Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Скулптура на Мајка Тереза ќе му биде подарена на Рим

Папата Бенедикт Шеснаесетти утре во Ватикан ќе го прими авторот на делото, академик Томе Серафимовски

Билјана Јовановска


Папата Бенедикт Шеснаесетти утре ќе има средба со македонскиот скулптор акад. Томе Серафимовски, кој ќе му ја подари специјално изработената скулптура на скопјанката Мајка Тереза, која со благослов на светиот отец ќе биде поставена пред црквата што се гради во Рим, а која и' е посветена на големата светска хуманитарка.

По општата аудиенција која папата ја одржува секоја среда во 10,30 часот во салата „Павле VI“ во Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква ќе ја прими делегацијата во која се и бискупот скопски, г. Киро Стојанов, со чија помош се реализира идејата стара шест години, како и градоначалникот Трифун Костовски, кој ја донира скулптурата со ликот на блажената Мајка Тереза. Точниот ден на поставувањето на скулптурата не е прецизиран, но се очекува тоа да се случи на денот кога Ватикан ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица.

Сите неопходни подготовки за овој исклучителен настан се завршени, утврдени се неопходните три чуда поврзани со делото на најпознатата скопјанка, така што прогласувањето е прашање на ден. Пред точно пет години, според каноните на Католичката црква, Мајка Тереза беше прогласена за блажена.

За нецели седум месеци ова ќе биде втора скулптура која потврдениот македонски автор со светско реноме му ја подарува на Рим. Во март годинава, со благослов на римскиот папа, скулптура на св. Кирил беше поставена во црквата „Сан Клементе“, каде што е погребан словенскиот просветител. „Голема е привилегијата на секој уметник чии дела трајно остануваат во градот на вечноста, но лично уште повеќе сум почестен поради фактот дека тоа ќе се случи со благослов на папата Бенедикт Шеснаесетти“, вели акад. Серафимовски и додава дека негови дела „се поставени и во Париз, Нирнберг, Тенерифе, Загреб, Белград..., но да се имаат две скулптури во Рим, и тоа на две толку влијателни места, ме исполнува со огромна среќа и гордост. Тоа е сон на секој автор - моето дело ќе сведочи за мене, но и за Република Македонија“. Статуата на Мајка Тереза е висока 2,5 метри и ќе биде поставена на постамент од половина метар.

Фактот дека скулптурите на свети Кирил и блажената Мајка Тереза ќе бидат дел од културното наследство на христијанската метропола претставува посебна радост и за овдешната Католичка црква. „Дотолку повеќе што тие се прифатени и благословени од светиот отец Бенедикт Шеснаесетти“, вели скопскиот бискуп г. Киро Стојанов, со чиј ангажман се реализирани двете донации.

Интересно дека и пред шест години постоеше иницијатива скулптура на Мајка Тереза од акад. Серафимовски да му биде подарена на Рим, но тогаш на оваа идеја се спротивстави Албанија, која сметаше дека Македонија не е земјата што треба да дарува уметничко дело со ликот на светската хуманитарка.


Статијата е прочитана 606 пати.

Испрати коментар

Од: albanec
Датум: 02.09.2008 03:00:51
Ne se otkazuvate taka lesno od kradenje tugja istorija, mislite deka majka tereza e Aleksandar makedonski i taka qe pravite cirkusi za posvojuvanje. Majka Tereza e albanka i qe ostane, toa cel svet go znae, a najmnogu papata Benedik XVI. Samo si dokazuvate uste ednas deka ste vestacka tvorevina, sega i albanci qe se pretstavite ako zatreba, za sekoj slucaj ste grci, bugari i serbi. Qe postignete edna rabota qe gi naterate albancite da se priklucat kon vistinata za vas makedoncite sto vi senegira jazikot, imeto, istorijata i verata. Sreqno taka se gradi identitet so kradenje na tugja istorija.
Од: Од Виктор Габер
Датум: 02.09.2008 03:37:22
Мала исправка: Иницијативата беше покрената пред девет години од страна на Советот на град Скопје и Амбасадата на РМ во Рим. Дополнително, реакциите кои ги спемнувате беа поттикнати од фактори во РМ, на кои им пречеше нејзино експонирање како дел од традицијата и културата на македонското мултиетничко поднебје. Благодарам
Од: Zlatko
Датум: 02.09.2008 10:10:44
abe albanec.... majka tereza e albanka sozdadena od pod makedonski mentalitet..+ ona e hristijanka a ne mudzahedin kako vas so nishto drugo ne zaete osven da pukate !!!!!
Од: nevraboten
Датум: 02.09.2008 11:43:28
do koga mak ke se zanesuva so fantazii i zivee vo oblaci sto na nas nevraboteni ne ni podarite nesto?vo zapadna ev prvo na svoite grdjani davat a nikoj nese zanesuva so vakvi raboti i podaruvanja.
Од: Игор
Датум: 02.09.2008 11:56:49
Во листата на делегацијата, фала му на Господа, го нема оној, да простите, изветреен новинар Тренчески. Дали ова значи дека јавноста ќе биде ослободена од неговите антологиски „мудрости„, нападност, отсуство на мерка, на вкус... Не е убаво, ама не можам да се воздржам, ќе додадам дека од неговото медијско, примитивно, децениско насилие и мајка Тереза и нејзиното дело ми станаа...
Од: Македонец
Датум: 02.09.2008 13:57:55
Агнес Гонџа Бојаџику или Мајка Тереза е родена во Скопје тогашна Вардарска Македонија. -Националност и Државјанство по рагање: Македонска. -По етнос е Влаинка (Aromanian) навистина нема простор за дискусија, ова се факти. Единствено нешто што ја поврзува со Албанија е дека нејзиното Влашко семејство живеело во Шкодер, Албанија пред да биде присилено од тогашната Албанска политика да емигрира во Скопје, тогашна Вардарска Македонија. А за сите што сеуште докажуваат што била или не по националност еден мал совет: ако воопшто нешто ви значи Мајка Тереза концентрирајтесе на нејзината хумана порака а не на тоа што била по националност.
Од: DO ALBANEC!!!!!
Датум: 02.09.2008 15:23:40
Vnukata na majka tereza- DIREKTNA KRV NA MAJKA TEREZA, ne se deklarira kako albanka...pa sega videte koj krade....Inace slobodno moze da razgovarate so dvete gospogi i so vnukata i pravnukata, koi se edinstveni potomki na majka Tereza...Inace imeto i e Marija i zenata se deklarira MAKEDONKA...pa sega videte gospodo albanci sto bila majka tereza, koja ne zborela albanski....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Санкции спрема Русија не се одговор
АМСМ доби лиценца за обука за возачи
Зденко
Кампањата почна
Животот во Дојран се враќа во нормала
Едиторијал
Заев ќе го води СДСМ до доаѓањето на Црвенковски
Европските лидери се откажаа од идејата за санкции спрема Русија
Ураганот „Густав“ му ги расипа плановите на Мекејн
Гладните затвореници од „Идризово“ на инфузија
Руска шок-терапија
Трифун Костовски се повлече од ракометот
Камилите на Александар
Вербатим
Инфлацијата за август 8,6 отсто - место за радост нема

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.