Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Самобендисаните од Б1 телевизија

Нина Нинеска-Фиданоска

Чудно им е на ценетите новинарски имиња од А1 зошто сите ние во таа очајна ноќ не се испотепавме да влеземе во нивното отворено студио и таму бескомпромисно да не' втурнат во онаа перверзија од наводна дебата, со која ги удавија недолжните гледачи

Во парадата што деновиве прилично невкусно и без секакво чувство за пристојно дозирање ни ја приредуваше тимот на А1 телевизија, во серијата креативни проблесоци слушнавме и поплаки дека колегите од другите медиуми во Македонија не се солидаризирале со нив во битката за заштита на нивните новинарски слободи. А замислете, наспроти неблагодарните и неколегијални македонски новинари, од сите други добивале максимална поддршка и разбирање, и од Балканот, па и пошироко од Европа.

И така сите ние, во мал милион прилози што одеа на телевизијата А1, но и во личните контакти, прилично нервозно бевме прозивани оти не сме сакале да застанеме на нивна страна, а која за нив има знак на равенство со слободното и независното новинарство.

Не им е јасно на драгите колеги од медиумот, кој деновиве стигнаа и да си го прогласат за „единствениот столб на македонската демократија“, зошто другите новинари не потрчаа како хипнотизирани да „гинат“ за нив пред налетите на даночниците и на полицајците. Чудно им е на овие ценети новинарски имиња зошто сите ние во таа очајна ноќ не се испотепавме да влеземе во нивното отворено студио и таму бескомпромисно да не' втурнат во онаа перверзија од наводна дебата, со која ги удавија недолжните гледачи. Не можат да разберат овие величини зошто не сакавме да се стопиме со ликовите што продефилираа таа вечер на програмата на А1, а кои, секоја чест на неколкуте исклучоци со искрени намери, беа таму за се' друго, само не за да го бранат независното македонско новинарство.

И пред да им одговорам на колегите од Б1 телевизија, се извинувам погрешив, беше А1, зошто изостана реакцијата што тие сосема сигурно ја очекуваа, само накусо ќе прецизирам дека јас осудувам секаков вид притисок врз слободниот новинарски збор. И сметам дека воопшто не беше потребно таму да упадне цел кордон полицајци за да им асистираат на инспекторите во претресот на деловните книги на сомнителните компании. И јавно извикувам дека никој, ама баш никој во оваа земја не смее да тепа новинари, а дека ако некој тепал, треба веднаш да биде санкциониран. Ние сосема прецизно го презентиравме тоа во сите наши текстови, коментари и анализи што беа посветени на случувањата во телевизијата. Зарем не е тоа поддршка за новинарите и за нивните права и слободи? Што уште требаше да направиме, ве молам?

И конечно, но не и помалку важно, и мене ми е кристално јасно дека ваквата драматична акција на власта за гонење на финансиските дубари ќе беше далеку побезболна или можеби воопшто немаше да постои, ако А1 сериозно не му „брцнеше“ в око на премиерот Никола Груевски.

Но, тоа е веќе констатирана работа. Сега да се вратам на пораката што сакам да ја пренесам до овие „неприкосновени“ перјаници, кои деновиве на сите страни раскажуваат колку биле разочарани од нашиот студен однос кон нивната болка.

Знаете ли зошто, мои почитувани колеги од Б1, пак се извинувам, беше А1, не наседнавме на вашите играрии како што вие се надевавте? Прво и основно, затоа што и ние, како и сите чесни граѓани во оваа земја, сакаме да функционира правната држава за сите еднакво, па дури и за вашиот недопирлив газда, кој долги години наназад, опиен од моќта што му ја даваше етаблираниот медиум, мислеше дека ќе може бесконечно да уценува компании, да жигосува личности, да се заканува на политичари... И не сакам да прејудицирам како ќе заврши оваа истрага, само силно ќе апелирам до институциите да останат на нивото на задачата што си ја зададоа и целосно да расчистат со последната трошка сомнеж за какви било малверзации што Рамковски или нему блиски можеби ги правеле во ова прочуено бизнис-царство. Тие нека си докажуваат чии се вреќите со „кеш“ што беа изнесени од „Перо Наков“ б.б. И кој и зошто имал мотив да прелева милиони евра надвор од земјава.

Овде, сепак, морам јавно да се оградам од стилот и манирот со кој деновиве се покрива овој скандал во некои од провладините медиуми.

Но, за жал, има и еден друг мотив, респектирани колеги од А1, зошто и ние не дојдовме да гориме во огнот заедно со вас. Низок е можеби тој мотив, признавам, но еве јас ќе се дрзнам и јавно ќе го соопштам, иако верувам дека потајно го почувствувале многумина од нашата напатена новинарска фела. А тоа е што веќе ни дојде преку глава од вашата самобендисаност и наперченост, вашиот став дека „новинарството во Македонија почнува и завршува со вас и со вашиот наводен надвселенски професионализам“. А знаеме сите добро како се негуваше професионализмот во А1 во последниов период. Многу поинаква песна се пееше во вашата телевизија не така одамна кога бевте во „добрите“ со Владата, кога требаше да се билда нејзиниот рејтинг и кога имавте поинаква мисија од сегашната. Знам дека со овие мои зборови ќе го навлечам гневот на оние навистина коректни, одмерени и честити новинари во А1, какви што, за среќа, секогаш постоеле и постојат во телевизијата. И веднаш да им се извинам ако на каков било начин ги навредив, обидувајќи се да ја доловам генералната слика што за кадарот на А1 веќе одамна е креирана меѓу новинарскиот еснаф, а за што директно се одговорни за��ислените ѕвезди и самодоживеани величини од телевизијата.

Сте се запрашале ли некогаш кога вие сте биле солидарни со новинарите од другите медиуми? Дали вие сте ги бранеле од нападите што ги доживувале, ама онака искрено, а не испровоцирано од некаков ситен дневен интерес. Тешко дека ќе се сетите на такви моменти, бидејќи во најголемиот дел од времето, за жал, вие се занимавате со самите себе.

