Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт
Тајсон Геј и под таблети за болки најбрз на 200 метри

На гран-при митингот во Лондон два најдобри резултата во сезоната, Дибаба на 5.000 метри и Демус на 400 метри со пречки

Иако без потешкотии победи во трката на 200 метри на атлетскиот Гран при митинг во Лондон, сепак, американскиот спринтер Тајсон Геј има причини за загриженост поради проблеми со препоните.

„Не тренирав две недели бидејќи чувствувам стегање во пределот на препоните. Но, трчам и покрај болките и се обидувам да не мислам на нив. Секогаш е фрустрирачки кога нешто боли, меѓутоа што да правам, одам ден по ден. Лекарите ме советуваат дека мора да одам на операција, но тоа сега не доаѓа во предвид. Земам таблети против болки, а на операција ќе одам по светското првенство во Берлин“, порача Тајсон Геј, кој на претстојниот мундијал ќе ги брани титулите на 100 и 200 метри.

Во Лондон викендот тој победи на 200 метри со време 20,00 секунди, втор беше неговиот сонародник Валас Спирмон (20,35 сек.), третото место му припадна на Ирецот Пол Хешн (20,40 сек.).

„Не се загреав како што треба за трката, а го намалив темпото во завршницата. Да не го сторев тоа резултатот ќе беше околу 19,80 секунди“, рече Геј чии дуели на 100 и 200 метри со Усеин Болт на СП во Берлин се очекуваат со големо нетрпение.

И додека Геј трчаше на 200 метри во Лондон, Болт беше дел од штафетата на Рејсерс Трак Клуб во трката на 4х100 метри кој го оствари четвртиот резултат на сите времиња (37,46 сек.). Покрај него во останатите измени за екипата се појавија Даниел Бејли од Антигва и сонародниците на Болт, Јохан Блејк и Марио Форсајт. Второто место и' припадна на штафетата на САД (38,05 сек.), трета беше Велика Британија (38,44 сек.).

На гран при митингот во Лондон беа остварени уште два најдобри резултати во сезоната. Првиот беше на Тирунеш Дибаба од Етиопија која победи во трката на 5.000 метри со време 14:33,65 минути, вториот на Американката Лашинда Демус која на 400 метри со пречки забележа резултат од 53,65 секунди.

Резултати по дисциплини од атлетскиот Гран при митинг во Лондон

МАЖИ

200 метри: Тајсон Геј (САД) 20,00 сек.; Валас Спирмон (САД) 20,35 сек.; Пол Хешн (Република Ирска) 20,40 сек.;

400 метри: Мајкл Бингам (Велика Бр��танија) 45,03 сек.; Анџело Тејлор (САД) 45,15 сек.; Џамал Торанс (САД) 45,56 сек.;

Една милја: Бернар Лагат (САД) 3:52,71 мин.; Лионел Манзано (САД) 3:53,01 мин.; Лопез Ломонг (САД) 3:53,35 мин.;

400 метри со пречки: Кирон Клемен (САД) 48,85 сек.; Бершон Џексон (САД) 48,99 сек.; Мајкл Тинсли (САД) 49,04 сек.;

скок со стап: Стив Хукер (Австралија) 5,70 метри; Дерек Мајлс (САД) 5,70 метри; Алхаџи Јенг (Шведска) 5,55 метри;

скок во височина: Јарослав Баба (Чешка) 2,33 метри, Џермејн Мејсон (Велика Британија) 2,31 метри; Џеси Вилијамс (САД) 2,31 метри;

скок во далечина: Двајт Филипс (САД) 8,33 метри; Кристофер Томилсон (Велика Британија) 8,21 метри; Грег Рутерфорд (Велика Британија) 8,06 метри;

штафета 4х100 метри: Рејсерс Трак Клуб 37,46 сек.; САД 38,05 сек.; Велика Британија) 38,44 сек.;

ЖЕНИ

100 метри: Кармелита Џетер (САД) 10,92 сек.; Чандра Штуруп (Бахами) 11,09 сек.; Лаверн Џонс-Ферет (Девствени острови) 11,21 сек.;

1.500 метри: Ана Вилард (САД) 4:07,95 мин.; Шенон Роубери (САД) 4:08,21 мин.; Лиза Добриски (Велика Британија) 4:08,27 мин.;

5.000 метри: Тирунеш Дибаба (Етиопија) 14:33,65 мин. - најдобар резултат во сезоната; Сентајеху Ејигу (Етиопија) 14:40,00 мин.; Кимберли Смит (Холандија) 14:52,49 мин.;

100 метри со пречки: Сели МекЛилан (Австралија) 12,65 сек.; Пердита Фелисиен (Канада) 12,66 сек.; Лоло Џонс (САД) 12,71 сек.;

400 метри со пречки: Лашинда Демус (САД) 53,65 сек. - најдобар резултат во сезоната; Мелани Вокер (Јамајка) 54,55 сек.; Шина Тоста (САД) 55,31 сек.;

3.000 метри со пречки: Катаржина Ковалска (Полска) 9:34, 07 мин.; Лиза Галавиц (САД) 9:34,30 мин.; Нетсанет Ахамо (Етиопија) 9:34,31 мин.;

скок во далечина: Наиде Гомеш (Португалија) 6,99 метри; Татјана Лебедева (Русија) 6,90 метри; Ксенија Балта (Естонија) 6,85 метри;

фрлање копје: Штефи Нериус (Германија) 64,64 метри; Голди Саерс (Велика Британија) 59,82 метри; Кимберли Микл (Австралија) 59,67 метри.

 


Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва ватерполо радост на светските првенства
Потезите на Илчо Ѓорѓиоски го изнервираа Николовски
Ибрахимовиќ
Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг
Амортизер го погоди Маса во глава
Злато за Клери и за Маурер на 25 км.
Кога може Петровац, зошто не и Работнички
Пркачин го пропушта ЕП во Полска?