Го посакуваме американскиот меч - да се прекине злоупотребата на народните чувства во функција на мизерните културно-политички олигархии
Ако имаме среќа, наскоро Американците (како деус екс махина, пред комедијава да стане трагедија) ќе го пресечат Гордиевиот јазол во кој до перверзија се вплеткани грчко-македонските идентитетски фрустрации. Улогата на „дух од машина“ сосема и' прилега на американската политичка практичност, но едновремено укажува и на тоа во чии раце денес се наоѓа „мечот на Александар“. Веројатно само удар на меч може конечно склоноста на двете антагонизирани култури кон (тоталитарна) национална хомогенизација да ја преобрази во (утилитарно) меѓусебно поднесување, т.е. подесување на балканските мери кон европските.
Оти, вака, како што хипертрофира (во ентропија) националната самосвест, дотолку атрофираат свеста и разумот. Македонија, во случајов, е дури позагрижувачки случај и од Грција, зашто нејзиното раководство (а, за жал, следствено, и голем дел од граѓаните) дополнително го пумпа и онака прекумерниот (просто ендемски) балкански фанатичен ирационализам. Колку повеќе паѓаме и заостануваме дури и во регионалните поврзувања, толку повеќе се велича неспоредливата и прадревна македонштина.
Затоа го посакуваме американскиот меч - да се прекине злоупотребата на народните чувства во функција на мизерните културно-политички олигархии кои доцнат стотина години зад времето кога во Европа спомнувањето на националниот идентитет предизвикуваше фаќање на пиштолите и бомбите.
Иако можеби нема некаква подлабока историско-политичка логика и иако изгледа шашаво, факт е: Грција и Македонија на почетокот на 21 век слободно можат да го преземат неславниот венец што до пред сто години го носеше Турција (а до неодамна Србија) на „најголем медицински случај во Европа“. Ваквите нарцистички забегани Грција и Македонија, како што се развиваат глобалните политики (борба за контрола над Заткавказјето, односите меѓу Русија и Европа, Азија и Европа итн.) дури стануваат поширок, интерконтинентален проблем, а не се само грдото лице на Европа и потсетување на мрачните закани, и оние од минатото и оние од иднината.
Докажувањето кој го има монополот врз неколкуилјадната историја на овие простори во себе содржи, значи, не само потенцијално сериозни политички опасности, туку и една неподнослива доза на агресивен провинцијализам и примитивизам и, во крајна линија, на еден застрашувачки лажен и кичерски „државотворен“ светоглед. Низ таа оптика на кичот, прашањето дали Александар Велики бил Грк или Македонец ми наликува на смешната српско-хрватска расправа, пред триесетина години, за тоа чие е панаѓурското лицитарско срце, тестенцето од шербет понекогаш по панаѓурите накитено со стакленца и фотографии. Српско е или хрватско? Расправата (токму како со удар во Гордиевиот јазол!) брилијантно ја разреши Данило Киш, најголемиот југословенски писател во тоа време, кој напиша дека уште како дете, по панаѓурите во Унгарија, го гледал истото тоа лицитарско срце со огледалце, „во триколор, црвено-бело-зелено, сосема оригинално и сосема национално, со розета од фондан, со бела кандит-тантела околу сликичките на хусарите во автентичните унгарски црвени долами или околу румените чардаш-снашки со бисерни парти над челото, со зелените блузи и белите кратки здолништа во жипони и со како крв црвените чизмички врз кои цветаат тулипани - се' во најавтентичен национален стил, до последната фалта на здолништето“.
Александар Велики комплет со фалангите и штитовите што висат по „патриотските“ крчми (и според кого се именуваат националните институции, и ваму и таму), како панаѓурски симбол и слика и прилика на таа лунапарковска националистичка свест, по ништо не се разликува од панаѓурските митологеми од тестенина и шербет, како што вели Киш. Самото прашање за тоа чиј е Александар е панаѓурско прашање, во крајна линија бесмислено и шупливо токму како лицитарското срце.
Ќе завршам со Борхес, една од најважните културни фигури на 20 век (самиот е еден од неколкуте најважни симболи на тој век!) која во голема мера ги формираше естетските светогледи на неколку генерации (меѓу другото, од под шинелот на Борхес произлезе и волшебната и се' уште поттикнувачка Кишова по-етика). Со оглед на тоа дека и самиот, особено на почетокот на кариерата, бил напаѓан дека не е доволно „национален“, Борхес во својот есеј „Писателот и традицијата“ се реши да одговори со помош на еден парадокс:
„Пред некој ден открив чудна потврда на фактот дека вистински типичните црти можат да бидат лишени од локалната боја - и дека најчесто токму се лишени; таа потврда ја открив во Гибоновата ’Историја на подемот и падот на Римското Царство‘; Гибон забележува дека во Коранот, таа арапска книга par excellence, не наоѓаме камили: да постоеше некаков сомнеж во изворноста на Коранот, мислам дека тоа отсуство на камилите ќе беше доволно да го потврди неговото арапско потекло. Коранот го напишал Мухамед, а Мухамед, како Арапин, немал никакви причини за да знае дека камилите се арапска посебност; за него тие биле составен дел од стварноста. Наспроти него, некаков кривотворител, некаков турист, некаков арапски националист, веднаш ќе почнеше да се размавтува со камилите и со камилските каравани на секоја страница. Но, Мухамед бил мирен: знаел дека може да биде Арапин и без камилите“.
Ni prva ni posledna kolumna koja voodusevuva so vrckav humor,satira a bogami i dobra doza na alegorija,bravo pocituvan Gelevski
Од: RR:Za kamilarot i kamilata
Датум: 02.09.2008 00:56:11
Nashava groteskna situacija mnogu potsetuva na pretsmrtnata agonija na kamilata-vodach niz pustinata,na koja i se molel kamilarot da stane i da prodolzhi da go vodi karvanot do krajot na patuvanjeto.No,taa rekla deka nitu toa shto kje ja rstovari od najgolemiot tovar,nitu povekjeto voda shto kje i se dade ,mozhe da ja natera da stane,zahto umira od jad na dushata ,oti pred nea i karvanot odi magareto so svojot inaet i neznaenje. Koj e vo prikaznata kamilata,a koj magareto ne e teshko da se pogodi.Koja e Makedonija,a koj e Gruevski i toa e poznato.Zasega e neizvesno dali kje se ostvari samo vashata(i nasha) nadezh za Deus ex machina i presekuvanjeto na jazolot od dobrochinitelot,napsroti tvrdoglavoto odenje eden chekor napred i stoenje vo mesto za zapiranje na karvanot, kako na magareto vo pustinata.Da ne dozvolime kamilata da ni crkne so nedooden pat samo poradi inaetot (i plus uste ponesto).
Од: a
Датум: 02.09.2008 01:27:24
a
Од: Alex
Датум: 02.09.2008 02:55:27
Nekogas Kolja si bil eden bogat Aga-Jusuf Aga nemilosrden covek na cii imoti rabotele argati.Megjutoa Agata mu imal frleno pik na eden od negovite argati i ovoj moral se da mu pravi:da go nosi na grb sekoj den okolu negovite imoti i da gi izvrshuva najvalkanite raboti.Se taka dodeka eden den agata mu vika na argatot da gi sobleche pantalonite oti navodno agata sakal da go obljubi.Videl ne videl argatot si soblekol pantalonite arno ama od dzebot mu ispadnal kuburot.Togas agata go prasuva argatot:"Abre zosto ti e kuburov bre kaur"?A ovoj mu odgovara-"za loshi denovi".Togas agata za zal go zastrelal argatot.Taka i nasata SDSM ovska elita Kolja-se prodadoa sega sakaat dani go prodadat i identitetot"za da ne dojdat poloshi denovi i navodno nepriemot vo EU i NATO.Koja hipokrizija.Toneme vo sopstvenite g.mna Kolja.Poleka no sigurno!
Од: Australia
Датум: 02.09.2008 03:40:39
Spot on! Thank you!
Од: мене
Датум: 02.09.2008 05:01:09
Супер колумна! Немам што да одземам. Се надевам многу ќе додадат - ама се сомневам.
Од: непростенков
Датум: 02.09.2008 06:16:49
Гос. Гелевски,ако ви сметат штитовите на Александар по кафаните, во твојот дом никој неможе да ви забрани покрај Титовата слика да обесите и од Мухамед.
Од: pameten
Датум: 02.09.2008 08:59:13
Prviot predsedatel na Gambija, mala afrikanska drzhava, togash Britanska kolonija pishuva deka kako dete bil na poseta na bratuchedi vo soseden Senegal, togash Francuska kolonia. Bratuchedite mu chile deka poteknuvat ...od Galite. Mnogumina veruvale!
Nie ne sakame da sme isti so nashite (na baba i na dedo) prvibratuchedi, koi za sa si ja spasat nacijonalnata svest begale vo sosedna drzhava. Prifatili sme toa shto bilo regijonalna za nacionalno, no ne sakame ovo da go objavime. Dali od sram, dali od inaet. E Sega maora da veruvame deka poteknuvame od Aleksandar!
