Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Денеска се доделуваат „европските оскари“

„Писател-дух“ на Роман Полански влезе во трката за европските статуети со седум номинации, а дебитантот Семјуел Маоз со „Либан“ освои пет номинации

Денеска во Талин, Естонија, во супермодерниот објект „Соларис“, ќе се одржи 23. свечено доделување на „европските оскари“, на кое се очекуваат 1.400 гости. Домаќини на вечерашната церемонија ќе бидат германската комичарка Анке Енгелке и естонскиот актер Март Аванди, а на прекрасниот балтички брег се очекува да пристигнат познатите актери, кои ќе бидат и презентери на наградите, и тоа: Марија де Медеирос, која е амбасадор на Европската филмска академија, Жан Марк Бар, Мики Манојловиќ, Аманда Омс, потоа претседателот на ЕФА, Вим Вендерс, како и годинешните добитници на почесните награди, композиторот на филмска музика Габриел Јард и еден од најинтересните европски актери, Бруно Ганц.

Главната трка за европските статуети, кои се доделуваат во 13 категории, годинава ќе се води меѓу „Писател-дух“ на Роман Полански и „Либан“ на Семјуел Маоз. Роман Полански понесе дури седум номинации, и тоа за најдобар филм, режија и сценарио, потоа за монтажа, сценографија, за музиката на Александар Десплат и за улогата на Ијан Мекгрегор. Веднаш зад него е Семјуел Маоз, кој со дебитантскиот „Либан“ освои пет номинации: за најдобар филм, за режија и сценарио што ги потпишува самиот, за монтажа и за фотографијата на Гора Беха, кој на „Браќа Манаки“ освои „Бронзена камера 300“.

Годинава има една необична ситуација, бидејќи меѓу номинираните филмови има навистина голема разлика. Имено, освен споменатите два, сите други филмови кои се во главната трка имаат само по една или две номинации, освен турскиот „Мед“, кој ќе се бори во категориите за филм и за режија, како и за фотографијата на Барис Озбичер. А покрај „Писател-дух“, „Либан“ и „Мед“, за европската награда за најдобар филм за 2010 година ќе се натпреваруваат шест филма, меѓу кои се и: францускиот „За боговите и за луѓето“ на Ксавиер Бувоа, шпанско-аргентинскиот „Тајната во нивните очи“ на Хуан Хозе Кампанела и германско-турскиот „Душата на кујната“ на Фатих Акин.

Во категоријата за најдобра режија, според гласовите на Европската филмска академија, која има 2.300 члена, влегоа: Роман Полански, Семјуел Маоз, Семи Капланоглу за „Мед“, Оливие Асаја за „Карлос“ и Паоло Вирзи за „Првото убаво нешто“. Додека во атрактивните категории за најдобри улоги, меѓу машките актери се: Ијан Мекгрегор во „Писател-дух“, Георг Пистереану за „Кога ми се свирка, свиркам“, како и Јакоб Седергрен за „Субмарино“ на Томас Винтерберг. Меѓу актерките е и Зринка Цвитешиќ од Хрватска за улогата во „На патот“ на Јасмила Жбаниќ, а нејзини конкурентки се: Лесли Менвил за „Уште една година“ на Мајк Ли, како и Силви Тестуд за „Лурдес“ на Џесика Хауснер. А за наградата на критиката „Фипресци“ за најдобро откритие, во трка се и: романскиот „Кога ми се свирка, свиркам“ на Флорин Сербан, холандскиот „Ништо лично“ на Урсула Антонијак и израелскиот „Либан“ на Маоз. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 239 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
„Кастратите“ повторно во мода
Концерт на триото „Интерарт“
Избор од Чаловски на македонски и на влашки јазик
Претставата „Крајот на кралот“ во Стара чаршија
„Аутмајнд“ во живо на Канал 103
Концерт на Симфонискиот оркестар на ФМУ
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars