Број 2868  понеделник, 22 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Големи апетити за директор на Пулмологија

Многу луѓе влегоа во трка да станат директор на Клиниката за пулмологија откако в.д. директорката Деска Димитриевска доби решение за разрешување поради вмешаност во скандалот со спонзорски средства наменети за конгрес, кои незаконски биле поделени меѓу лекарите меѓу кои таа.

За утре министерот за здравство Бујар Османи најави дека треба да ги именува директорите на десетина клиники. Како што се ближи тајмингот за именување, така се разгоруваат притисоците во партиите на власт кој да се намести на директорската фотелја на Пулмологија.

Во јавноста се вртат повеќе имиња, а на конкурсот за директор на оваа клиника, како што дознаваме неофицијално, се пријавиле д-р Генцијана Стевчевска и д-р Бисерка Ќаева. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува да го задржи ова директорско место откако не успеа од разрешување да ја спаси д-р Димитриевска. Како што велат извори во ВМРО-ДПМНЕ, се притиска за директор да се постави д-р Марија Здравеска, претседател на Управниот одбор на Клиниката за пулмологија.

Со амин на претседателот на УО, како што велат неофицијални извори, била одобрена и одлуката за поделба на спонзорските средства. Правни експерти велат дека не може некој што е вмешан во незаконски дејства да биде директор на јавна установа. Дотолку повеќе, велат професори од Правниот факултет, што не може за едно исто кривично дело да има два аршина - виновна да е директорката, а не и претседателот на Управниот одбор кој ја визирал одлуката.

За другите клиники, најверојатно, веќе е дефинирано како ќе се поделат директорските места, иако никој не исклучува дека во последен момент се можни и изненадувања. (J.J.)


#
Статијата е прочитана 892 пати.

Испрати коментар

Од: petar
Датум: 22.12.2008 11:53:07
Vo prostor kade sto ima mnogu mrsojadci apetitite se se* pogolemi i koga vidoja deka se vrti golema para se nafrlija koj da dojde prv do plenot. Kazete koj ke go krene zdravstvoto na noze a dodeka vaka razmisluvate znaeme deka ke umreme a nema da vidime napredok .Zarem nekoj nee sposoben da unisti gi ima premnogu dajte nekoj sto ke lekuva pa makar i ZDRAVSTVOTO.
Од: Jove
Датум: 22.12.2008 18:53:24
Boga da cuva i brani. Kakva e ovaa drzava kade lekari od politicki partii se postavuvaat. Da li ima bilo kade vo Evropa ili na zapad vakvo nesto slicno?

Најди! во Утрински
Македонија
Правни замки оставија мајка и ќерка на улица
„Млади инфо“ - нов информативен портал за млади
Македонските убавини на рускa ТВ
Сирачињата по 18. година ќе добиваат по 3.000 евра
Соларни светилки во Гостивар
Модерен изглед на тетовскиот плоштад
Нови бесплатни Интернет - клубови