Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Прва ватерполо радост на светските првенства

Македонија подобра од Казахстан со 11:4 во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место, против Бразил во борба за 13 позиција

Сашко Ѓ. Димовски



Македонската ватерполо репрезентација, конечно, ја оствари премиерната победа на Светските првенства. По трите порази во групната фаза на мундијалот во Рим од Романија, САД и Италија, нашите ватерполисти триумфираа над Казахстан со 11:4 (по четвртини: 3:1, 4:2, 1:0, 3:1) во меч од разигрувањето за пласман од 13 до 16 место. Во битката за 13 позиција Македонија ќе игра против Бразил, селекција која претходно славеше над Јужна Африка со 8:7.

Казахстан го одработивме рутински, ја оправдавме фаворитската улога и во ниту еден момент не дозволивме да ја доведеме во прашање победата. Од почеток до крај ја имавме контролата врз играта, резултатот и противникот, со играч повеќе упативме 9 удари, пет завршија во целта. Со серија од 4:0 обезбедивме плус четири (5:1, 6:2) во втората половина на првиот период и почетокот на вториот, во третата и последната четвртина имавме шест гола предност во два наврата (9:3, 10:4), а до крајот уште еднаш ја погодивме противничката мрежа, а ја сочувавме нашата, за конечните 11:4. Душан Крстиќ беше најефикасен Македонец во базенот со 5 гола, Милиќ постигна 4, Мичиќ и Башиќ погодија по еднаш, прв противнички стрелец беше Андрејев со 2 погодока, Рудај и Манафов ни' дадоа по еден.

Во петокот загубивме од Италија со 12:5 (по четвртини: 3:2, 3:0, 3:3, 3:0) во меч од последното трето коло во групата Д со што домаќинот на СП 2009 обезбеди место во осминафиналето на машкиот ватерполо турнир. Најпрецизен наш играч во тој меч беше Небојша Милиќ со 3 гола, по толку за Италија постигнаа Валентино Гало и Горан Фиорентини.

Претходно во Д конкуренција загубивме од Романија со 6:4 на стартот на мундијалот и од репрезентацијата на САД со 13:6 во второто коло.

Македонија - Казахстан 11:4



По четвртини: 3:1, 4:2, 1:0, 3:1). Спортски комплекс: „Форо Италико“ во Рим. Гледачи: 250. Судии: Улрих Шпигел од Германија и Игор Мерненко (Узбекистан). Исклучувања: Македонија - 9, Казахстан - 11.

Македонија: Перчиниќ, Урошевиќ, Белев (0/1), Вуксановиќ (0/2), Димовски (0/1), Милиќ 4 (4/7), Стојчев, Мичиќ 1 (1/4), Кречковиќ (0/4), Крстиќ 5 (5/5), Башиќ 1 (1/3), Петровиќ, Бениќ. Селектор: Стеван Нонковиќ.

Казахстан: Анисимов, Демченко, Шмидер, Гајдуков, Горовој, Шакенов, Андрејев, Пинипенко, Кокорин, Укуманов, Рудај, Манафов, Темрканов. Селектор: Сергеј Дроздов.

 


#
Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Потезите на Илчо Ѓорѓиоски го изнервираа Николовски
Тајсон Геј и под таблети за болки најбрз на 200 метри
Ибрахимовиќ
Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг
Амортизер го погоди Маса во глава
Злато за Клери и за Маурер на 25 км.
Кога може Петровац, зошто не и Работнички
Пркачин го пропушта ЕП во Полска?