Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Мислења

Падот на Владата

Слободан Најдовски

Паѓањето на Владата е потребно да се случи заради промена на политиката која ја затвора перспективата на Македонија

Полека, но сигурно започнува падот на оваа Влада. Не само поради најавата за предвремени избори, туку и многу настани што се случуваат во последно време го навестуваат тоа. Пред се', во ВМРО-ДПМНЕ се соочени со фактот дека не можат да ги остварат основните цели што ги поставија во преродбеничката, надградена и проширена програма. Нивното главно ветување за економски просперитет и за влез во НАТО и во ЕУ, а притоа зачувување на уставното име, доживеа целосно фијаско. Нема ниту евроатлантски интеграции ниту афирмирање на уставното име. Така, наместо зацврстување на нашата меѓународна положба во врска со решавањето на спорот со името, денес сме во понеповолна положба од кога било досега. Наместо нови директни странски инвестиции, има одлевање на постојните. Бројот на сиромашните постојано се зголемува. Долга е листата која ги содржи неуспесите на Владата. Затоа се' повеќе ќе бидеме сведоци на настојувањата на Владата да се измести расправата од полето на неуспехот во остварувањето на клучните интереси на државата, во насока на фабрикувани афери, забавни за граѓаните.

Во владејачката партија се свесни за негативните состојби и затоа реакциите им се понервозни, а често пати брзоплети. Стануваат се' поагресивни кон секого што ќе ја критикува нивната политика или ќе им застане на патот, вклучувајќи ги и своите најблиски соработници. Примерот со односот спрема довчерашниот миленик на премиерот, режисерот Милчо Манчевски и настаните околу А1 се јасна порака до сите што ќе се обидат да ги изневерат, да го растурат довчерашниот брак од интерес и да ја критикуваат власта. Во прилог на навестувањето на падот на Владата е и појавата претставниците на власта полека, поединечно или во мали групи, да заземаат позиции за сопствени заветрини, личен мир и безбедна иднина - по промената на власта.

Но, се лаже секој што мисли дека промената на власта ќе оди лесно доколку навреме не се запрат некои од досегашните манифестации на практикување на власта. Владејачката партија ќе настојува да го оддолжи својот пад, притоа не бирајќи средства. Ќе применува од вообичаено препознатливите, но постои голема опасност и од примена на агресивни и недемократски средства, досега непознати кај нас. Ќе посочам само дел од постапките и методите кои во иднина ќе имаме прилика да ги гледаме.

Првите чекори за спречување на падот ќе ги прават во создавање слика кај јавноста дека оваа влада не е добра, нема резултати, но сите други што би ги замениле се полоши од нив.

Власта забрзано ќе продолжи со купување на граѓанските гласови по пат на полнење, со нови лица, на канцелариите во државната администрација, во претпријатијата и установите кои се во државна сопственост. Ќе се зајакнува политиката на злоупотреба на состојбите во кои се наоѓаат најранливите категории граѓани, при што со евтини штосови од типот на плаќање сметки за електрична енергија или помош за школарина, ќе се купуваат нивните гласови.

Власта ќе го засили дисциплинирањето, но и купувањето на медиумската наклонетост преку насочување на државните рекламирања само во медиумите за кои партискиот врв ќе оцени дека ја бранат и ја поддржуваат власта. Во овој правец, Владата ќе ја стимулира поделеноста на новинарите и поделбата на наши и ваши. Со постојано етикетирање за партиска опозициска припадност на некои медиуми и новинари, ќе настојува однапред да ги дискредитира и да го намали нивното влијание. Во иста насока ќе се продолжи и со етикетирање за партиска припадност и на македонската ��кспертска јавност и независните интелектуалци, во зависност од тоа дали изјавите се во прилог на политиката на Владата или имаат критички однос. Сето тоа ќе доведе до голема поларизација и поделба во нашето општество, а тоа ќе резултира со состојба на закочување во остварувањето на главните државни интереси.

За де се оневозможи какво било медиумско афирмирање на ставовите на опозициските партии, ќе се сатанизираат фирмите и поединците што ќе се обидат да спонзорираат дел од опозицијата или финансиски да ги помогнат нивните активности.

