Нови бесплатни Интернет - клубови
Владата ќе отвора нови бесплатни Интернет-клубови во 15 града во земјава со цел да ги приближи информатичките, информативни и Интернет-технологии до граѓаните. За нив се обезбедени буџетски средства во висина од 20 милиони денари на годишно ниво за првичната инвестиција, за функционирањето, одржувањето, опремата и платите за вработените. Постапката за отворање на клубовите започнува веднаш, а се очекува, по завршувањето на сите тендерски постапки за набавка на опремата и Интернет- конекцијата, во наредните три месеци да почне да се инсталира опремата во нив.
Според министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, одлуката за отворање на новите 15 бесплатни Интернет-клубови е донесена по направената анализа за функционирањето на претходно отворените во 15 други града, која покажала голема заинтересираност и посетеност од граѓаните. Новите клубови ќе бидат отворени во Велес, Струмица, Дебар, Пробиштип, Берово, Македонски Брод, Свети Николе, Радовиш, Кратово, Делчево, Валандово, Штип, Крушево, Струга и Виница. (МИА) |