За жал, и јас настрадав, ни крива ни должна, од копјата што ги исфрлија деновиве токму вашите квазипрофесионалци, во одбрана на својот наводно загрозен медиумски простор. И воопшто не се лутам што погрешија и што колегата Ерол Ризаов го претставија како главен и одговорен на „Утрински весник“, иако тој не ја извршува таа функција веќе три години. Па боже мој, луѓе сме и грешки правиме, иако ме чуди како овие „врвни“ медиумски играчи покажуваат толкави количества незнаење и неинформираност. И се прашувам зошто изјавата на Ерол ја злоупотребија, земајќи си го само делот кој ним им одговара, а намерно заборавајќи да ги пуштат неговите критики за вашиот газда.

Меѓутоа, големите луѓе кога грешат, имаат доблест веднаш да се извинат. Секако, оваа девиза ни најмалку не важи за Младен Чадиковски, кој прво не сакаше во ударните вести да го објави извинувањето, а по сериозните реакции, го направи тоа крајно срамно и ниско, инструирајќи го уредникот на вестите со половина уста да прочита само и единствено дека Ризаов не бил главен на „Утрински“. И толку. Кој ја „шиша“ новата главна уредничка што била навредена, која е пак сега таа ние нејзе да и' се извинуваме, веројатно си помислил Младен, додавајќи си оти тој сега има да решава поважни „државнички“ проблеми. Тоа е оној добро препознатлив стил на однесување на овие нападни момчиња за кој пред малку пишував - тие мислат дека смеат и да критикуваат, и да прават материјални грешки, па дури и да навредуваат, и никогаш за тоа да не се преиспитаат. Но, не дај боже нив некој да ги чепне, тогаш се прават драми до бесвест пред целата македонска јавност.


