Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Концерт на триото „Интерарт“

Вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот концерт ќе одржи триото „Интерарт“ во состав: Александар Стефановски и Емилија Ристевска Стефановска - флејта и Татјана Божиновска - пијано. На програмата се дела од Мошеле, Андерсен, Хуго, Амлин.

Триото „Интерарт“ е формирано во 1997 година во Германија, каде што македонските флејтисти Александар Стефановски и Емилија Ристевска-Стефановска заедно со јапонската пијанистка Макико Хирата настапија со рецитал во Алтенбург, а потоа следуваа и два концерта во Македонија. По добивањето на престижната прва награда „Диплома на честа“ на „Торнеро интернационале ди музика“, натпреварот во Париз (Франција) во 2006 година, триото „Интерарт“ доби значајно признание за својата работа во областа на камерната музика. Триото „Интерарт“ има настапувано на повеќе значајни концертни подиуми и фестивали во Македонија, како и надвор од неа, во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Њујорк, каде што и беше промовирано нивното прво ЦД. Во 2008 година триото го сними и промовираше своето второ ЦД со современа музика, додека оваа година го сними и третиот компакт-диск. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 173 пати.

Испрати коментар

Од: Neshad
Датум: 05.12.2010 16:53:17
Cestitki i uste mnogu uspesi!

Најди! во Утрински
Култура
Денеска се доделуваат „европските оскари“
„Кастратите“ повторно во мода
Избор од Чаловски на македонски и на влашки јазик
Претставата „Крајот на кралот“ во Стара чаршија
„Аутмајнд“ во живо на Канал 103
Концерт на Симфонискиот оркестар на ФМУ
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society