѓу 100 и 130 години, сега тие трендови се менуваат многу брзо и ги рефлектираат социјалните промени. На пример, процесот на обединување на европските земји доведе до тоа Ема и Софија да станат најчести женски имиња во ЕУ и да доминираат во Белгија, Шпанија, Франција, Норвешка, Данска, Финска, Шведска, Холандија иво Германија.
Како стои ситуацијата со имињата во Македонија? Меѓу најчестите машки и женски имиња дадени на новороденчиња во 2009 година се Андреј и Давид, односно Сара и Марија, а во последнава деценија во врвот на омилени имиња се и Филип и Андреј и Анастасија и Јована. Меѓу имињата што престанале да се појавуваат по 1991 година се Киро, Моме, Димко, Димчо и Рубинчо, односно Крстана, Светланка, Ристана, Благуња и Стевка. Државниот завод за статистика забележал дека меѓу новите имиња што се појавуваат по 1991 година се Убејд, Ерјон, Анид, Дион и Блеон за мажи и Аделиса, Блеона, Илирида, Езана и Назар кај жените.
Најчести имиња на новороденчиња во Европа (2007-2009)
ШВЕДСКА
Девојчиња:
Ема
Маја
Ида
Елин
Џулија
Момчиња:
Вилијам
Филип
Оскар
Лукас
Ерик
ДАНСКА
Девојчиња:
Ема
Матилде
Мартина
Сара
Кијара
Момчиња:
Матијас
Лукас
Магнус
Микел
Мадс
ГЕРМАНИЈА
Девојчиња:
Мари
Софи
Марија
Ен
Леони
Момчиња:
Максимилијан
Александер
Пол
Леон
Лукас
ХОЛАНДИЈА
Девојчиња:
Сане
Лоте
Ема
Ен
Ирис
Момчиња:
Сем
Даан
Томас
Тим
Ларс
ШПАНИЈА
Девојчиња:
Луција
Марија
Пола
Лаура
Марта
Момчиња:
Александро
Давид
Даниел
Пабло
Адријан
ФРАНЦИЈА
Девојчиња:
Леа
Ема
Манон
Клара
Клое
Момчиња:
Енцо
Лукас
Тео
Томас
Хуго
ИТАЛИЈА
Девојчиња:
Џулија
Софија
Мартина
Сара
Кијара
Момчиња:
Франческо
Алесандро
Андреја
Матео
Лоренцо
МАКЕДОНИЈА (најчести имиња во 2009)
Девојчиња:
Сара
Марија
Јована
Мила
Анастасија
Момчиња:
Андреј
Давид
Матеј
Филип
Петар
Имиња што престанале да се појавуваат по 1991 година
Мажи
Киро
Моме
Димко
Димчо
Рубинчо
Жени
Крстана
Светланка
Ристана
Благуња
Стевка
Нови имиња што се појавуваат по 1991 година
Мажи
Убејд
Ерјон
Анид
Дион
Блеон
Жени
Аделиса
Блеона
Илирида
Езана
Назар
|