#
Статијата е прочитана 10314 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 30.11.2010 12:10:45
Nokta vo A1 televizija bese izvrsen pritisok od strana na Vlasta bidejki A1 izvestuva objektivno i go kazuva ona sto vlasta ne saka da go slusne. Najgolem del od novinarite se solidariziraa so nivnite kolegi so iskljucok na platenicite, latas, mirka, milenko, janko. Iznenaden sum od vasiot tekst, ne e valjda deka i Vas Vlasta ve podmiti??? Imav za vas poinakvo mislenj kako novinar no da zastanete vo odbrana na Diktaturata e nedozvolivi.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.11.2010 12:11:19
Уште едно соголување на просветлените бранители на демократијата но не на медиумот туку на ,,дуќанчето,,7 милионско на својот газда.Како лектира може да послужи написот на г-ѓите Блажевска во Дневник и Фидановска тука на коментаторите од типот на Феличита,ајван др.јас,Hari и останатата камарила.Прочитајте ги двете лектири утре ќе ве испрашуваме драги мои бранители на ликот и делото на медиумскиот манипулатор.
Од: meto
Датум: 30.11.2010 12:15:09
Bravo Nina. odlicen tekst
Од: Neodgovoren odnos kon komentatorite!
Датум: 30.11.2010 12:17:47
Kliknav, se pojavi opomenata ,,vnesovte pogresen tekst,, i komentarot se izgubi nepovratno! Toa go nema kaj ostanatite vesnici koi objavuvaat veb-komentari! A, bre popravete ja greskata ili ukinete gi veb-komentarite! Aman vece!
Од: забеган.
Датум: 30.11.2010 12:24:08
Нина алал нека ��ие,Потполно те разбирам не трпите конкуренција.ПОГОТОВО ако имате бесплатен до пред некое време Шпиц.За 5денари Весник тука е маката.Ако не беа Време и Шпиц кој знае уште колку ќе ги деревте ЧИТАТЕЛИТЕ.Знам многу добро и сум потрошил вреќи пари да ги читам весниците кои кошта по 30 тогашни динари или пола Марка.Ако сме пазарна ориентирани боретесе со квалитет.Место да продадете 5 ќе продадете 10 примероци и пак ќе заработете исто.За дали требало да ги заштитеш колегите тоа ти оставам на твојата свест и морал.Секому може утре да му затреба помош.Но нетреба некој да ти кажува самата сте свесни ,,,поздрав,,,.
Од: Gligor
Датум: 30.11.2010 12:25:54
Gospogo Fidanovska, vlasta krena raka na Medium i sakase politicki da se presmeta so nezavisni novinari. Izvenete, no ako vie kako kolegi ne zastanete vo apsolutna odrbrana, nema koj. Ne cekajte meckata da zaigra i vo vasiot dvor, moze da e docna!
Од: Тето
Датум: 30.11.2010 12:28:20
Навистина објективен текст од Нина која уште еднаш докажа што е карактер. А за нејзините колеги од Ш1 нема што да се каже го допреа дното од кое нема враќање назад. само не знам сега кој и по која цена ќе се рекламира таму. Туку заборавив, тузот, смоки и секако величенствените маркети хедис. Во врска со обвинувањата од каде биле платени партиските реклами на велија да му укажам дека криминалец е тој што прави дело но и тој што е сведик и учесник во криминалот. Меѓутоа него тоа му е нивото, ама барем има познавање од буџетскиот процес па кога ќе стане премиер ќе направи сите ние да имаме кеш како веќе легендарните „фирми од Перо Наков б.б“.
Од: Aleksandar Kocani
Датум: 30.11.2010 12:30:42
Eden od najdobrite,najobjektivnite novinarski izvestai sto sum gi procital po povodot cirkusot so go napravija A1 i nivnite ,,profesionalni,, novinari!!!Bravo!!!
Од: ivan
Датум: 30.11.2010 12:33:32
Kako e mozno nitu eden medim da ne zastane vo odbrana na novinarite od A1 i na novinarskata profesija. Koga site gledavme kako se poprecuva dvizenjeto na novinarite. Znaete kako??? STRAV od DANOCNICITE. Nitu eden medium ne raboti 100% cisto. Zarem nikoj ne go vide prviot DANOCNIK kako PUSI cigara vo prostoriite na upravata - nieden medium niti zbor za ova osven A1 koja i onaka ja tresat. Site si plakame za nasite greski osven ovoj TRAJKOVSKI ako e doblesen sam da se prijavi i da si ja plati svojata greska a ne da se fali kako site ke gi fati. Koj nego da go kazni.
Од: Vlado
Датум: 30.11.2010 12:35:11
Bravo Nina ti si objektivna.
Од: b
Датум: 30.11.2010 12:39:37
Испомешани баби и жаби. Испомешано, Велија со новинари. Наскоро, драга ниовинарке, и вас може да ве стигне долгата рака на нашиот омилен водач. Сем, се разбира, ако не станете ,,послушни и умни,,. Во име на ,,високи цели и патриотизам,, не така одамна во Србија, под Милошевиќ, гледавме вакви циркуски точки. Ако една УЈП или било кој орган на власт, неможе да обезбеди нормално спроведување на својте надлежности, било каде, па макар и под исти покрив со други, тоа се веќе вукојебини, а не државни органи.
Од: Село гори баба се чеша
Датум: 30.11.2010 12:39:55
Имате право за некои работи.Размислете добро за што не сте во право?
Од: мене
Датум: 30.11.2010 12:41:45
Браво Нина, Баш им го плесна на самобендисаните НОВИНАРЧУЛИЊА
Од: Tina
Датум: 30.11.2010 12:43:01
Tekstot izobiluva so novinarska sueta. Nina,ovde vo prasanje se covekovi prava.Novinarite od A1 zasluzuvaat vasa solidarnost
Од: Cobe
Датум: 30.11.2010 12:46:13
Nina sekoja chest za tekstot ...
Од: megi
Датум: 30.11.2010 12:47:52
BRAVO G-GJO NINEVSKA- FIDANOSKA!! NEMA POTREBA DA KOMENTIRAM, MI ZASTEDIVTE VREME I NE PREMNOGU RAZMISLUVANJE BIDEJKI ZBOROVITE NAVIRAAT SAMI ,A ZAKLUCOKOT SAM SE NAMETNUVA. CELOSNO GO SPODELUVAM VASETO RAZMISLUVANJE.
Од: Jovan Poposki
Датум: 30.11.2010 12:58:47
Odlicen tekst! Objekitven i odmeren. Navistina ocekuvav nekoj novinar bez kadifeni rakavici da kaze koj bese stavot na novinarskiot esnaf vo vrska so "sitnata roba" (citiram Ramkoski) pronajdena na Pero Nakov bb od koja sto pari ne se pravat a se naogjaat vo kesi i vrekji pari ne brojani! Uste ednas sekoja cest i golem pozdrav!
Од: Jordan
Датум: 30.11.2010 13:02:09
Bravo, Nina. Nema sto da se odzeme ili dodade. Kako odgovor na nekoi od komentarite: Spic bese bez pari i 5 denari bas poradi malverzaciite na gazdata, a ne deka osobeno dobro raboti. Neplakjanje pridonesi za vrabotenite, zatajuvanje danoci i uceni od tipot: ili reklamiraj se kaj mene ili ke te ocrnam. I, mediumot i "dukjancinjata" se ispomesani zatoa sto gazdata gi ispomesal, a ne nekoj drug.