Од: ane
Датум: 02.09.2008 09:23:40
Bravo Nikola.Samo prasanje e koj ke te razbere.
Од: Sashence
Датум: 02.09.2008 09:52:06
sledfejki ja logikata na Borhes - mozebi zatoa nema magarinja vo tvoite tekstovi?!? :-)
Од: Rage
Датум: 02.09.2008 10:28:38
Samo vo taa trka kon evropskite standardi vnimavajte da ne se sopnete. Evropa e sublimat na nacii so koi svoeto postoenje go vlecat i temelat na nivniot istoriski razvoj, vo koi bile ciniteli i vo zlo i vo dobro. A kaj nas, se treba toa da se zagboravi i napred kon Evropa, kade ti stavaat sopki, no ako toj e patot sto go izbravme. Samo da ne ja povtorime so slikata od Belgrad i da ja pomesame so Brisel. Vo tta Evropa treba da bides cinitel, kako sto vo ex-YU bea Mizar, Anastasija, Arhangel. A koi pisateli bea ciniteli znae avtorot, cija kicma treba da bide poizdrzliva.
Од: mene
Датум: 02.09.2008 10:51:14
Zalno e sto taka si mislime deka Amerikancite ce ni resat nesto. Kako sto go resija i Kosovo, kako sto go resija Irak (da ne zaboravime koj go finansirase Sadam, a i Bin Laden), kako sto go resija Grcko-Kiparskiot spor. Gledam, amerikancite kade se zamesaat "resavaat" raboti. Koga ce sfatime deka samite treba da prezememe nesto a ne da bideme necii marioneti mozebi i podobro ce izleze. Barem ce izlezeme od filmovite na "conspiracy theory" ili "site protiv nas". Grcija go sfati toa pred nas, pa i pokraj "nastojuvanjata" na USA da ne vnese vo NATO, ni "plesna" VETO. Gledam im fali vlakno od glavata!
Од: Lili
Датум: 02.09.2008 11:03:53
Konfuzija vo glavata, konfuzija vo textot. Kasha - popara.
Од: Дора
Датум: 02.09.2008 11:24:20
дора бакојани пред некој ден изјави... „теба да се постигне комрпомис за името со кој што ниеден жител на северна грција нема да се осети навреден...“ и дека за ова постои силен консензус во целата држава... Со таков став треба да настапуваме и ние, а не како расштиман оркестар и некој тука д не убедува дека грците се во право и ние треба да попуштиме
Од: marta
Датум: 02.09.2008 12:12:08
Na stitovite i im e mestoto vo kafeanite, megju opieni repersirani golemi makedonci koj cekaat da gi casti partijata za vernost i poslusnost. I dodeka nas ni zvoni vo usite od tropanjeto na makedonskite falangi - NARODE - odamna covekot stapna na Mesecinata sega e na red Mars.
Од: "maca"
Датум: 02.09.2008 12:14:37
Dodeka nasiov narodec ne razbere deka sme ziveele so slikata na Tito i naMuhamed seuste ke se palat samo na Aleksandar makedosnki, a zaradi niv ke stradaat i nasite, ama i nivnite pokolenija
Од: Spase
Датум: 02.09.2008 12:44:18
Da upotrebam eden sportski izraz “bravo be Nikola”,na zalost vo ovaa nasa Makedonija nema mnogu luge od tvojot vid: integrirani licnosti,barem malku blizu do tvojata inteligencija I plemenitost I zgora raboten.da bese taka zar ke stravuvavme za nasiot IDENTITET! Tie sto go nemaat, cekaat drug da im go dade .Zemjava ni e polna so lazni patrioti.primitivizmot caruva-nivni li identitet sakame ?Jas se molam Nikola energijata da te posluzi I da prodolzis vo razoblicuvanjeto na primitivizmot.I vo Tunguzija ti ke si ostanese makedonec !
Од: Ефтим
Датум: 02.09.2008 13:30:33
Од новокомпонираниот кичерајски Александар очекуваме да донесе пресуда за егзекуција врз земјата на вистинскиот Александар. За да има нова историја, старата треба да се брише. Пресудата на името Македонија е иста како и пресудата врз музејот во Багдад. Сето што и пречи на доминацијата на новата кич цивилизација мора да биде отстрането. До Гелевски - честитки за високата технологија за производство на модерна магла оперирана од класичната историја. Сепак, со цитираните звучни имиња на хуманисти и филозофи не може да се покрие перверзијата на моралот која ја пропагирате.