Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Кампањата почна

Билјана Ангеловска

Централната власт стартуваше со кампањата за локални избори. И тоа директно во Скопје. Почна отворено да се меша во работата на градоначалникот. Преку својот човек од градската администрација, Владата ги ангажираше скопските јавни претпријатија да се вклучат во акцијата за чистење на коритото на Вардар. Чистењето на Вардар, секако, е потег за поздравување. Но, притоа Владата „заборави“ да го извести Трифун Костовски дека ќе го чисти Вардар во Скопје со помош на градските претпријатија. Тоа го навреди градоначалникот.

Костовски нема право да се лути ако некој сака да помогне градот да биде поубав и почист. Но, секако, треба да реагира кога некој прави нешто во „неговиот двор“, без тој претходно да биде запознат за тоа. Едно е каков градоначалник е Костовски и што направи тој за овие три години. Тоа го гледаат и го оценуваат граѓаните. Но, сосем друго е што и колку можеше да направи, со оглед на ингеренциите што ги има.

Намерно, или не, факт е дека тој е оставен надвор од оваа благородна акција, наместо таа да биде спроведена со заеднички сили. Дали е грешката во комуникацијата или, пак, свесно е прескокнат и контактите се правени директно со неговите потчинети, сега веќе и не е толку важно. Јасно е само дека на Костовски ќе му биде се' потешко успешно да го истера до крај градоначалничкиот мандат. По ова и по поведената постапка пред Уставен суд за измените на ДУП „Мал ринг“, со што тој отворено и' се спротивстави на Владата да гради црква на плоштадот, Костовски во иднина ќе мора да смета само на својот инстинкт за бизнис, доколку сака да стори нешто повеќе за граѓаните. Од Владата, најверојатно, ќе добива само нови сопки. Таа сигурно ќе инвестира во свои проекти и ќе реализира свои идеи. Изборите треба да се
добијат.


Статијата е прочитана 1123 пати.

Испрати коментар

Од: Учител
Датум: 02.09.2008 08:09:55
Кампањата е многу посурова. Еве на пример во општина АЕРОДРОМ партискиот моќник на ВМРО-ДПМНЕ, петседателот на ОК Горан и шоферот Мац испраќаат партиски списоци за работа во основните училишта. Нема критериуми, нема конкурс, како да се бираат АМАЛИ, а не учители. Истовремено луѓето кои не се по воља на овие ЛОКАЛНИ ПАРТИСКИ МОЌНИЦИ иако имаат положено државен испит остануваат на улица. Се разбира тоа е со амин на дилетантот ПЕРО СТОЈАНОВСКИ, кој Груевски ни малку, ни повеќе го назначи за министер за образование. Е мој народе, овие СУРОВИ ДИЛЕТАНТИ ви се иднинаната на државата, тие ја кројат иднината на вашите деца. Се разбира, тие прават и добро, отвораат СЕЛСКИ РАБОТНИ ЗАДРУГИ кои милуваат да ги наречат факултети. Нека ви е на здравје, вашите пари и понатаму ќе се трошат за лечење на фрустрации на партиските неизживеани војници. Навикнавме, тоа се случува веќе 18 години. ДЕМОКРИТ во денешно време би рекол: СЕ ТЕЧЕ НИШТО НЕ СЕ МЕНУВА.
Од: Sirius
Датум: 02.09.2008 09:07:20
Kampanjata nikogas ne ni prestanuva! Se razbira toa vazi samo za vredni i posveteni politicari koi mu mislat i rabotat za dobroto na svojot narod. Se razbira deka toa e nerazbirlivo za ludje koi nisto ne storile za drugite vo zivotot, osven sto go polnele svojot sopstven djeb.
Од: veles
Датум: 02.09.2008 09:57:26
epa ucitelu dobro dojde vo klubot.Vo nasiot grad odamna bandata na SDSM i LDP e napikana vo skolite,a drugite kvalitetni kadri nemaat ni pristap do dvorot na ucilistata,a ne pa da pomislat da rabotat tamu.Se nadevam deka ke dojde krajot, na nivnata era.
Од: jas
Датум: 02.09.2008 10:58:27
E aj Bibe pisi nesto i za kampanjata na "nasiot "ni pretsedatel BC!
Од: marta
Датум: 02.09.2008 11:56:08
Sirius, kade zivees. VMROVCI se makedonci, dostojni da ziveat vo ovaa drzava? Se ostanato da crkne. Kolku da vi izgleda slatko ova bezredie i vas ke ve zdoboli zasto pazarot e za site ist. Mizi kolku sakas ama na prvi sandaceto ti se polni so smetki. Naskoro nema da ti bide bleskao kako sto se nadevas.
Од: sashko
Датум: 02.09.2008 12:58:25
shto iznapisha novinarkava shto li e zhiti se.pa zarem ima gradonachalnik vo Skopje?hahahaha pa zavrshija mlada damo izborite i sdsm katastrofalno izgubi.na slednive lokakni kje bide ushte pokatastrofalno za sdsm.ne ti kazhaa li tvoite rabotodavachi.bre vam od sdsm vi prechi i ako nekoj raboti i chisti i shto li ne .se vi e potaman samo koga b.c so drugarite e na vlast.eeeeee gorov e mu svrshija lagite.i namesto da se izvinite na gragjanite i chitatelite shto gi utnavte prognozite i analizite za poslednite parlamentarni izbori vie ushte ne lazhete.uporno.demek ne plukate a velite deka vrni.navistina greovi ste.
Од: Marina
Датум: 02.09.2008 13:23:50
Vie novinarite imate selektivna memorija ili na pola gi gledate nastanite, ili toa shto vi dirigiraat go rabotite; pa prvo videte shto pravi pretsedatelot na nashata drzava.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Санкции спрема Русија не се одговор
АМСМ доби лиценца за обука за возачи
Зденко
Животот во Дојран се враќа во нормала
Едиторијал
Заев ќе го води СДСМ до доаѓањето на Црвенковски
Европските лидери се откажаа од идејата за санкции спрема Русија
Ураганот „Густав“ му ги расипа плановите на Мекејн
Гладните затвореници од „Идризово“ на инфузија
Руска шок-терапија
Трифун Костовски се повлече од ракометот
Камилите на Александар
Скулптура на Мајка Тереза ќе му биде подарена на Рим
Вербатим
Инфлацијата за август 8,6 отсто - место за радост нема

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.