Од: Душко
Датум: 30.11.2010 13:03:50
Нова партија на политичката сцена?!! Добро смислено сценарио, со многу лоши глумци. Па мислев дека се новинари, а они сакале да бидат глумци ама веројатно при упис на ФДУ ги одбиле како антиталенти за глума. Единствената шанса ја видоа во четвртокот а себе промоција како независни глумци, мислам новинари. Е сега малку на друга тема, нели за да имаш фирма треба да имаш светлечка реклама ? Таму освен А1 не стои ниту едно друго име на фирма а камо ли пак светлечка реклама. После цела држава е крива на А1 оти зема програма од други телевизии без претходна согласност, протестира против СРД оти ги казниле за прекувремено емитување реклами, сега спремаат СЕНАРОДЕН МАРШ?!! кој го организира баш ме интересира? СДСМ викаат ние викаме дојдете ама не сме иницијатори. Па ваљда ВМРО не го организира Маршот. Ме интересира доколку има некој инцидент кој ќе ја сноси одговорноста.
Од: Aleksandra
Датум: 30.11.2010 13:06:19
Сто стапа по туѓ грб малку се!
Од: не пиеме нафта
Датум: 30.11.2010 13:07:41
Во Македонија се инсталира тоталитарен режим, а Вие се ситите на несреќата на Вашите колеги. Многу биле арогантни, така им требало, нека ги апси полиција без образложение. Со такво размислување не е ни чудо што ќе станеме европска Либија или Иран.
Од: Volan
Датум: 30.11.2010 13:13:21
Mnogu simptomaticno e sto "Nezavisnite" novinari ne objavija ni zbor za stanot i parite vo Cair. Makar i da ja kritikuvaat akcijata na policijata ili slicno.
Од: antika
Датум: 30.11.2010 13:14:06
sekoja Vi cest G-ga Nina Koga prvo ja otvoriv stranata se zaprasav koja e ovaa preubava dama a koga procitav samo ke zaklucam: aj sto ste preubava Vie ste i prepametna za ovie nasi prostori. Iskreno. Vi cestitam i Vi posakuvam mnogu uspeh vo Vasata se nadevam svetla kariera
Од: Dzokica
Датум: 30.11.2010 13:16:26
Greota za novinarite, koga ke gi sutne gazdata nikoj nema da saka da gi vraboti. Do: не пиеме нафта Tie kolegi sami si ja natovarija svojata nesrekja na vrat. Im bese ubavo koga se zamisluvaa deka se jaki faci.
Од: Специјалниот
Датум: 30.11.2010 13:22:03
Што се тоа дуќанчина? Дуќанчина се продавници кои во рацете на одреден менаџер можат да генерираат и до 1 милион евра дневно, со 2ца вработени притоа да произведе смоки со наградна игра :) одлична колумна, е ова е столбот на демократијата!
Од: уште позабеган
Датум: 30.11.2010 13:25:38
Еден забеган овде кажа дека веснициве ќе не дереле да не биле Време и Шпиц. Па лесно е да продаваш весници по 5 денари а парите да ги ставаш во најлонски кеси наместо да одат во системот, лесно е да продаваш весници за 5 денари а да ти работат робови ни евидентирани, некаде ни осигурани ни камен. Лесно е да продаваш весници за 5 денари кога имаш главен уредник Бранко (да беше арен ќе беше одговорен уредник во некој сериозен весник а не во Шпиц каде што ја прераскажува кока маските паѓаат) еден невиден манипулатор и соросоид.
Од: Blagica
Датум: 30.11.2010 13:26:41
Realen i mnogu iskren tekst....,,Otvorenata debata,, so gosti koi se menuvaa na 2 minuti, bese prosto navredlivo i potcenuvacko za intelektot na makedonskiot gledac...kako da ne znaeme koi se site tie politicki iminja i licnosti i nivnata cel za pojavuvanje vo taa ,,kriticna,, nokj....Ama dajte ve molam,pa ne sme nitu od Mars,nitu od vcera...bese prosto DEGUTANTNO...
Од: kulemk
Датум: 30.11.2010 13:29:51
BRAVOOOOOOO
Од: student
Датум: 30.11.2010 13:30:31
Dragi novinari od Utrinski, dozvolete mi da vi predlozham neshto. Zoshto ne gi ispitate osnovnite fakti za nastanot? Vo minative denovi chitame samo napisi koi izrazuvaat lichni stavovi. Po se izgleda deka vo borbata za vistinata, faktite prvi nastradale. 1. Dali policijata nekomu pokazhala sudski nalog za ogranichuvanje na dvizhenjeto vrz celata zgrada na Pero Nakov b.b.? 2. Dali i zoshto UJP pobarala pomosh od policijata? Dali nekoj, i koj, im poprechil vo rabotata ili gi napadnal inspektorite? 3. Zoshto policajcite selektivno propushtaa samo odredeni lugje, glavno politichari? Kako mozheshe da se pojavat drugi profili na lugje vo otvorenata programa, ako policijata ne gi pushtashe da vlezat? (a vidovme na televizija deka imashe mnogu lugje shto sakaa da vlezat)
Од: zoran
Датум: 30.11.2010 13:32:53
Duri i se ona sto napisavte da e sosema tocno (za sto treba da ocenat instituciite na drzavata),toa se mali argumanti za vasata blaga reakcija na udarot vrz temelot na drzavata-slobodata na javniot govor,a pod prevezot na borba protiv kriminalot.
Од: Харикири на А1
Датум: 30.11.2010 13:34:41
Се прашувам каде ли само ќе одат и колку ќе чинат на пазарот „новинарите“ на Рамковски откако ќе му се распадне империјата. Ме интересира како натаму ќе функционира извиканата „независна“ и “објективна“ телевизија А1.
Од: брамони
Датум: 30.11.2010 13:36:08
Gledam platenite "komentatori" se zapenavija da si ja izvrshat zadachata na napad i oglasuvanje so "Utrinski",. G-gjo Fidanovska, meckata ne zaigruva samo pred edna vrata, taa sheta i po drugi vrati. A vie novinarite, site zaedno, so zdruzheni sili, ne voznemiruvate sekojdnevno so razni provereni i neprovereni informacii, zatoa, pak, narodot nema da podrzhi nieden, zashto preku nokj menuvate kurs. Mozhebi vi vetile pari za reklami...
Од: Жарко,Ресен
Датум: 30.11.2010 13:40:20
Еве,гледам дека вашиот текст му се допаднал на најобјективниот коментатор Феликс и од него сте добиле едно браво.И можам да кажам дека легитимно е вашето право,со ваквите комерцијализирани текстови да привлечете што повеќе читатели,особено оние кои мислеле дека Утрински весник е најголем критизер на нивната омилена партија.Меѓутоа ве замолувам,особено да внимавате ,во таа битка да не ги изгубите оние редовни читатели,кои ве читаат од самото појавување на весников.
