АМСМ Испитниот центар од Скопје на АМСМ доби лиценца за организирање и реализирање возачки испит и проверка на стручноста на возачите-инструктори и деновиве започна со работа. Центарот располага со 12 пријавни места на кои кандидатите можат да се пријавуваат на испитот за возачи. Активно работат пријавните места на улица „Иво Лола Рибар“, на „Никола Русински“ број 15, на „50. дивизија“ број 33 и на „Никола Вапцаров“ број 7-а. Кандидатите за возачи можат да се пријавуваат и на пријавните места на булевар АВНОЈ број 74, потоа на улицата „Ферид Бајрам“ број 43 и на „Лазо Трповски“ б.б. во населбата Топанско Поле.
Од Испитниот центар на АМСМ соопштуваат дека располагаат и со 12 целосно опремени простории, кои ги исполнуваат пропишаните услови од Правилникот за начин на спроведување на возачките испити. Кандидатите за возачи ќе полагаат во досега најсовремени и опремени простории кои ги исполнуваат и најстрогите критериуми на европско ниво. Просториите се под целосен аудио и видеонадзор со 24-часовен пристап на Интернет, како и можност за дирекно следење на теоретскиот дел од испитот од страна на вработените на МВР. (Сн.К.)