Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Петрески троши пари за луксузи

ОХРИД - Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека Општина Охрид троши средства за луксузни набавки на возило за потребите на градоначалникот Александар Петрески, кој е од редовите на СДСМ. Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, со одлука на Советот на Општина Охрид, по предлог на градоначалникот Петрески, на крајот на јули годинава, со нова ставка за набавка на возила во износ од 7.100.000 денари, 50.000 евра се предвидени за набавка на луксузно возило. „Во услови на светска економска криза и кога во приходите на Општината се влеале само 30 проценти од планираните средства за оваа година, трошењето граѓански пари за купување луксузни автомобили е неморално", оцени Бичиклиски. (МИА)

 


#
Статијата е прочитана 1144 пати.

Испрати коментар

Од: pepi
Датум: 03.09.2009 00:06:47
isto kako vo svetska ekonomska kriza da pravis spomenici po Skopje za DESET MILIONI EVRA a po selata da nema osnovno-kanalizacija,vodovod i zdravstveni ambulanti,e toa ti e prerodba vo 100 cekori so isprani pari
Од: kris
Датум: 03.09.2009 00:07:30
А да ни каже Бичиклиски дали е морално неговиот пулен Грујо во услови на криза да фрла буџетски пари за цркви, лавови (само што не стигнале по глава му скокале), Алекси, коњи, магариња и се тоа на Плоштад за пари со кои можат да се вработат 2-3000 луѓе??? Морално ли е тоа Бичиклиски??? Морално ли е на денот на загинувањето на бранителите на Карпалак мамичка на Грујо да му уплати 4 стана??? Изгледа за такви клипани како тебе сето тоа е морално.........
Од: Јани
Датум: 03.09.2009 00:25:35
И да е точно ова што вели Бичиклиски, а лично веќе не верувам во неговите лаги, сепак тоа е МНООООГУ ПОМАЛКУ од владата што плесна за скулптури и рекламни кампањи а и Сведмилк со 35 милиони евра. Баш народот ‘виде аир‘ од овие трошења.
Од: Ивец
Датум: 03.09.2009 01:01:13
Ови сироти од ДПМНЕ со оваа изјава се надминаа себе си во сеењето глупости. Но, да не заборавиме, едно е сигурно. Се грижат за Македонија помалку и од затворениците во Шутка или Идриз бања!
Од: demokrat
Датум: 03.09.2009 02:31:43
Prasanje za redakcijata na "Utrinski Vesnik". Od koga imenkata "Luksuz" ima mnozina?
Од: zabegan.
Датум: 03.09.2009 08:46:11
леле-колку се загрижиле овие ВЕМЕЛ-ОВЦИ се купувало возило.Па возилото е за потреба а зошто служат СПОМЕНИЦИТЕ??.Кои коштат МИЛОНСКИ СУМИ.
Од: Лебед
Датум: 03.09.2009 09:08:18
Хахаха, ВМРО-ДПМНЕ збори "во услови на криза". Абе Бицикл еден ти имаш памет, ги читаш пресовите пред да излезеш пред камери или ти ги даваа секунда пред да почне да се снима. Како имаш лице тоа да го збориш. Па види што се ВМРО-ДПМНЕ прави во услови на криза. До кога со овие што мислат дека сме луди.
Од: Krki
Датум: 03.09.2009 10:41:17
E ne be, Bicikliski ke vozi Mercedes, a Petreski Yugo. Ne im smetase koga nivniot pulen od Sv. Nikole kupuvase Mecka.

Најди! во Утрински
Политика
Неизвесен консензусот за државните службеници
СДСМ
Порака од Чешка
„Свети Никола“ место Бурмали -џамија
Македонија очекува фер одлука од Брисел
Отпуштени 50 наставници
ДПА