Од: vale
Датум: 30.11.2010 13:42:03
Секој совесен и објективен гледач ги виде новинарите од а1 кои се второкласни артисти и далеку се од новинарската фела на која си замислуваат дека припаѓаат.Полиција мораше да има кога јавно повикаа толпа луѓе за кои не се знае што инструкции ќе добијат од Велија ,а во исто време ги кријат деловните книги.Поддршка за УЈП и очекувам дека коректно ��е ја завршат работата.
Од: Георги Димитров
Датум: 30.11.2010 13:50:26
Се согласувам со коментарот на Зоран. Ако ваква полициска опсада може да и се случи на најгледаната телевизија, што станува со обичниот граѓанин? Никој веќе не смее да ја критикува власта, а судејќи според написите на "Дневник" и "Утрински", на вашите новинари веќе им е страв.
Од: gimi
Датум: 30.11.2010 13:52:50
Сум испратил многу коментари во„Утрински“ и во сите сум го критикувал авторот на прилогот и тоа што го напишал, ама еве дојде ред да прочитам текст со кој во потполност се согласувам.Секоја чест уредничке само продолжете така во интерес на објективноста и вистината.
Од: gem
Датум: 30.11.2010 13:59:51
"Независните" се нашата НАДЕЖ. :)
Од: strumica
Датум: 30.11.2010 14:08:27
Znaete sto.za CESNOSTA na Ramkovski bas i ne sum sigurna.Megutoa nikoj ama bas nikoj ne moze da go negira faktot deka na novinarite ne im bese dozvoleno da si odat deka im bese ogranicena slobodata na dvizenje i deka ne bea udostoeni so korekten odgovor od policijata zosto toa im se slucuva i sto vsusnost se slucuva.E tie argumenti draga NINA bi trebalo da ve zagrizat vas novinarite i da se solidarizirate so vasite kolegi zosto ako toa se amnestira utre moze i na vas da vi se sluci.Inaku nikoj cesen covek nema da ima nisto protiv inspekciite da si ja vrsat rabotata dokolku se bez tendencija.Niv draga moja kolku im preci kriminalot na Ramkovski tolku ima precat i novinari so,,OPEN MIND"pa taka vlasta resi so eden udar dva zajaka da udri.Neznam zosto tvojot tekst me asocira na pogovorkata,,sto stapa na tug grb se malku". se nadevam deka komentarot ke bide objaven
Од: Dosta e!
Датум: 30.11.2010 14:08:45
Во четвртокот бевме сведоци како УВИДОТ на УЈП прерасна во 1. Партиска ОКУПАЦИЈА на медиум, со бесрамна МАНИПУЛАЦИЈА и создавање на ХИСТЕРИЈА, ПАНИКА како вовед во вонинституционално УРИВАЊЕ на ДЕМОКРАТИЈАТА.... НАРОДОТ вклучително и НОВИНАРСКАТА фела НЕ НАСЕДНА. Македонија зачекори кон својата СЛОБОДА !
Од: vlade
Датум: 30.11.2010 14:13:21
delumno se soglasuvam so tekstot. Ne se soglasuvam deka novinarite treba da bidat zastiteni dzverki vo drzavata. Sekoj treba da bide ednakov pred zakonite. Eden Ivan napisa deka trebalo da se sankcionira direktorot na UJP sto pusel cigara vo sluzbeni prostorii. Se soglasuvam so nego, APSOLUTNO. No, dali isto taka za istiot prekrsok treba da se sankcionira i novinarkata na A1, koja pusi cigara na presot na SDSM. Videte na You tube... Siguren sum deka "nezavisnite" i "objektivni" novinari na A1 ke ja pustat ovaa snimka so nivnata novinarka vo vestite. Ako go storat toa, duri togas ke poveruvam deka ne se prenamagaat za nivnite covekovi prava.
Од: Vladimir
Датум: 30.11.2010 14:16:32
Retko realen tekst.Nemozam da kazam deka nemashe greshki na policijata no i krajno cirkuzantski odnos na novinarite na A1,posebno Borjan Jovanovski.Covekot smeta deka ima rabota so maloumni gledaci pa namesto novinar treba da se kandidira za glumec na godinata.Se zaprashal li nekoj zashto nivniot gazda velija ima tolku mnogu firmi so nishto razgraniceni od televizijata.Ozbilna televizijska kuca kako shto smeta A1 deka e,bi trebalo da ima poseben vlez za televizijata.Posebem kompjuterski centar izdvoen od drugi delatnosti.Portirnica i cuvarska sluzba i administracija izdvoena od przilnici na flipi i drugi delatnosti.Ta koga ke im dojde kontrila shto e normalna rabota za site firmi vo drzavata da se znae tocno kade doaga.Gazda Ramkovski namerno gi ima izmeshano loncinjata,Televizija,shtampa,pecatnica,przilnica,magacini za prehrana i drugo i sve slozeno na dvaesetina firmi.Zar ova nego gledaa novinarite na A1?Ili ne sakaa da go vidat.Ovde nekoj e lud,se nadevam ne nie gradzanite.Pozdrav.
Од: Oskar
Датум: 30.11.2010 14:20:27
Blagodarenie na nasite vrvni novinari sega znam deka nisto neznam.Ke ve prasam site vas kako narodot da se snajde vo ovaa galimatija od sosema sprotivni informacii za se i sesto Ke treba li sekoj den za sekoja informacija da gi citame site vesnici i slusame site TV-ii za da posle gi analizirame i zavzeme stav i se odnesuvame kako lojalni gragani pocituvajki go pravilnoto ili vrednoto i krtikuvajki go kriminalot, lagite. Dali vie novinarite ne treba prvi, da se oslobodite od licnite sueti i interesi, kazuvajki ja vistinata i samo vistinata. Za zal podelenosta od den na den se prodlabocuva. Zalam sto go procitav ovoj tekst, od noviot G i O Urednik na mojot vesnik.
Од: Jane
Датум: 30.11.2010 14:23:59
Zalno e ova Nina - da te branat istite koi poddrzuvaat upad vo medium zasto ne izvestuva kako sto vlasta saka.
Од: Зоки Поки
Датум: 30.11.2010 14:25:43
3 непобитни факти: 1. полицијата направи обрач околу А1 ПРЕД да се собере толпа луѓе; 2. ПРЕД да се собере толпата, кога само новинарите на А1 беа надвор, полицискиот командир пред камери рече дека никој не смее ни да влезе ни да излезе, односно колективно ги уапси сите без налог!; 3. полицијата беше таа што селективно пропушташе само опозициски политичари.
Од: goran trajkovski
Датум: 30.11.2010 14:28:32
gledam lugevo se voshiteni od tekstot na "NINA"!! a dobro zar ocekuvavte los tekst?? pogotovo od glaven urednik i toa na medium kade sto bese erol urednik, mislam jas sum protiv sve sto zastapuval i zastapuva i utrinski i erol rizaov zaedno, no nemozam nisto loso da kazam za sposobnosta na erol i na kraj cim nina go zamenila nego za urednik togas vo idnina nemojte da se cudite deka tekstovite bile "ekstra" ili "kvalitetni"
