Претставата „Крајот на кралот“ во Стара чаршија
Вечерва на сцената на Детскиот театарски центар во Стара чаршија ќе се одржи скопската премиера на независниот театарски проект „Крајот на кралот“, кој во изминатиов период со успех се играше во повеќе градови низ Македонија. Станува збор за праизведба на драмскиот текст на Васе Манчев, во режија на Горан Тренчовски, кој е и продуцент на претставата.
„Крајот на кралот“ е нов постмодернистички текст пишуван во духот на театарот на апсурдот, во кој има алузии кон бекетовско-арабаловската драматургија, но со низа свежо напишани дијалози и со интересни и духовити драмски ситуации. Во претставата играат Ванчо Мелев, кој ја толкува улогата на царот Хаиле и Васил Михаил, во улога на принцот Чедо. Според режисерот Тренчовски, ова е претстава за (де)тронизација на вредностите. (С.У.) |