На Македонија и' претстои неизвесна битка за демократија, за вистина, период потежок и од периодот од првите години на трансформација на поранешниот систем. Претстои период во кој треба да се разобличи актуелната политика која не' води во ќор-сокак и нејзина промена. Должината на времето потребно за промена на власта ќе зависи од повеќе фактори. Пред се', тој период ќе биде предодреден од мобилизираноста, но и алтернативните решенија за излез од кризата кои ќе ги понудат политичките партии кои се во опозиција. Позитивно е опозицијата да покаже подготвеност да се спротивстави на притисокот од кој било вид што го применува власта. Со тоа ги охрабрува своите партиски приврзаници, но и партиски неопределените. Но, мора да биде внимателна да не наседнува на создавање впечаток дека со примена на недемократски средства и наводно предизвикување „хаос“, сака да се дограби до власта.

Убеден сум дека доколку не се вклучи македонската интелектуална елита, периодот до промената може да потрае подолго, а тоа да биде со големи негативни последици врз државата. Знаејќи го тоа, за очекување е власта да го зголеми притисокот врз интелектуалните кругови, универзитетите и слободните мислители. Затоа е потребно создавање атмосфера за ослободување од притисокот врз многу споменуваните - слободното изразување и слободата на говорот. Македонските интелектуалци со слободно изнесување на своите ставови треба да се издвојат од „толпата“ и да придонесат во дефинирање и остварување на стратегиските интереси на државата и да ги принудат политичките партии дефинитивно да се посветат на нивно остварување.

Падот на Владата не е потребен само заради персонална промена на првите луѓе што ќе седат во фотелјите на „Илинденска“ б.б.. Паѓањето на Владата е потребно да се случи заради промена на политиката која ја затвора перспективата на Македонија.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 2256 пати.