Од: venko
Датум: 30.11.2010 14:39:40
Bravo Nina, bravooooooo super e napisanoto.............sega ajde mrrrrsssshhh tie platenicite na Velija Ramkovski, ne samo novinarite, tuku i onie drugite vo tie negovite peralni na pari, nikoj veke ne im veruva! Grujo sega ako ne odi do kraj, mu nema spas, Velija ke go goltne!!!
Од: ivan
Датум: 30.11.2010 14:43:22
tesko na novinarskata fela i mediumite vo makedonija ako ovaka se solidaliziraat megu sebe koga se vo opasnost namesto da si pomognat megu sebe novinarite uste tolku se dounistuvaat no sto e tuka e kakva drzava takvi novinari i mediumi
Од: Vasko
Датум: 30.11.2010 14:45:29
Konecno! Se nadevav deka nekoj maz ke se najde konecno realno hrabro da mu plesne vekje na tie od A1 sto se pravat mutavi , kako da ne znaele sto se slucuva.Ama ne e maz, nego e zena i pol, Nina! Sekoja cest i bravo! Epa redno beshe vekje!
Од: Jagoda
Датум: 30.11.2010 14:58:44
Sekoja cest. Se soglasuvam so se sto napisavte. Nikogas ne citam besplatni vesnici - ako nekoj saka za dzabe da mi "prodade" informacija, znaci deka ima nekoj interes, a toa sigurno ne e seriozno, nezavisno novinarstvo. Slucajot so A1 pokaza deka pravnata drzava - vo zemji kako nasava - obicno vazi za neprijatelite... A problemot so novinarstvoto na A1 e sto taa mnogu cesto sluzi na interesite i presmetkite na sopstevnikot Ramkovski so politickite i delovni neprijateli. Nekoi nejzini novinari ne se ni profesionalni nitu kompetentni. Povece bi im licelo da nastapuvaat vo nekoe sou na Jerry Springer kade sto bi mozele nepreceno da go pravat ona sto najdobro go znaat: potpaluvanje niski strasti vo stil na meksikanska sapunica.
Од: Слободан
Датум: 30.11.2010 15:18:36
Се согласувам дека правната држава треба да важи подеднакво за сите... Симптоматично е тоа што толку се испаничија Рамковски и компанија за една финансиска инспекција, тоа само по себе повлекува сомнеж дека навистина нешто матно и се случува во нивната телевизија
Од: Домаќин
Датум: 30.11.2010 15:36:20
Изгледа новинарите во Ш1 ги префатила мегаломанијата на газдата... Само бараа објаснувања од службените лица, од разни институции, кој се` не... Да видам дали нормален човек може и смее така да се однесува и, на крајот на краиштата, дали нема да му биде срам.
Од: Филипчо
Датум: 30.11.2010 15:42:57
Истите тие ликови што се појавија во студиото да ја бранат А1, со години не` труеја на истата таа програма консултирани како „независни“ експерти, аналитичари итн... Змијата си ги покажа нозете.
Од: Ваш читател
Датум: 30.11.2010 15:48:40
Многу интересни беа девојчињата што припаѓаа кога никој не ги чепка. :) Како и борецот против фашизмот со спуштање телефон. Се надевам, финансиерите на неговите емисии од Брисел ќе дознаат за неговите ставови. Добро, и така тоа е ситен хонорар за него, тој си живее од надежта. :)
Од: јас
Датум: 30.11.2010 15:53:47
ЈАС сум еден од оние што ги напаѓа новинарите како вас и некој друг од Утрински,зошто не ги подржувате Новинарите ( со голема буква) од А1 ,а не како упорно тврдите Б1.Погледнете се сите вие в огледало и јасно и гласно кажете си ,барем на себеси , ДЕКА СЕ ПЛАШИТЕ ДА НЕ ВИ ПРАТАТ И ВАМ НЕКОЈА ИНСПЕКЦИЈА !!!!Бидете искрени и кажете дека фирмите на Велија немаат никаква , ама баш никаква врска со случувањата во А1.Едноставно се поклопија планетите!Дали требаше полицијата да ги спречува новинарите!? ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ!Ако тоа го стореше се’ ќе беше легално и никој,а најмалку новинарите на А1 ќе се бунеа.САМО ЗА ТОА УПОРНО ПИШУВАМ,а не за откритијата од УЈП.Тоа најмалку ме интересира.Ако некој згрешил во законот , нека одговара!!Ама да одговара и власта што онака постапуваше со Новинарите на А1.А Среќко и останатата боранија,само нека ликува при вртењето на тезите дека ете Велија е крив .ЗА А1 СЕ РАБОТИ !!! И целата бука е околу тоа .НАПАДОТ НА НОВИНАРИТЕ НА А1 !! Молам да го објавите ова!!
Од: Goran
Датум: 30.11.2010 15:55:10
Bravo Nina!!! Najdobra i najiskrena statija koja imam procitano doi sega. Se vide taa vecer kako bese orkestrirana od lugjeto na Ramkovski. I na nivnite snimki se gledase kako edna novinarka vika "Lele pustete me!" a nikoj ne ja cepkase, dodeka sama pagjase vo koma. I se vide na druga snimka kako Sekerinska dovaga nasmeana. Site citateli i gledaci znaat deka doklku komentiraat na A1 so nekakvo mislenje koe e sprotivno so nivnata ideologija, toj komentar e blokiran. Citajte gi samo nivnite vesti vo poslednite mesec dena. Sekoja novost e stavena vo negativna smisla.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 30.11.2010 16:04:36
Колку малку требало, кога за само неколку часа, 5.000 пати е прочитана статијата на новиот главен и одговорен уредник на Утрински. Читателската јавност гладна за трошка објективност, се престави онака, како што само може да се посака. Да се надеваме дека денашниот блесок не ке биде краткотраен, односно само денешен.
Од: novinar
Датум: 30.11.2010 16:06:23
do " nepieme nafta"... Po se izgleda imate problemi so vidot ili slabo slusate i definitivno piete Nafta
Од: Da_Vinci
Датум: 30.11.2010 16:13:02
Блажеска, а, се извинувам, Нинеска беше... Солидарноста е едно, а конкурентската борба на отворениот пазар(каде Шпиц е 5 денари) е друго....
Од: Kalimero
Датум: 30.11.2010 16:13:37
