Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика
Порака од Чешка: Консензусот во ЕУ создава тешкотии

Членството на Западен Балкан во ЕУ е стратегиска цел за Прага

За Чешка интеграцијата на сите земји од Западен Балкан во ЕУ и во НАТО, вклучувајќи ја и Македонија, е стратешка, порача вчера во Скопје чешкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Јан Кохоут. Тој по средбата со македонскиот шеф на дипломатијата вчера изјави дека билатералните односи меѓу двете земји се на високо ниво и оти Чешка го поддржува проширувањето на ЕУ.

Кохоут на средбата со Милошоски бил информиран за напорите што ги презема нашата земја во таа насока и „оти осумте услови ќе бидат исполнети за извештајот на ЕК да биде позитивен и се надевам дека спорот со името ќе биде решен што е можно поскоро за да може Советот на ЕУ во декември да препорача отпочнување на преговорите“. Одговарајќи на прашањето за менување на процесот на одлучување во ЕУ, поради блокадите од билатералните спорови на земјите, Кохоут мисли дека прво мора да се најде решение меѓу оние што се најзасегнати, „а не другите држави да се вовлекуваат во носењето одлука“. „Консензусот е единствен начин за изградба на доверба, но тој понекогаш регионално создава тешкотии“, изјави чешкиот шеф на дипломатијата.

За Милошоски, пак, најдобар начин сите земји на ЕУ да ја дадат својата поддршка за евроинтеграциите на Македонија, е да се исполнат условите и да се добие позитивната препорака од ЕК во октомври. Според него, Македонија од своја страна, без оглед на состојбите во ЕУ, е решена да ги спроведува реформите не само поради Брисел, туку и поради сопственото општество, а со тие реформи државата да стане постабилна и со самоодржлив развој и напредок, кој може на крај да резултира со членство во ЕУ, „секако кога ќе ги исполниме сите услови, а ЕУ ќе биде подготвена во тие околности да ја прифати Македонија како членка“.

Македонскиот и чешкиот шеф на дипломатијата во разговорите за билатералните односи изразиле задоволство од досегашниот нивен развој, но со заложба во иднина повеќе да се посвети внимание на економската и на трговската соработка и во областа на образованието. Кохоут за време на вчерашната посета на нашата земја оствари средби и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, со спикерот на македонското Собрание, Трајко Велјановски и со претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шекеринска. (Т.Г.)

 


#
Статијата е прочитана 409 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 03.09.2009 00:14:55
Со поддршката од Чешка можеме само да се чешаме........тоа му е јасно и на Дипломатот (магистрант) Милошоски, а ова е само замајување на јавноста и мотив за делење бели бумбари од Тања Бумбарката (која ги забавува ВМРО-вчињата) секое попладне.....
Од: Kimov
Датум: 03.09.2009 02:23:40
Za dobroto na narodot i Makedonskata drzava site partii bez razlika pozicia opozicia treba dase aktiviraat vo pomaganje na drzavata so vlez vo EU i NATO ne treba dase napagame i kontrame ami treba zaednicki da rabotime .
Од: Не е исто
Датум: 03.09.2009 09:27:24
Многу лесно е да одиш и да организираш демонстрации. Да се води политика е сосема друго.
Од: realen
Датум: 03.09.2009 09:50:40
A sto bi ocekuvale ako ne poddrska od stranski diplomat vo poseta na MKD. No, sekogas ima NO, Hrvatska ke vleze vo EU vo 2014-ta-taka i e kazano. Nie bu bile ekluziven primer na ad hoc konsenzus za clenstvo. Od poddrski, cenenje napori, pozitivni signali i drugi soobrakajni poraki i predupreduvanja e dosta. Nie sme svesni deka sme unikatni, pa da se spravime so toa i da gi pretkrkame tie sto se objektivno "ponazad".

Најди! во Утрински
Политика
Неизвесен консензусот за државните службеници
СДСМ
„Свети Никола“ место Бурмали -џамија
Македонија очекува фер одлука од Брисел
Отпуштени 50 наставници
ДПА
Петрески троши пари за луксузи