Број 2868  понеделник, 22 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Македонските убавини на рускa ТВ

Руската ТВ екипа пленета од архитектурата на Галичник

Киро Кипроски

ГОСТИВАР - Серија репортажи за убавините на Македонија, за обичаите, традициите и за менталитетот на жителите на нашата држава ќе бидат емитувани во почетокот на идната година на каналот на НТВ - руска телевизија. Оваа ТВ-куќа е втора по гледаност во Русија, со над 130.000.000 гледачи, а преку сателитскиот канал програмата се гледа и во Америка, Израел, Канада, Европа, Азија и во Австралија.

„Пет дена сме во Македонија и имавме можност да го разгледаме Скопје со неговите културно-историски знаменитости: Калето, Старата чаршија, Матка, ’Пантелејмон‘, повеќе музеи и галерии“. Вака го почна разговорот Димитриј Воздвиженскиј, новинар кој ги подготвува репортажите за емисијата „Нивниот менталитет“.

Екипата го посети Галичник, објаснува Воздвиженскиј, која беше пленета со местоположбата, невообичаената архитектура и подреденоста на куќите на брдата. За снимателот Александар Добрижинскиј планината Бистра е извонредна за снимање филмови и спотови од сите жанрови.

Вкусот на галичкиот кашкавал и на галичкото овчо бело сирење се неповторливи. Токму тоа е еден од поводите што идното лето, кога овците ќе бидат на планините и ќе бидат отворени бачилата, Русите ќе дојдат да реализираат посебна емисија за начинот на производство на овие млечни производи.

ТВ-екипата на НТВ каналот планирала само на минување да го посети манастирот „Св. Јован Бигорски“. Но, тука остана повеќе од два часа снимајќи ги конаците, манастирската црква, галеријата, а посебно ги фасцинира иконостасот на црквата „Св. Јован Бигорски“, со фреските и иконите.

При посетата на Охрид, на чаршијата, разговорите со занаетчиите кои го пренесуваат знаењето од колено на колено, сфативме зошто езерото го нарекуваат бисер балкански, со задоволство зборува Воздвиженски. Тој ги споменува средбите со копаничарите и со фамилијата на Талеви, која ги произведува оригиналните охридски бисери. Посебен впечаток им оставило производството на хартија со Гутенберговата преса, што е реткост во светот. Руската ТВ-екипа во струшкото село Радожда ја вкуси прекрасната охридска пастрмка, а при посетата на винарската визба „Eленов“ се напија и од македонските вина.

Снимателот Добриженскиј е презадоволен од се' што видел и снимил со камерата. Прв пат е во Македонија, но нема да му биде и последен. „Идната година повторно ќе дојдам“, најави тој. „Заедно со локалниот партнер ТА ’Пет‘ од Скопје ќе реализираме посебни документарни емисии за атрактивната манифестација ’Галичка свадба‘, за Струмичкиот карневал, за ’Охридско лето‘ и за други манифестации и убавини на Македонија“.


Статијата е прочитана 1203 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonka
Датум: 22.12.2008 08:53:23
Ni bea potrebni ruski novinari da dojdat za da gi promoviraa ubavinite na Makedonija, zosto nie ,, kutrite,, ne sme sposobni za toa , osven politika so drugo ne se zanimva ovaa nacija !!!
Од: Seki
Датум: 22.12.2008 08:56:53
Браво за Та,,Пет,,,треба да се искористи секој можен начин за презентација на македонските убавини.макед,народ е секогаш гостопримлив со гостите па бујрум донесете што повеќе гости !

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Големи апетити за директор на Пулмологија
„Млади инфо“ - нов информативен портал за млади
Правни замки оставија мајка и ќерка на улица
Сирачињата по 18. година ќе добиваат по 3.000 евра
Соларни светилки во Гостивар
Модерен изглед на тетовскиот плоштад
Нови бесплатни Интернет - клубови