Pocituvana GLAVNA i ODGOVORNA UREDNICKE, morav ovaa da go pisam so golemi bukvi za da ne vi bide povredena suetata. Kaze ti mi vie kako `objektiven` novinar koja institucija vo ovaa napatena drzavicka funkcionira normalno. Molam ve samo edna pisite, kade sto nema haos, nestrucnost i partizirana institucija. Ili uste podobro odgovorete koj zakon pocituvaat ovi vlastodrsci, osven naredbite na partijata. Ma daj molim ve ne ziveete vo Danska, tuku vo napatenata MAkedonija. Pisuvajte slobodno, ako smeete za problemite na graganite, za lopovluka na ovaa vlada, za site gluposti vo ovaa drzava. Ili pak vie ke si odete po vasiot presvetol pat i ke vnimavate da ne mu brcnete vo oko na golemiot Vozd. P.S. Namerno nisto ne pisav za Ramkovski, poradi toa sto najverovatno kaj nego ima kriminal, kako i kaj ostanatite novopeceni bogatasi koj se na stranata na Pastirot. Samo da se razgranice, edno e kriminal,a drugo e demonstracija na sila vrz novinarite
Од: Kalimero
Датум: 30.11.2010 16:20:32
Manipulacii od dvete strani.Me otuja.Edniot(Velija) koristi se zivo vo zastita na svoite interesi, drugite pokazuvaat muskuli.Loso mi e veke 3 dena .Latas i Sitel -posebna prikazna.Najdobro se osekam koga gledam crtani filmovi, bidejki nasive se tretoklasni, ni crtani ni spageti.najdobar komentar imaa nekolku mladi luge so natpisot DAJTE JA DZEVRIE.Se e kazano i jasno.
Од: nekoj
Датум: 30.11.2010 16:24:15
Pak ke kazam: So vakov selsko-bunarski odnos na rekla-kazala, ne se odi napred! Vprocem i Gorcev nastapi taka vcera i vidovte sto postigna? Novinarite na A1 vo cetvrtokot bea: emocionalni, bez kontrola, i malograganci-toa vie e vo mentalitetot! Vlasta vi e katastrofa! Opozicijata isto! Drzavata STRASNO korumpirana. Nemate institucii, zakoni ne se pocituvaat-Makedonija ne e drzava! Koga ke go svatite toa ke trgnete napred. Edino tekstot na Blazevska od Dnevnik mi se dopadna. Makedoncite nemaat voopsto nikakvi vrednosti, se e na: "sega jas ke ti kazam"..Balkanci.
Од: novinar
Датум: 30.11.2010 16:43:57
Do "Jas": Da, bas gi vidov kako vo Utrinski se stresoa od inspekcija. Nemoj, ti se molam, so takvi smesni tezi.
Од: Saso
Датум: 30.11.2010 16:50:10
Настрана сета политика и препукувања, време е еднаш засекогаш да им се стави крај на пиљарите од сите бои (според начинот на работење), за да може нашава напатена земјичка да пркне. Во сите професии има „газди“ како Велија што ги експлоатираат вработените до гола коска.
Од: ilija
Датум: 30.11.2010 16:50:29
Sekoja cest Nina. Samo "Nekoj" treba i da go razbere textot. pozdrav
Од: o2
Датум: 30.11.2010 16:53:47
Ove e nesto interesno...dali vie od Utrinski konecno svative sto e A1 televizija koja vsusnost e propaganda za Velija i plukacka masina koja ima edna i edinstven cel po sekoja cena da go stiti Velija i kriminalnata tajfa....Postavete si go prasanjeto eve Utrinski vazi za opozicionen vesnik zasto vas ne ve "blokiraa" zasto vo Utrinski ne vleze inspekcija i sl......Jas samo mozam da kazam deka taa televizija i vas (novinarite od Utrinski) vi ja bruka profesijata i ve pravi vo ocite na javnosta kako platenici
Од: Роберт Струга
Датум: 30.11.2010 18:20:04
Мене навистина не ми е јасно до кое дереџе е дојдена мислата во Македонија. Мислам дека Ким Мехмети таа кобна вечер најдобро наслика што се случува во Македонија: „Сега сите ние бараме некакво логично објаснување за ова што се случува, бидејќи во спротивно ќе ја согледаме вистината дека всушност живееме во луда држава“. Ајде да прашам и потсетам за тоа „кој прв почна, и како се почна“. Вести А1, 19ч, камера пред зградата на А1, новинари кои ги молат групата неми полицајци, ДА ГИ ПУШТАТ ДА СИ ОДАТ ДОМА! Дали уредничкава има одговор на ова мое прашање? Или ќе се правиме улави?! Бугарски пасош? Море ако треба и марсовски, само што подалеку од таквите како вас.
Од: Andrej
Датум: 30.11.2010 18:58:21
Sosema se soglasuvam so ovoj tekst! Bravo za novinarkata. Dodeka Vladata na Gruevski e edna kompletno katastrofalna struktura, A1 i nivnite perjanici se samo sprotivnata strana na medalot. Toa e eden korumpiran medium, novinarite se se' osven realni o bjektivni, i toa na site im e jasno!
Од: Vesna
Датум: 30.11.2010 19:07:10
Novinari, gazda,vlada,UJP, policija i tn,itn..... Kade e tuka gledacot, narodot ? Kako se custvuvavme site nie doma sednati pred TV ekranite, voznemireni, zbuneti i, za sebe kazuvam, isplaseni? Bombardirani sekojdnevno so informacii od tipot se e mozno, so manipulacii, gluposti , odednas gledas nesto sto e mozno da se sluci kaj nas, pa ne ti se veruva, pa nesto e tuka somnitelno. Pa znaete kako se custvuva narodot ili da kazam kako jas se custvuvav. UVREDENO. Do koga ke me smetate za OVCA.? Tocno taka . Ne sme ovci, samo od nemaj kade sepak bidejki nadezta posledna umira, se nadevame deka nesto ke se sluci na podobro. Deka ke se najde Junak nad Junaci sto ke ne izvadi od ova deredze,
Од: Trpko
Датум: 30.11.2010 19:47:27
bez obzir na greshkite na vladata ( a i na site vladi dosega) ova sto izminatite 2 godini go pravi A1 e gebelsova specijalna vojna.. a i fashistite prvo bile opozicija... Itno treba da se iregulira Zakonski, steknat mediumski Monopol, ogranicuvanje na dejnosti i povrzuvanja na mediumi i stopanski subjekti, kako i limitiranje na CENA na reklamna sekunda.. vo sprotivno ke egzistira mediumski monstrum koj ja zloupotrebuva prostata masa so nekolku TV sapunici i ke gi zadushi mediumite
Од: nezavisen novinar
Датум: 30.11.2010 20:07:12
...vo odbrana na NEAZVISNOTO novinarstvo... Shto beshe toa??? Nezavisno novinarstvo???Hmmmm, prikazna li beshe od brakjata Grim ili bajka od Hans Kristijan Anderson ??? Mrsh, prodadeni dushi i kvazi intelektualci !!! Mrsh kaj svoite epten demokratski lopovi gazdi !
Од: jas
Датум: 30.11.2010 21:02:01
Odavna vo pecateni i elektronski mediumi nemalo vakov tekst na po interesot na citatelite se gleda deka i tie znaele toa da go prepoznaat
Од: Sotir
Датум: 30.11.2010 21:44:42