Испрати коментар

Од: мене
Датум: 30.11.2010 12:25:06
Поранешен, Сањај марела !
Од: Став
Датум: 30.11.2010 12:39:45
Со вакви колумни вие засекогаш ќе си го нос��те ова поранешен пратеник зошто не се потпишувате со вашата моментална преокупација т.е занимање или можеби како и мноштвото и вас главна преокупација и занимација ви е политиката. Па вие да бевте добри господине немаше да бидете поранешен туку вие ќе седевте на омилената Илинденска б.б. Туку заборавив крив �� оној што пред година и пол на локалните избори овозможи победа од 7 спрема 1 во корист на власта. Тој „оној“ е народот тој ќе одлучи не си придавајте вие толкава важност.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.11.2010 12:44:38
Како прво ја поздравувам желбата за падот на владата која по малку подсеќа на роденденски желби,со затворени очи посакуваш тоа што ти недостасува.Исто така е за поздравување што не се промовира насилство во барањето за смена на власта.Користам прилика да го подсетам шаховскиот чирак за насилните изјави на Шеќеринска,Петров,Фрчковски, Угриновски (ножеви,коски) на тв и во собрание.Не се флоскули туку промовирање насилие.
Од: nesto
Датум: 30.11.2010 12:44:49
Претпоставувам дека Вие ова го кажувате од лично искуство кога бевте на власт. Значи така правевте вие од СДСМ кога ја губевте власта. Навистина секоја чест за вашето признание. Јас мислев дека опозицијата ќе успее да се надмине себе си и да отвори нова страница, но за жал на чело со Бранко Црвенкоски тоа нема да се случи. Сите овие критики, типично сдсмовкси, и одат во прилог на позицијата. Јас не можам да разберам како може да критикувате за влез во ЕУ и НАТО. Ние единствено ќе влеземе во тие структури само со промена на името. Но речиси сите Македонци не го даваат името, а вие од СДСМ упорно тврдите дека треба да се влезе. Груевски го заштитуват името по секоја цена и затоа сеуште народот е и ќе бидет со него. Најдоски ти си голем човек и помисли малку што пишуваш. Со таа тактика дека Македонија е изолиана не пали финтата, и малите деца ја знаат цената а таа е премногу скапа, но очигледно или ти не разбираш или пак ти е гајле за Македонија, гледај да фатиш поудобна фотелја.
Од: забеган.
Датум: 30.11.2010 12:46:29
Не да падне него под хитно да си одат.После ВЧЕРАШНАТА брука на господинот Ѓорчев во врска со Фуере,Ја дозакопа МАКЕДОНИЈА.Тек сега ќе сватат што направиле.Ако сваќат во што се сомневам.Кај беа Новинарите од не (ЗАВИСНИТЕ) Телевизи да објават што тропал Ѓорчев.Дали истиот сметал се наоѓа во М.Парламент и може без никакви последици си тропа што сака.
Од: Kavadarcanec
Датум: 30.11.2010 12:53:53
Не е поребна нова власт, потребно е на вас некој да ви ги отвори малку очите и да разберете дека со ваквата непотребна офанзиива вие само и штетите на целата држава. Целта на ваквата опозициска пропаганда е да се искористи секој момент вие да направите се(да газите преку се) и да се вратите на власт. Само треба да разберите дека на народот му се премногу и сапуниците на телевизиите.
Од: jovan
Датум: 30.11.2010 13:04:07
Ne da padne,nego ako treba i na kloci da se izbrkaat, no..... sto potoa? Koj ke dojde?. Onie neartikulisani urlaci od pred A1 koj glumea TEPANI? Daj malku potrezveno, Drzavava e vo nezavidna polozba, i potrebni se temelni promeni. Kako trgnalo, uste malku ke nudime nekoj da bide Vlast, a ke nema koj da se nafati. Se e otideno u tri lepe.....
Од: b
Датум: 30.11.2010 13:05:29
Сепак, овој народ не заслужува ваква власт!
Од: Збогум СДСМ
Датум: 30.11.2010 13:39:39
Да бе, да падне власта за пак вие да седнете? Е нема. Има да си го изодите „мандатот“ до крај. А да даде Господ и уште многу мандати да си дочекате како опозиција. Како ли само стануваат толку паметни кога се во опозиција??? А кога се на власт - ептен ништо. Збогум!
Од: mirco
Датум: 30.11.2010 13:58:56
Zaev za premier, edinstveno resenie za spas na Makedonija. se drugo e tapkanje vo mesto.
Од: Vasko
Датум: 30.11.2010 14:14:21
Epa g-dine poraneshen pratenik, tolku vi se prozirni site kolumni i tekstovi sto gi pishuvate, sto vekje ne mora ni da gi citame, posto se te edno i isto. Ajde ednash barem kazete sto i koj ste vie, sto napravivte vie vo vremeto koga bevte na vlast? Sto ti kako pratenik koj go izglasal narodot vo toa vreme napravil za Bitola? Dali si izgradil ili renoviral nesto? Dali nekoja ulica si poplocil? Dali si izgradil uciliste?Sala nekoja?Ako go nema toa, togash ajde kazi kolku pari ja kostavte R.Makedonija duri bevte na vlast?Kolku firmi so vashiot oktopod nasilno i kriminalno privatiziravte?Kolku ljuge ostavivte na ulica i na prosjacki stap? Epa, siguren sum deka nema da mozi da go napishete seto toa vo edna kolumna, a nema da vi stigne ni tri toma "Vojna i mir" i malku ke vi se.Napravete sledno kolumna za sport nesto ili zemjodelie, ke bidete sigurno pocitani i pointeresen, posto stanavte premnogu dosadni!
Од: .Јован АН
Датум: 30.11.2010 15:30:52
Гладна кокошка , просо сонува! -Народна поговорка
Од: novinar
Датум: 30.11.2010 16:40:54
Carli !!! Prodolzi , samo sonuvaj i sonuvaj , pa ko ke se razbudis!, sigurno nema da bide minatoto sto go posakuvas.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 30.11.2010 17:25:52
Налудничавата и инфантилна власт треба да Замине!Што поскоро,тоа подобро!Не дека овој народ веднаш ќе го огрее сонце!Или,пак,дека веднаш ќе му се отворат портите кон светот!Туку еднаш засекогаш треба да му се рече Не,на оној кој го упокои Јавното Здравство,Образованието,Државата!Не,на оној чии споменици служат за лекување!Не на оној кој гради Триумфални Капии,а е глув на потребата од Инсулин,од апарати за Мамографија,за Дијализа,ЕКГ...!Не!На оној,кому му е приоритет да се прикаже како Кралот Сонце,со парите на граѓаните,со моите пари,градејќи псеудобарокен Кичерај во XXI век!Не!На оној кој ме завадува со соседите!Доста беше!Доста е!Тик,так,тик-так... Ѕвррррр...!Времето им истече!Ќе има овој народ уште многу Гуевци,уште многу Велии,Ѕинговци,Камчевци...Но ќе мора и тогаш да смогне сили да ги изгони ваквите сподоби што му ја цицаат крвта!И одново!Сè додека не создаде држава во која Правото ќе важи Подеднакво за секого и нема да зависи од Партиската обоеност!Утопија?Сонувам?!Ќе видиме!
Од: Сергеј
Датум: 30.11.2010 18:16:17
Дека оваа влада во суштина не направи ништо позитивно, најдобро се гледа во целосниот хаос во кој се најде државата, во сите сфери, а се’ направено во име на „реформи“. И да се работело за реформи или за било што друго, работите ќе се подобреа ако се поедноставеа. Со нивно усложнување, ќе се подобрат на куково лето. Има и дрга варијанта, дека се’ ова е всушност плански хаос. Како и да е, оваа влада е неспособна за ништо корисно и позитивно. Мислам дека оној ден кога владата ќе падне, во Македонија ќе биде празник. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: blaze
Датум: 30.11.2010 20:59:00
ova e realnosta sto se slucuva i vistinata koja mnogu od vmro dpmne ce gi iritira am toa e se vistina i nabrgu ce se sluci pad na vladata koja se pokaza kako samobendisana i nesposobna.kolku i da boli moi zemjaci od vmro dpmne ama ova sto e napisano vo statijata e vistina za zal i se soglasuvam so gospodin. slobodan najdoski
Од: Миле - Охрид
Датум: 30.11.2010 21:19:42
Обидот, со помош на лагите пласирани од страна на А1 телевизија, да се испровоцира насилство во Македонија не помина. Бевте поразени. Напорот да се одработи грчката агенда, преку дестабилизација на државава (од страна на домашните колаборационисти) и понатака ќе бидат неуспешни. Не поминува тезата за прифаќање на грчките шовинистички уцени, како сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија. На тој начин пзициите на легитимно избраната Влада и понатака ќе зајакнуваат. Омразата кон ваква опозиција ќе расте. Единствен спас за Македонија (а тоа не е желба колаборационистите) е појава на вистинска опозиција која уште посилно ќе застане во одбрана на името и жестоко ќе ја притиска Владата за спроведување на реформите неопходни за влез во ЕУ.
Од: SASO
Датум: 30.11.2010 22:04:28
of of of jadno sdsm so tebe ili obratno
Од: sofija
Датум: 01.12.2010 00:21:38
Za Vladata tesko da padne sega oti nema koj drug asalen da STANE!
Од: marjan.pp
Датум: 01.12.2010 01:16:16
portokali,ako ne bidete ,,obrani'' ke padnete kako gnilo ovosje
Од: cane sokolovski
Датум: 01.12.2010 01:31:56
Јас можам да сватам кога приватна телевизија, опозициски настроена, не секогаш е објективна. И дури во ваква ситуација функцијата на опозицијската ТВ е механизам за контрола на злоупотребите на власта! Од друга страна пак улогата на национална телевизија е сосема друга.Таа е јавна и нејзина најважна улога е да им служи со познати и признати методи на граѓаните на земјата. Taa e финансирана и платена од порезот на граѓаните. Дали е таква ситуацијата со нашата МТВ? Без разлика кој е прав а кој крив, Јас сум горд Македонец , начинот на кој МТВ е севилно поставена не би траела ни 2 саата како Канадска национална телевизија. Факт е дека вчера она што го гледав беше трагикомично и фарсично! Прво не земајќи ја во предвид максимата презумпција на невиност МТВ ја делегираше не докажаната кривица без јота критичност. Има снимки од програмите и секој може да ги види! Повторно ги слушаме истите стари фрази: Ама кога тие беа, знаете што правеа?! Да се вратам на нештo..-продолжение
Од: Gragjanin od Karpos
Датум: 01.12.2010 01:32:43
Kolumnata e dobra,vprocem kako isite dosegasni.Avtorot e poranesen pratenik.Dobar pratenik.Polovinata od segasnive ne mu se nitu do polovina.

Најди! во Утрински
Насловна
Самобендисаните од Б1 телевизија
Силен ветар уби студентка во Тетово
Тиквешански
Сугаревски oд затвор пак на работа во РЕК
Глобална дипломатска криза
Европа потклекна под налетот на имигрантите
Македонски писателски вредности
Струмица ќе изгради водовод во Банско
Сплавови на Вардар како на Дунав
Сидата се шири меѓу хомосексуалците
Стил
ПАП-реклама
Школа за обновливи енергии во Скопје
Италијански режисер се самоуби на 95 години
Опасен ветер за бротчето на демократијата
Реал испадна смешен покрај Барселона
Карикатура
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice