Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Пркачин го пропушта ЕП во Полска?

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, која се наоѓа во групата со Македонија, Израел и Грција, Никша Пркачин наредните три недели ќе ги мине во лонгета. Во пресрет на финалната серија со Задар, Пркачин не бил пратен на дополнителни прегледи, а во Цибона мислеле дека станува збор убод од инсект!

Подоцна е востановено дека се работи за рептура на тетивата, повреда која бара подолг одмор. Тоа може да претставува огромен проблем за селекторот Јасмин Репеша.

„По разговорите со лекарите дојдовме до заклучок дека Пркачин мора да носи лонгета три недели, а потоа ќе се разгледува неговата состојба. Не знаеме дали и тогаш ќе може да почне со тренинзи“, изјавија одговорните лица од репрезентацијата. Репеша смета дека овој дел од подготовките не може да се надокнади, но е подготвен да го чека капитенот до последен момент.

„Заминувањето за Полска со Пркачин или без него во составот не исто. Тој е важен дел од оваа селекција“, коментираат хрватските медиуми.



ТрипковиЌ потпиша со Хувентуд


Репрезентативецот на Србија и кошаркар на Партизан Урош Трипковиќ потпиша договор со шпанскиот Хувентуд. Трипковиќ, кој моментно се наоѓа на подготовки со репрезентацијата, има 22 години, а во Партизан мина седум и освои 13 трофеи. Пред Трипковиќ Партизан го напуштија Милено Тепиќ (Панатинаикос), Новица Величковиќ (Реал Мадрид), Стефон Лазме (Макаби), Витковац (Будуќност).


#
Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва ватерполо радост на светските првенства
Потезите на Илчо Ѓорѓиоски го изнервираа Николовски
Тајсон Геј и под таблети за болки најбрз на 200 метри
Ибрахимовиќ
Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг
Амортизер го погоди Маса во глава
Злато за Клери и за Маурер на 25 км.
Кога може Петровац, зошто не и Работнички