Ги следам сите одгласи, како во печатените, така и во електронските медиуми и да бидам искрен, вчудоневидувашки е фактот како еден настан, во секој слушај невообишаен за ова време, ако не друго, ама толку нагласено ги исфрли маските од лицето на новинарската фела. Заблуда било верувањето дека новинарот е огледало на правдата, одраз на совеста на народот. Само кога еден новинар, како оној во Куманово - ќе истепаат, фелата станува поумна, похомогена и се повикува на принципите на демократијата. А кога е повредено достоинството на стотина новинарски пера, во играсе уфрлува гладијарството-конкурентскиот менталитет, според логиката на народната ,,Да му умре козата на соседот,,. Кога новинарите на згаснатата ,,Македонија денес,, штрајкуваа, бидејќиза десет месеци сопствениците им ги забошотија платите, дури и Здружението на новинарите не мрдна со мал прст. Шеесетина новинари останаа без работа и исто толку семејства без егзистенција. И гласилата, со исклушок на Утрински и Дневник, се солид
Од: Ljupco
Датум: 30.11.2010 22:13:52
Se slozuvam so iznesenoto, megutoa imam primedba deka premnogu se zanimavate so A1 i nivniot gazda. Mislam deka ne se vredni da im se posveti tolku golemo vnimanie. Imam utisok deka vnimanieto se defokusira od vistinskite problemi vo drzavata.
Од: pete
Датум: 30.11.2010 22:26:48
Нина, многу често не сум се сложувал со тоа што сте го пишувале досега. Меѓутоа, денешниот текст е текст како што доликува на еден главен и одговорен уредник на весник. Драго ми е што единствениот весник во Македонија кој не стана булеварски и жолт оди во вистинска насока. Се надевам ќе продолжите така.
Од: Трпе
Датум: 30.11.2010 23:47:11
За Македонцките работи,секој сака да си го заштити газот.Македонче си е македонче.Иако ми ја силуват жената.Кубурот ке го чувам да ми се најде за потешки работи.За новинарските работи...............!!!!!!!
Од: Македонец пред се
Датум: 01.12.2010 00:13:08
''Утрински весник'' последниот бедем на објективното и чесно новинарство во Македонија од мене само искрени пофалби до сите вработени во весникот
Од: sovrsheno neutralen
Датум: 01.12.2010 00:56:58
Podeleni mediumi, podeleni novinara, normalno podeleni politichari, nenormalno podeleni semejstva.Ima li ushte neshto za delenje??
Од: marjan.pp
Датум: 01.12.2010 01:09:28
se izvinuvam-----ovoj vesnik e ,,vecer'' ili ,,,,,utrinski'''''''???
Од: jas
Датум: 01.12.2010 02:28:15
ete na marjan pp, mnogu mu e bitna komparacijata, a ne se zanimava so faktite i prekrasno naredenite zborovi i recenici na urednickata, BRAVO za tekstot, i jas sekogas sum bil za SE sto go pravat novinarite, no samo PROTIV onie vesti koi go zagrozuvaat drzavniot dignitet, na A1 veke ne biraat nacin kako da ja zacrnat nasata tatkovina!! rekov NASATA..
Од: n konj
Датум: 01.12.2010 03:24:49
A1, vreme, spic za samo 5(pet) denari abe ni denar ne vredite djabe vi e se
Од: afion
Датум: 01.12.2010 06:24:15
Za "krsenjeto"na pravata na mediumite: bese li prekinato emituvanjeto na A1 za vreme na pretresot,dali policijata ili UJP se mesaa vo ureduvackata politika na "mediumot" vo stiot emitirajte ova-ove ne,ima li otpusteni/pritvoreni novinari zaradi sodrzina na nekoj tekst/emisija?Za kakvo mesanje na drzavata preku policijata/UJP vo "mediumot" stanuva zbor?E,ako novinar se nasol vo domen kade policija/UJP e vo dejstvo zosto da ne bil legitimiran/zadrzen? Probajte da vlezete vo od policijata odbelezen krug vo bilo koja evropska/demokratska drzava.DA ne ste Veligdenski jajca vie novinarite?
Од: velija-za hari
Датум: 01.12.2010 08:04:37
bravo hari ! izgleda ti si neograniceno podmiten od velija sto si ostanal so toj um.Za prv pat i utrinski da objavi nesto realno .BRAVO utrinski
Од: Goran
Датум: 01.12.2010 09:02:25
Odlicen komentar Nina.
Од: Авијатичар
Датум: 01.12.2010 09:43:49
Ова е ретко да се прочита деновиве. Реален опис на настаните таа критична вечер кога многу маски паднаа и не можат повеќе да се вратат. Одличен текст,ме изненадува а воедно и радува што е во Утрински, кој досега барем важеше за исклучително опозиционо настроен и често во него можеа да се прочитаат исклучиво ставовите на едната страна, онаа на СДСМ. Кога би биле вакви текстовите на сите наши новинари, многу бргу ќе се поврати одпоодамна нарушениот дигнитет и углед на професијата новинар.
Од: MAKEDONEC
Датум: 01.12.2010 10:03:18
od kade toj hari, ili drugi kako nego znaat , koja e realnosta?na informacijata, dali a1 ili drugite se realni? trgni od sebe samiot , covek sam za sitni raboti sam se podlazuva a kamoli drugi da slusa? romanija i drugite zemji , trgnaa so ekonomijata koga najprvo ja iskorenija starata psihologija od prethodnite rezimi
Од: kavadarcanec
Датум: 01.12.2010 11:10:01
Bravo nina! Uspeaja i VAS novinarite da ve podelat,samo pricinata na ovoj narod ne mu e jasna: 1.Dali e toa objektivnosta ? 2.Dali e simpatijata sprema nekoja od partiite ? 3. Dali e interes za mediumot ili licen interes ? 4 . Najvazno od se e prasanjeto dali so vasite statii ne se prodlabocuva se poveke podelpata megju narodot ?
Од: kiro
Датум: 01.12.2010 11:12:45
Mislam deka gi ispomesaa faktite.Celava ovaa situacija im legna i na A1 i na utrinski i dnevnik.Eve zosto.Za A1 se nasuka vladata a na vesnicive oti odmana pisuvaat protiv Vreme i Spic.No edno e fakt.Ne go mesajte Velija so novinarite.Celo vreme se zboruva na TV zosto se popreceni novinarite a inspektorite neka odat kaj Velija i neka kontroliraat.Ne gi koristete malverzaciite na Velija so novinarite.

Најди! во Утрински
Насловна
Силен ветар уби студентка во Тетово
Тиквешански
Сугаревски oд затвор пак на работа во РЕК
Глобална дипломатска криза
Европа потклекна под налетот на имигрантите
Македонски писателски вредности
Струмица ќе изгради водовод во Банско
Сплавови на Вардар како на Дунав
Сидата се шири меѓу хомосексуалците
Стил
ПАП-реклама
Школа за обновливи енергии во Скопје
Падот на Владата
Италијански режисер се самоуби на 95 години
Опасен ветер за бротчето на демократијата
Реал испадна смешен покрај Барселона
Карикатура
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society