Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Кога може Петровац, зошто не и Работнички


Сашко Ѓ. Димовски


Кога можеше Петровац да излезе на крај со Анортозис, Карабак со Розенборг, Севојно со Каунас, сараевска Славија со Алборг, зошто да не може и нашиот Работнички во двомечот со Одензе во третото квалификациско коло за Лига Европа. Спортски е да се надеваме во тоа, спортски е да се надеваат во тоа и фудбалерите и стручниот штаб на дебармаалци, тоа никој не може да им го одземе. Работнички ја навикна јавноста на добри партии на меѓународната сцена, прерасна во наш бренд, новото раководство на тимот на чело со Драган Поповски успеа да обезбеди континуитет во работата, игрите, резултатите, организациската поставеност и финансиската стабилност во клубот од времето на Трифун Костовски што несомнено е за почит.

Во последните 10 меча во Европа „романтичарите“ имаат само еден пораз и тоа минимален (1:0). Го доживеаја на „Рибок“ стадионот од Болтон во реваншот од третото квалификациско коло за Куп УЕФА во 2007 година (дуелот со англискиот премиерлигаш во Скопје заврши без победник - 1:1). Претходно во истото натпреварување забележаа две победи над словенечка Горица (2:1/2:1), реми и победа над Зрињски (0:0 во Скопје, 2:1 во Мостар), лани во квалификациите за ЛШ беа елиминирани од Интер Баку, но не загубија во двомечот. Одиграа 0:0 во Азербејџан, 1:1 на „Филип Втори“ арената и токму со тој гол во гости противникот продолжи во Европа. Работнички долго се задржа на евро-сцената и во 2006 година. Во квалификациите за ЛШ мина две кола, го елиминира Диделанж од Лускембург (1:0 на гости, 0:0 дома) во првото, Дебрецин во второто (1:1 во Унгарија, 4:1 во Скопје). На патот кон групите нашиот тим беше пресретнат од Лил и двапати поразен (0:3, 0:2). Кон овие треба да се додадат и двата меча со Крусејдерс во кои дебармаалци исто така не загубија (1:1 во Белфаст, 4:2 во Скопје).

Во четврток на „Филип Втори“ во Скопје претстои првиот сериозен тест за европските амбиции на Работнички, тим кој без дилема е најголем кандидат за шампионската титула во новото издание на домашното фудбалско првенство што стартува на први август. Дебармаалци знаат, дебамаалци можат. Го покажаа и докажаа тоа во минатото. Имаат квалитетен состав кој може успешно да одговори на данскиот предизвик. Единствениот императив е да се покаже добра игра. Ако се стори тоа ќе дојде и резултат. Императив во тој поглед (резултатски) не е потребен бидејќи може да биде контрапродуктивен. Затоа сите треба да бидеме со и за фудбалерите на Зоран Стратев, да ги поддржиме во обидот за уште една, нова, достојна презентација на македонскиот фудбал надвор од границите на нашата земја. Успехот против Одензе ќе биде мелем на тешките рани задобиени ��д годинашниов настап на тимовите од Македонија на евро-сцената.


#
Статијата е прочитана 735 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва ватерполо радост на светските првенства
Потезите на Илчо Ѓорѓиоски го изнервираа Николовски
Тајсон Геј и под таблети за болки најбрз на 200 метри
Ибрахимовиќ
Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг
Амортизер го погоди Маса во глава
Злато за Клери и за Маурер на 25 км.
Пркачин го пропушта ЕП во Полска?