Амортизер го погоди Маса во глава
Бразилецот доживеа тежок инцидент во периодот меѓу втората и третата фаза од саботните квалификации. Возачот на Ферари ја имаше таа несреќа да го погоди отпаднатиот амортизер на Рубенс Барикело в глава. Амортизерот заврши на левата страна на кацигата, по што Маса ја загуби контролата над болидот кој заврши во заштитната гумена ограда. Медицинската екипа брзо реагираше, Бразилиецот итно, со хеликоптер, беше префрлен во клиниката во Будимпешта, а заработи скршеница на черепот и потрес на мозокот, поради што мораше да биде опериран. Од тимот на Ферари соопштија дека неговата состојба е стабилна, но дека е под седативи и дека чувствува болки. Веднаш по квалификациите, Рубенс Барикело го посети Маса во болницата.
„Беше потполно зашеметен. Беше свесен, зборуваше, но мораше да остане во болница на понатамошни анализи. Ги мрдаше и рацете и нозете, меѓутоа, мораа да го успијат затоа што се заморуваше додека зборуваше“, изјави Барикело.
Скандалот на квалификациите во Хунгароринг на крајот го надополни и електорниката која пред крајот на третиот циклус комплетно откажа. На крајот дојде до комични сцени затоа што возачите немаа претстава кој од која позиција ќе тргне во вчерашната трка.
|