Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Сидата се шири меѓу хомосексуалците

Најпогодени се лицата на возраст од 20 до 40 години. Најмногу заразени -49 случаи има во Скопје, а 21 во Тетово

Јасмина Јовановска

Сидата се' повеќе се шири меѓу хомосексуалците. Од 12 нови случаи на ХИВ-инфекцијата што се откриени годинава, шест се хомосексуалци. Податоците покажуваат дека последните три години бројот на хомосексуалци што се заразиле со ХИВ-инфекција е зголемен за околу 30 отсто.

„Порано доминантен начин на пренесување на сида беше хетеросексуалниот начин. Но, последните години ХИВ-заразата подеднакво се пренесува и по хомо и хетеро пат“, вели епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Меѓу новозаразените има брачен пар и партнери што живеат заедно, но не се открива од каде се тие и кој на кого го пренел ХИВ-вирусот.

И натаму кај нас од сида повеќе заболуваат жените отколку мажите, за разлика од светот каде е обратно, што д-р Караџовски го објаснува со фактот дека во Македонија соодносот жени мажи е 2,5 на еден. Најпогодени се лицата на возраст од 20 до 40 години, а најмногу заразени има во Скопје, и тоа 49 случаи, како и во Тетово со 21 случај на ХИВ-инфекција. Речиси нема општина каде што нема сида, односно на 90 отсто од територијата има инфицирани лица со ХИВ-вирусот.

И годинава, како и пред пет години кога имаше 17 нови случаи, сидата бележи врв во ширењето на инфекцијата. Ако лани имало 8, годинава се 12 случаи, иако 2010 се' уште не е завршена. „Нема посебно објаснување за овие епидемиолошки пикови, зашто и претходните години бројката се движи околу 10 нови случаи“, додава Караџовски.

Тој, сепак, смета дека сега најверојатно се' повеќе се откриваат новите случаи зашто од лани се врши и теренска потрага на ХИВ-заразените. „Со мобилната лабораторија, која оди попладне на крузинг места каде што се собираат наркозависници или хомосексуалци, се прават доброволни брзи тестови за сидата“, објаснува д-р Караџовски. Од 1.400 теста годинава се откриени два нови случаја на ХИВ заразени. Колку е загарантирана дискрецијата со теренското возило, може само да се претпостави ако се знае дека на возилото е испишано советувалиште за сида.

Од почетокот на појавата на ХИВ во 1979 година во земјава се регистрирани 132 случаи. Од нив, 99 се заболени, а 33 се ХИВ позитивни. Од инфекцијата починаа 63 лица, од нив еден заболен годинава. И ако до пред антивирусната терапијата ХИВ заразените живееја до 35 години, сега нивниот век е продолжен. „Кај нас сите болни што имаат медицинска индикација примаат антивирусна терапија благодарение на петгодишната финансиска поддршка од Глобалниот фонд на ОН за сидата“, додаде д-р Караџовски.


#
Статијата е прочитана 1344 пати.

Испрати коментар

Од: Vasko
Датум: 30.11.2010 14:17:26
Ako, ako, neka se ima, pa sto e bitno! Bitno e deka e zabraneto pushenjeto vo javni prostorii, a i na otvoreno po novo, a deka e legalno da se prodava i distribuira droga, trevki i sloboden pederluk, toa e se ok. Ama pushenjeto neka e zabraneto!Sramota!
Од: RND
Датум: 30.11.2010 14:41:33
Da ne se lazeme deka e zabraneto pusenjeto. Pojdete vo Despina, Jana, Opera, itn. pa videte koga ke iskocite od tamu dali ke smrdite na cigari. BLJAK !!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Самобендисаните од Б1 телевизија
Силен ветар уби студентка во Тетово
Тиквешански
Сугаревски oд затвор пак на работа во РЕК
Глобална дипломатска криза
Европа потклекна под налетот на имигрантите
Македонски писателски вредности
Струмица ќе изгради водовод во Банско
Сплавови на Вардар како на Дунав
Стил
ПАП-реклама
Школа за обновливи енергии во Скопје
Падот на Владата
Италијански режисер се самоуби на 95 години
Опасен ветер за бротчето на демократијата
Реал испадна смешен покрај Барселона
Карикатура
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice