|
|
|
|
|
|
Мислења
Опасен ветер за бротчето на демократијата
Димитар Башевски
Дали демократијата кај нас, иако можеби се' уште само кревко бротче на слаб погон, има изгледи да исплови кон хоризонтот наспроти опасниот ветер?
Спаѓам меѓу луѓето што го доживеаја полицискиот упад во телевизијата А1 во четвртокот на 25 ноември како шок и како прашање на „живот и смрт“ на нашата демократија, како што рече режисерот Слободан Унковски таа вечер. Тој упад приближно се совпадна со одбележувањето на педесетгодишнината од работата на еден од комитетите на Меѓународниот ПЕН (светска асоцијација на писатели) - Комитетот за писатели во затвор што ја одбележа и македонскиот ПЕН-центар. Тој комитет, чија работа можев да ја следам како долгогодишен претседател и сега почесен претседател на македонскиот ПЕН-центар, работи врз основа на Повелбата на Меѓународниот ПЕН, во која цврсто се зацементирани принципите на слободата воопшто и, посебно, на слободата на говорот, на искажувањето, на пишувањето, на дејствувањето во тие рамки, на критиката на режимите, кои, на различни начини, преку оневозможувањето на институциите, колективите и посебно на поединците, ги поткопуваат тие права во име на партикуларните потреби на владеењето. Toj комитет и денес се' уште во светот има работа. Одбележувањето на педесетгодишнината на тој комитет значи и интервенцијата во А1, некако се совпаднаа. Излезе дека мечката за која зборувавме во ПЕН, заиграла и во нашиот двор!
Имено, полицискиот упад (редовна полиција плус специјалци), не може, а да не се оцени како опасна постапка на власта, како интервенција мошне индикативна во недолгата историја на македонската демократија, ако воопшто за демократија кај нас можело и може да се зборува без задршка, освен во формалната смисла. Настанот од четвртокот, 25 ноември, го потврдува тоа: наспроти Уставот, наспроти загарантираните права и слободи и спротивно на другите закони, кои по различни линии и нивоа ги потврдуваат тие права, една власт организира упад во информативна куќа и пломбира редакции, без истовремено да го презентира правниот основ за тој чекор. Се разбира, ваквите упади во демократијата не се нешто што светот не го познава, но тоа и не е некоја олеснителна околност. (Овде јас не ги имам предвид, ниту е потребно да ги имам, релациите на власта со сопственикот на А1 по други линии и во врска со некакви фирми или, пак, позициите на политичките партии од која било провиниенција. Ја имам предвид само загрозата на слободата на говорот, според се', со нелегитимната интервенцијата на влaста).
Од настанот за кој зборуваме, макар сосема скорешен и во овој момент можеби со нецелосно осветлени моменти, можат да се извлечат следните неспорни заклучоци:
1. Демократијата во Македонија, онаква каква што е, со куса историја и кревка, може да биде насилувана во секој момент од страна на една власт и само во интерес на таа власт. Се покажа дека не е за неочекување власта и утре да ги докажува своите „добри намери“ и својата „исправна политика“ со насилни средства и, во таа смисла, да биде спремна да ја користи полицијата за партикуларни цели. Впрочем, веќе имаме ситуација при што полицијата, како и судството и државната администрација, се отуѓени од народот, поставени во партиски скут;
2. Настаните уште еднаш ја покажаа длабоката поделеност на народот, предизвикана од упорната партизација што ја форсира и што ја практикува власта, но и политичките партии воопшто. Последиците од ваквата поделеност сега се огромни, а можат да бидат трагични за иднината на Македонија. Погледнете само како се одразува националното неединство во однос на прашањето со името наметнато од Грција, како таканаречената антиквизација, крената на ниво на партиска доктрина, го раскинува националното ткиво. Поделени се писателите, поделени се музичарите, поделени се селаните, поделени се работниците. И не се работи за една нормална, различна определба за една или за друга политичка опција, туку за поделба што ги поткопува самите темели на националната опстојба. А, пак, во овој случај, најиндикативно е што се поделени самите новинари на македонскиот медиумски простор. Тоа е клучниот парадокс, зашто би се очекувало дека загрозената слобода ги засега сите нив;
3. Настаните околу А1 покажаа, исто така, колку една власт, водена од луѓе, кои како поединци во животот се сигурно и умни и рационални, знае да презема акции што би можеле да бидат крајно непромислени и, дури, подолгорочно гледано, штетни и за самата таа власт;
4. Се покажа една апсолутна послушност на луѓето, кои на еден, на друг или на трет начин се врзани за власта. Имено, бевме сведоци на нивна безрезервна одбрана на упадот на полицијата во А1, без никакво оградување и нијансирање, иако не се сомневаме дека и меѓу нив има слободољубиви луѓе. Најтажно во овој контекст изгледаше однесувањето на оние двајца луѓе од инспекциските служби, што на клучното прашање дали биле држени во некој вид заложништво, очигледно исплашени за своето место, само го повторуваа пред камерата она „без коментар“. Дали да ги осудиме тие луѓе? Чиј производ е таа беда?
4. Настаните поврзани со упадот на власта со полиција во А1 покажаа и уште едно многу важно, а можеби и најважно нешто: дека еден голем број луѓе точно проценија за што станува збор, дека власта се обидува да ги потцени и да им продаде заменети тези, дека знаат да одделат што е нелегитимен атак врз слободата на печатот, на говорот, на движењето, а што е потреба од финансова контрола.
Дали ова дава надеж дека демократијата кај нас, иако можеби се' уште само „кревко бротче на слаб погон“, што би рекол Гелнер, има изгледи да исплови кон хоризонтот наспроти опасниот ветер?
(Авторот е писател) |
#
|
Статијата е прочитана 1446 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 30.11.2010 12:23:30 |
|
Нека ми биде опростено на моето незнаење ама прва пат слушам за овој писател. А тој како умен човек - писател треба да свати дека НИКОЈ не упадна во А1 тоа 100 пати беше нагласено. Тоа што потоа работата се изврте на некој сигурно му одговара. Писателе бидете коректен !! |
|
|
|
|
|
|
Од: До mene |
Датум: 30.11.2010 12:37:33 |
|
Интересна теза дека НИКОЈ не упаднал во А1. Пломбите на вратите не постојат, новинарите неќеле да си одат дома, специјалците не биле специјалци, слоновите летаат, сонцето изгрева на запад... Ако така каже (нареди) партијата, тогаш мора да е така. Е, тупко мој... |
|
|
|
|
|
|
Од: samsung |
Датум: 30.11.2010 12:47:30 |
|
Gospodine mene mise cini deka nesi pismen ili si odnegde sega ispadnat da ne recham od kade.Nesi slushnal za Bashevski. seto ova sto e napishano od negova strana poveke od tocno. ssto mislite kade beshe upadot ako ne beshe vo A1 tv.i zshto tolku policija? Navistina beshe grozno dase gleda.VoRek Bitola se ukradeni 8,5 miljoni evra i gi znaat kojse tie aramii i dosega nishyo nee prezemeno. |
|
|
|
|
|
|
Од: svetlana |
Датум: 30.11.2010 12:51:14 |
|
ne znam kako ne ste slusnale za knigoizdavackata kujka detska radost
bese vo nova makedonia
iodamna
i |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 30.11.2010 12:53:36 |
|
До мене! Велиш 100 пати нагласено. Ако е 100 пати нагласено мислиш дека тоа станува вистина. Тоа е излитен селски штос на твојте миленици од власта. Немаше пломби, немаше легитимирање, имаше слободен проток на новинари, слободен проток на улицата кај рампа, немаше специјалци. Е едно е вистина. Немаше тенкови и немаше жртви! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 30.11.2010 12:56:03 |
|
Не прочитав ништо на почитуваниот писател кој се преставува за демократ тука,за јавното заговарање на неизборно уличарско рушење на легална власт,независно дали е ваква или онаква.Неверувам да тоа му поминало незабележано но отсаството на коментар е загрижувачки за еден интелектуалец кој го споменува ПЕН.Таа асоцијација на писатели е против секакво насилие било од каде да доаѓа.Пропустот да се искоментира се надевам дека нее намерен, ако има намера би ја искривила сликата на независен интелектуалец. |
|
|
|
|
|
|
Од: Kavadarcanec |
Датум: 30.11.2010 13:20:57 |
|
Едно е само јасно писателе- со сила не терате да не им вереуваме на сопствените очи. Како да не видовме кој кого туркаше, кој глумеше полициска бруталност, како новинарите слободно се изврвчеа во студиото па дури и гости си викаа, како геровски го прашуваше борјан кои се луѓето во студиото а борјан му одговори-наши, наши се. Како хистерично ги бараа премиерот и министерката а нивниот газда ни за миг не се спомна, како луѓето "случајно" се собраа од цела Македонија и како ги наврердуваа полицајците. И сега вие заклучок 1,2,3,4 како ние не сме доволно паметни. |
|
|
|
|
|
|
Од: belomorec 3 |
Датум: 30.11.2010 14:33:44 |
|
E moj Base.Kade vide upad,vo koi prostorii na A1.Kako vlegoa site ucesnici vo debatata,vo koja falese i Ti.Dali vo prostoriite na A1 imase kompjuteri vo koi se vodelo dvojno knigovodstvo.Sto ke se slucese ako VMRO organizirase svoi simpatizeri da trgnat kon A1 ?se razbira toa go posakuvase i Ti i opozicijata.Ezatoa tamu bese polocijata,za nedaj boze.Toa e preventiva.Atoa sto ne te poznavaat mnogu jasno.Taka si ja protera karierata.Mizi butaj. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiro |
Датум: 30.11.2010 15:21:14 |
|
Evropa odamna znae deka demokratijata kaj prostite masi e opasna rabota. Zbidnuvanjata za koi stanuva zbor se uste eden dokaz koj skapo ke gi cini idnite generacii. Cudno e sto segasnite demokrati silno gi proteziraat nivnite potomci te vo skolo, na fakultet, gi zaposluvaat so vrski im kupuvaat stanovi, no za kakva idnina koja samite ja ocrnuvaat!.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 30.11.2010 15:42:11 |
|
Искусен и ценет писател,а размислува еднострано!Секому му беше јасно дека А1 е злоупотребена за да се покрие криминал и за обид за државен удар.А последиците од “падот на Груевски нема да биде демократски“(Радмила Шеќеринска)?!?Зарем да се испоколеме заради некои кои не можат да дочекаат избори на кои би излегле со програма,а не со плукање?Каде е Македонија во нивната “борба“?Отворено бараат прифаќање на фашистичките барања на јужниве!Со тоа ли ќе го придобијат Македонецот? |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 30.11.2010 16:54:05 |
|
Кога имаме власт која без усул го силува народот...Кога имаме власт која на одредени фирми им должи,со месеци,поголеми суми пари...кога многумина не п��имаат,или им доцнат придонеси,плати,пензии...кога имаме власт која е влезена во малоумен филм на умислени Величини од антиката...кога имаме власт која наликува на Нерон и урива сè што е минато,сè што било пред нив,вклучувајќи ја тука и вчерашната историја...удрена власт чиј приоритет е Споменичарење... Легитимно Право е Народот да го Прекрши Уставот и Законите и да Излезе на Бунт,на Улиците!При Силување е сосема легално да протестираш и да му кажеш Не на Лудилото!Легитимно право е на народот да му каже Не на умислениот „пастир“,кој го води кон Амбисот!Зарем мислиш Феликс,дека во В.Британија,Германија,Франција...не се забранети повиците за бунт на народот против власта?!Зарем мислиш дека ним демократијата и правата им доаѓаат самите?Или,пак,мислиш дека Слободата некој им ја носи на тацна?!Со Сласт ќе им се Придружам! |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 30.11.2010 16:58:10 |
|
G-dine Felix,pa kade ti procita,odnosno od sto izvadi zaklucok deka pisatelot ne e protiv nasilieto.
Prosto ne mi e jasno od kade go izvlece toj zaklucok.
Pa covece,kakov i da si,sepak tvoite razmisluvanja (kolku i da se sprotivni na moite),sepak povece gi cenam otkolku da receme na ovoj Od mene (takvite
voopsto ne zasluzuvaat vnimanie).Vo vcerasniot broj,vo osnova ti dadov odgovor na prasanjeto,okolu "zakanite za nasilno rusenje na legalna vlast).Ne poglednav dali e objaven ili e so
"pogresna sifra".Ovoj pat pod tekstot na Fidanoska
dvapati pisuvav komentar,pa dignav race.
(Inaku vo utrinski pominuvaat epten bezrabotnite
i upornite,kaj koi komentarot ne e kompleksen
taka sto e lesen za povtoruvanje)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: јас |
Датум: 30.11.2010 17:54:34 |
|
Џабе е господине !!! На кои шупелки ќе им тураш во тиквите ?? Тоа што и Европа го виде на ТВ , полицајци и специјалци СПРЕЧУВАА НОВИНАРИ да си ја бркаат работата и да си одат дома , овие наши портокали , како папагали повторуваат Велија вака, Велија онака..Од штабот им кажале така да коментираат , не се тие криви ( исто како двајцата инспектори "no comment")... |
|
|
|
|
|
|
Од: Deniz |
Датум: 01.12.2010 00:08:00 |
|
Do `mene`
Se gleda kolku citas i kolku si slep. Dimitar basevski e eden od bardovite na makedonskoto novinarstvo. No tebe dzabe da ti se odgovori treba da ti se crta mozebi ke razberes. |
|
|
|
|
|
|
Од: До мене и Кавадарчанец |
Датум: 01.12.2010 07:36:18 |
|
И двајцата сте во право,Новинарите не ги пуштаа полицајците да си одат дома,крвожедните новинарки ги напаѓаа беспомошните полицајци,а не беа специјалци,туку чесни сестри!ДПМНЕ тоа стопати го кажа и уште имало луќе што не им веруваат,туку им веруваат само на своите очи! |
|
|
|
|
|
|
Од: Bogomil |
Датум: 01.12.2010 09:35:26 |
|
Господине писател и новинар од едно подамнешно време - зарем не гледате дека работите се изместени до мера што земјава ја турка кон разнебитување, а народот кон уништување. Каква битанга со опаш на тилот, дојде ред во името на сите нас да зборува во Европскиот парламент - да не срами, да не обезличува. Тогаш што остана овде кога дилетанти и шарлатани седат во министерски фотелји, водат комисии, раководат со комори, здруженија. Ова што се одигра во А 1, е само маргинална пројава, државата ни е застрашена. Самоволие и дилетантизам во сите сфери. Па дури и во вашата -писателската. Имате творци со висок степен на професионален и човечки морал и силеџии-колекционери на купени или изнудени награди и признанија, безмалку секој од другиот е погенијален Балзак. Потребно е да се земе големата метла, а ако не помага, тогашм - големата секира. Да се искастри секоја суворија и гнилеж. |
|
|
|
|
|
|
|
|