Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

„Аутмајнд“ во живо на Канал 103

Во најновото продолжение на радио серијалот „Ако никој не свири“, в недела во 22 часот, со свој настап од глувата соба на Канал 103 ќе се претстави скопскиот музички состав „Аутмајнд“.

„Аутмајнд“ се формира во 2006 година и во групата членуваат: Златко Цеков, Игор Атанасоски-Харе и Жарко Пејковски - искусни музичари со разновиден музички бекграунд кој влијае во формирањето на звукот на бендот, а кој тие самите го дефинираат како „модерен вокално-електронски израз кој се темели на моќни битови и на фанки гитари“.

На својот прв настап во „Канал 103“, „Аутмајнд“ ќе се претстави во акустично издание и во проширена постава. Освен материјалот кој се најде на нивниот истоимен деби албум од минатата година, групата ќе свири и досега необјавени песни.

За звукот ќе биде задолжен Ален-Хаџи Стефанов. Радио концертот ќе може да се слуша и преку Интернет на www.kanal103.com.mk.


#
Статијата е прочитана 151 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Д��неска се доделуваат „европските оскари“
„Кастратите“ повторно во мода
Концерт на триото „Интерарт“
Избор од Чаловски на македонски и на влашки јазик
Претставата „Крајот на кралот“ во Стара чаршија
Концерт на Симфонискиот оркестар на ФМУ
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice