Ниту Бурмали џамија ниту Градска куќа, туку црква „Свети Никола“ да се изгради на местото на некогашниот Офицерски дом на скопскиот плоштад „Македонија“. Ваква иницијатива вчера до Општина Центар поднесе НВО „Деница“ со образложение дека на тоа место пред да се изгради џамијата во 1495 година, имало црква во чест на светецот Никола.
Градоначалникот Владимир Тодоровиќ дури денеска ќе го каже својот став околу ова барањето. Сепак, пресудна одлука дали воопшто ќе се гради каков било верски објект на плоштадот ќе биде таа на општинскиот Совет, кој денеска треба да одлучи дали да се распише референдум за црквата. Во случај на распишување и успешен референдум, на централниот скопски плоштад нема да се дозволи изградба на каков било верски објекти.
Но, и покрај се', ниту од МПЦ ниту, пак, од Иницијативниот одбор за возобновување на Бурмали-џамијата не се засегнати од актуелните случувања. Оптимистички на своите намери гледаат и од граѓанските здруженија кои се противат на изградба на црква и џамија на плоштадот „Македонија“.
Црковните власти ја купија парцелата за црквата, но од граѓанските здруженија сметаат дека овој факт е ирелевантен за да ја гарантира изградбата на храмот. Според членовите на „Граѓани за европска Македонија“ и „Плоштад слобода“, правото на сопственост на градежната парцела истовремено е безначајно, како што велат, ако се имаат предвид очекувањата од иницијативата за распишување референдум.
„Фактот што МПЦ го купи земјиштето воопшто не не' засега, бидејќи по успешниот референдумот, одлуката ќе биде обврзувачка за реализација, па така црквата во ниту еден случај нема да смее да се реализира, се' ќе биде беспредметно. Од друга страна, пак, продажбата на парцелата на МПЦ под повластена цена и услови за нас е уште еден доказ за силната врска помеѓу власта и Црквата, независно што начинот на купопродажбата надлежните го објаснуваат со законските процедури. Инаку, веруваме дека референдумот ќе успее ако ги имаме предвид досегашните наши истражувања на мислењето на жителите на Центар. Единствено не сме сигурни дали Советот ќе ја прифати иницијативата за распишување референдум, бидејќи, генерално, советниците гласаат по партиско убедување, а не во интерес на граѓаните. Сепак, ако иницијативата не помине, сигурни сме дека ќе ги собереме потребните потписи како услов за распишување референдум“, рече вчера Никола Наумовски, претставник од „Плоштад слобода“, здружение кое се противи и на најновата иницијатива за изградба на „Свети Никола“ на местото на некогашниот Офицерски дом.
Од НВО „Деница“, кои се подносители на таа ��ницијатива, пак, сметаат дека изградбата на храмот треба да се реализира како должност на оваа генерација граѓани за обновување на местата кои го симболизираат ропството.
„Несериозни претензии за многу сериозна работа“, е коментарот на Иницијативниот одбор за возобновување на Бурмали-џамијата на барањето на „Деница“. „За нас е несериозна, но истовремено и неоснована новата иницијатива. Не сакаме да влегуваме во спор со никого кога почнала и кога завршила историјата. Бурмали-џамијата се испразнила на празно, чисто место за што сведочат османлиските архиви“, вели Рамадан Рамадани од Иницијативниот одбор за џамијата, кој укажа дека нивното барање никој не може да го „победи со игнорирање“.
Рамадани потенцираше дека и покрај сите случувања, Одборот не се откажува од намерите за изградба на џамијата на местото на некогашниот Офицерски дом. ИВЗ и понатаму инсистира да го добие земјиштето во владение и покрај тоа што според важечкиот урбанистички план, на тоа место нема маркичка за изградба на верски објект.
Настаните околу барањата за изградба на верски објекти на плоштадот „Македонија“ во Скопје вчера предизвикаа реакција и од ДОМ на Лилјана Поповска. Од оваа партија бараат мораториум за градскиот плоштад, односно, како што рекоа, до смирување на страстите помеѓу верските заедници и јавноста, на плоштадот да не се дозволи изградба на никакви објекти, а најмалку од се' - верски. (Дс.Т.)
Црква, џамија, црква, џамија....................., знаете ли каде ќе не однесат Грујо и тајфата??? Во катастрофа за Македонија за која ќе им е крив, кој ако не Бранко Црвенковски.........Работава не ми мириса на арно, жими мајка...........држава водат дечишта и дилетанти......
Од: Stole
Датум: 03.09.2009 00:19:40
Поголема пачавра од сопствената црква не ќе може да се направи. А тоа го сторија ѓоа-невладиниа ‘Деници‘, па тепачи на мирни демонстранти на плоштад, се на се групи формирани од владеачката структура. Каде е само црквата, во име на религијата да каже: Аман доста ме браните!!
Од: Itar Pejo
Датум: 03.09.2009 00:31:39
Znaci drzavata moze na kogo saka po koja cena saka da prodava drzaven imot? Bez tender, bez javno naddavanje? Moze li nekoj, naprimer majkata na premierot, da ja kupi drzavnata bolnica za edno evro? Ili toa vazi samo za MPC, bidejci Makedonija e sekularna drzava?
Од: angelina
Датум: 03.09.2009 10:28:15
kako prvo nesme vo tursko pa da se gradi dzamija a ni vo tursko ne gradele dzamii tamu kade se hristijani a crkva tocno imalo pred 500god no dali e prakticno toa vo denesno vr nema kaj da se zavrtite na toa mesto a ne pak hotel ili crkva a ako se gradi crkva se prasuvam kaj popvite ce gi parkirat svoite besni dzipovi i mersedesi?tie peski ni do klozet ne odat.
Од: прагма
Датум: 03.09.2009 10:30:20
"...кога ќе дојде времето да има повеќе верски објекти одколку верници,блиску е судниот ден..."
Од: Aerodrom
Датум: 03.09.2009 10:35:34
Alooo...21 vek e, kakvi crkvi a uste pomalku djamii na plostad. Boze kakvi debili i provincijalci ni ja vodat drzavata.
Од: Каменко Пештерковски
Датум: 03.09.2009 10:47:02
Наа тооа мессто иммаше една Гооолема коолиба уште пред шест ииилјјади гоодини! Коолибата беше во чест на Богот на Сонцето! Не беее... не на Шерифот МcCloud, туку на Амон Ра! Така што при бидејќи салким белким, ушше утре ќе поднесам Иницијатива (самоин��цијативно со помош на другите од НВО „Сонце“) за нејзино ппооовторно Воздигнување... пардон... изГрадба. Истото важи и за плацот на М(афијашката)Пц, само што таму имаше храм на богот Зиус од Костурско, во Северо-јужна Африка, чии претци живееле на македонскиот врв Килиманџаро. Влатче, очекувај ме!
Од: pepi
Датум: 03.09.2009 10:54:47
abe sto se tepate,karate i glupirate,kakva crkva kakva dzamija,pustete go Pasko da frli dve-tri lopati i da ni go najde hramot na Aceta Golemiot oti jas ne priznavam nisto sto e posle nego vo istorijata.Pa ubavo ke ni izgleda plostadot,ovde hram -onde lav,onde Ace -ovde lav,onde Pitu-ovde Janko(jadi burek),ovde Kuzman-onde Milenko,ovde Goce -onde Singo(koj go razbira svetot kako pole vo koe lezi Kratovo) itn,Zatoa sakame hrammmmm!
Од: Klinton
Датум: 03.09.2009 11:07:30
Dali imase demonstracii od strana na albancite protiv izgradba na dzamija , kako sto imase od strana na makedoncite protiv izgadba na crkva ??? Vie svilenite sdsm-ovci (kole, stole...)i slicnite na vas zasluzuvaat da ima dzamija vo centar, da vi vika od pojacalata i zvucnicite vo 4 saat nasabajle. Da vi se budat decata sekoe sabajle vo son od galamata. Da vidite kako im e na onie od Sever, Cair, Butel...Zosto ne dojdete da protestirate protiv pravoto na miren son ?