Број 2868  понеделник, 22 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Правни замки оставија мајка и ќерка на улица

 

Скопјанката Марија Димовска тврди дека со измама останала и без пари и без стан

Гордана Дувњак

Луѓето кои никогаш немале работа со суд честопати не можат да ги разберат повиците за реформи во судството, за корумпирано судство, за задоцнета правда, за зависно судство. Кога ќе влезете во судските лавиринти и на своја кожа ќе почувствувате како функционира правната држава и кога може да го изгубите сопствениот дом низ правни замки, само тогаш може да стане појасно каков е патот на правдата во Македонија.

Самохрана мајка, која живее заедно со својата ќерка, го изгубила станот каде што живеела цели 17 години по долгогодишен судски спор, кој е окончан неодамна. Скопјанката Марија Димовска, која од 6 ноември живее со ќерката како потстанар, затоа што морала да се исели од домот поради извршувањето на судската пресуда, тврди дека е жртва на измама, бидејќи останала и без пари и без стан. Двете жени обвинуваат дека судиите не зеле предвид ниту еден од нивните докази што ги приложиле, а се сомневаат и во непристрасноста на делителите на правда, бидејќи сегашниот сопственик е зет за ќерка на актуелен член на Судскиот совет и долгогодишен судија.

Сепак, тие не се откажуваат од натамошната правна битка и се надеваат дека со помош на последното правно средство - ревизијата, Врховниот суд конечно ќе ги согледа нивните аргументи и ќе им го врати станот. Доколку не се случи тоа, двете жени најавуваат дека правдата ќе ја бараат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Румен Давков, пак, кој е еден од косопствениците во фирмата „Б.М. партнер“, која во 1994 година решила да и' го продаде станот на Димовска, а кој по заминувањето на фирмата во стечај и завршувањето на судскиот процес е нов сопственик на спорниот стан, има сосема различна приказна од претходната. Тој тврди дека по три години живеење во станот, решиле да и' го продадат на Димоска, склучиле купопродажбен договор, но следниот ден, кога провериле, виделе дека на жиро-сметката не се уплатени парите. Тој нема одговор зошто, и покрај тој факт, Димовска останала да живее во станот, а една година подоцна самата поднела тужба за утврдување на сопственоста.

„Едно не можам да разберам, како можевме да останеме без стан, ако имаме договор со потпис и печат од продавачот, во кој се вели дека сумата од тогашните 922.000 денари е исплатена во целост“, вели С.Д., ќерка на жената која на 4 јануари 1994 година го склучила купопродажбениот договор. Таа признава дека договорот не е судски заверен, но само затоа што во тоа време продавачот ги немал подготвено потребните документи за заверка на потписите пред Основниот суд Скопје 2.

„Во тоа време јас бев малолетна, но добро се сеќавам дека мајка ми постојано се интересираше и прашуваше кога ќе го потпишеме договорот. Добивавме одговор од Давков дека нема зошто да се грижиме, бидејќи нема каде да избега. Да биде трагедијата уште поголема, станува збор за два стана еден до друг. Станот на сегашниот сопственик е веднаш до нашиот, со иста квадратура. Кога одеше во странство, г. Давков го оставаше клучот од својот стан кај нас. Не ни паѓаше ни на крај на памет дека може да ни се случи ова“, раскажува разочарано С.Д.

Верзијата на Давков е сосема поинаква. Вели дека од хумани причини и по сугестија на свои деловни партнери им дозволил на мајката и на ќерката да живеат во станот.

„Се согласивме да и' го продадеме станот на Димовска, но наредниот ден увидовме дека не е испочитуван договорот“, вели Давков. Тој потврдува дека под купопродажбениот договор стои неговиот потпис, но додава дека не бил запознат со неговата содржина, во која стои и клаузулата дека странките се откажуваат од раскинување на договорот по која било основа, како во поглед на плаќањето на цената така и околу предавањето на станот.

„Купувачот го составуваше договорот и не знам што било напишано во него“, изјавува Давков. Тој вели во судскиот процес било докажано дека станот не е платен и оти неговиот поранешен партнер Бруно Капетановиќ, кој живее во Холандија, по налог на судот, дал писмена изјава во амбасада дека никогаш не примил пари од Димовска за купување на станот.

„Да беше навистина платен станот, зошто Димовска би барала во судска постапка стекнување сопственост по основа на одржување на станот како ’совесен и законит владетел‘“, заклучува Давков и додава дека другата странка доброволно се иселила од станот во моментот кога била донесена второстепената пресуда.

„Доброволно се иселивме, не поради тоа што мислевме дека правдата не е на наша страна, туку за да ги избегнеме дополнителните трауми, со полициска интервенција и извршители. Најмногу од се' се грижам за мајка ми, која има нарушено здравје, зашто од моментот кога останавме на улица, таа е емотивно скршена“, појаснува ќерката на Димовска.

„Останавме и без стан и без пари. Последниот месец преживувавме вистинска голгота, затоа што го изгубивме единственото нешто што го поседувавме и што требаше да ми остане во наследство. Има толку многу нелогичности во судскиот процес што ни остава простор за сомневање дека некои работи не се случајни, особено затоа што споменатиот господин е зет на судијката Мируше Еленовска“, вели С.Д.

За Давков, целиот случај е кристално чист, што се докажало и од судската разврска. Негира дека мајката на неговата сопруга имала какво било влијание во добивањето на станот. Тоа го тврди и г-ѓа Еленовска, која вели дека и да сакала, не можела да влијае на своите колеги.

„Не се откажуваме од битката за станот, зашто ништо друго не ни преостанува“, подвлекува ќерката на Марија Димовска, која вели дека сака да верува во правната држава и во непристрасноста на Врховниот суд.

Румен Давков, пак, уверен е дека во конкретниот случај нема да има работа за највисокиот суд во државата. „Тужителката има наведено дека вредноста на станот изнесува 40.000 денари, а во такви случаи ревизијата не е дозволена“, додава Давков.


Статијата е прочитана 1227 пати.

Испрати коментар

Од: valentina
Датум: 22.12.2008 10:12:13
Klasicen primer za zloupotreba na funkcija od strana na clen na sudski sovet vo sprega so izbran prvostepen i vtorostepen sudija kaj koj predmetot e namesten. Poradi nemanje na pravo za revizija predmetite so mala vrednost se najcesta meta na korupcija, pa spored izjavata na izmamnikot toj e sreken sto predmetot e so mala vrednost, i posledna instanca e Apelacioniot sud. Sudskiot sovet treba da go razgleda predmetot, a zenata da se obrati do Naroden pravobranitel i Helsinski komitet poradi krsenje na covekovi prava.
Од: petar
Датум: 22.12.2008 11:57:15
PRODOLZUVA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Se sto e moe e moe i se sto e tujgo e moe
Од: kiro USA
Датум: 22.12.2008 13:28:41
abe Skopjani dobivte besplatni stanovi od socijalizmot ,Nego zal za vakvi slucaevi kade so mafijasite vo sudovite treba da se postapuva na drug nacin. pozdrav muftadzii

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Големи апетити за директор на Пулмологија
„Млади инфо“ - нов информативен портал за млади
Македонските убавини на рускa ТВ
Сирачињата по 18. година ќе добиваат по 3.000 евра
Соларни светилки во Гостивар
Модерен изглед на тетовскиот плоштад
Нови бесплатни Интернет - клубови