Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика
Македонија очекува фер одлука од Брисел

Македонија очекува фер одлука од Европската комисија. Не бара прогледување низ прсти, туку се надева дека нејзината одлука ќе се темели на она што ќе биде спроведено во рамките на зацртаните определници. Во таа насока е и зајакнувањето на присуството на Македонија во Брисел.

Ваква порака вчера од Скопје испрати вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, кој во изјавата за медиумите нагласи дека работата на интеграцијата на Македонија во ЕУ продолжува и по 15 септември, кога треба да биде затворен извештајот за напредокот на земјата, и по 14 октомври, кога тој треба да биде објавен.

Образложувајќи ја одлуката на Владата Дејан Ѓошевски да биде македонски специјален претставник во Брисел, Наумовски рече дека тоа се прави поради зајакнување на присуството на Македонија, имајќи ја предвид потребата од пошироки активности на тоа поле во овој клучен период за државата.

„Специјалниот претставник ќе работи во тесна координација со амбасадорот на Македонија во мисијата во ЕУ и ќе има цел да ги зајакне активностите во периодот што следува“, рече вицепремиерот. 

„Именувањето на Ѓошевски не е на предлог на ниту една политичка партија. Станува збор за човек со исклучително искуство во оваа област и тој оди како предлог на Владата, односно на државата“, истакна Наумовски.

Прашан за коментар за можноста Грција, поради спорот со името, да стави вето и за интеграцијата на Македонија во ЕУ, Наумовски рече дека во овој момент Владата е фокусирана на исполнување на определниците и одлуката што ЕК ќе ја донесе во својот извештај.

Во исто време премиерот Груевски изјави дека „даваме и ќе даваме се' што е во наша моќ за да добиеме позитивен извештај и препорака за преговори од Европската комисија, но одлуката е нивна и не може да се прогнозира“. „Јас се обидувам да не прогнозирам по ова прашање. Која било прогноза од моја страна може да биде погрешно протолкувана од некои други страни“, рече Груевски. (МИА)


#
Статијата е прочитана 365 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 03.09.2009 14:30:52
Izjava dadena vo isti den so otkazite na nastavnicite po skolite. Ocekuvam od Brisel fer odluka za vakva drzava so vakva vlast i vakvi funkcioneri!

Најди! во Утрински
Политика
Неизвесен консензусот за државните службеници
СДСМ
Порака од Чешка
„Свети Никола“ место Бурмали -џамија
Отпуштени 50 наставници
ДПА
Петрески троши пари за луксузи