Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

СДСМ: Во образованието е катастрофално

Проектот за бесплатни учебници е добар
проект, но се спроведува лошо, сметаат во СДСМ

СДСМ обвини дека, и покрај тоа што ВМРО ДПМНЕ во својата таканаречена преродба го издвоило образованието како една од главните области за спроведување на реформските политики, во реалноста најмногу што се доби се скапо платените рекламни кампањи. Набавени се компјутери во училиштата, но во исто време во најголемиот број училишта нема ниту елементарни услови за нивно непречено функционирање и оддржување.

„Проектот за бесплатни учебници е добар проект, но сметаме дека лошо се спроведува. Првпат во Македонија ваков проект спроведе Владата на СДСМ уште во 1998 година. Нема бесплатни учебници за сите одделенија и нивната испорака доцни. Згора на се', тие се печатат во фирма, која е сопственост на еден градоначалник од нивните редови“, рече Дане Талески, член на ИО на СДСМ, на вчерашната прес-конференција.

Тој додаде дека владејачката гарнитура треба да го промени слоганот „знаењето е сила, знаењето е моќ“, со „образованието е бизнис, образованието е профит“. Доколку сакаат да го помогнат образованието треба да ги поправат паднатите тавани, дупнатите подови, да ги заменат скршените клупи и столчиња, да ги обноват санитарните јазли. И најважно од се', да одговорат каде се стоте нови училишта ветени во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Талески.

Според Зоран Заев, потпретседател на СДСМ, граѓаните секојдневно стануваат очајни сведоци за се' полошата состојба во сите сегменти на живеењето, а сето тоа како резултат на дилетантското и штетно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако состојбата во сите области е многу лоша, тогаш во образованието е катастрофална. Вчерашниот прв училишен ден од оваа учебна година ги извади на површина сите бројни проблеми во образованието. Додека Владата и Министерството за економија се фалат со бесплатните учебници, никој не им кажува на родителите дека за работни листови, атлас и други помагала ќе мора да платат и по 3.000 денари, колку што порано чинеше цел комплет учебници. Кој ќе им даде образложение на учениците, родителите и на наставниците за промената на наставниот план, не во минута до дванаесет, туку на првиот училишен ден. Како ќе им се објасни на децата на возраст од седум, осум или девет години дека, поради преоптовареноста на програмата, ќе мора да издржат и пет часа дневно в училиште. Образованието е на работ на пропаста. Нешто итно мора да се направи. За жал, сите проблеми на крајот се кршат врз главите на децата, а тоа е жално“, рече Заев. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 2282 пати.

Испрати коментар

Од: Hari od Svedska
Датум: 03.09.2009 00:08:50
Za zal se ona sto go kaza Zaev e tocno. Katastrofalna sostojba vo obrazovanioto. Partizacijata na drzavata, diktaturata na Grujo i drugarcinjata ne go odmina nitu obrazovanieto. Mi se gadi od propagandata na Sitel, MTV i Kanal 5 deka obrazovanioto e sila a vsusnost e samo biznis za polnenje na dzepovite na DPMNE. Ovie stvarno mislat deka i na higienicarite im trebe fakultet, kakva farsa pa edinstven uslov za vrabotuvanje e partiska pripadnost!
Од: Mihajlo
Датум: 03.09.2009 00:32:12
Mizerija ni e obrazovanieto. Ovie od vlasta nemaat oset! Ostavaat familii bez raboti koi ziveat od profesorskite plati, traumatiziraat deca so smena na nastavnici. Bruka necovecka!
Од: kaktus
Датум: 03.09.2009 00:39:18
Заев, мајка, не губете време. Што побрзо гледајте да дојдете на власт, за да не усреќите во секој сегмент на општетсвеното живеење, како што го правевте тоа претходно. Доста жити се, исто .....сте. Сега му е мајката да се потите!
Од: tome sad
Датум: 03.09.2009 06:31:46
Ovie nesto pravat vo obrazovanieto,a da gi zprasam SDSM sto oni napravia za tolku godini dodeka bea na vlast. NISTO
Од: Trpe original
Датум: 03.09.2009 06:36:29
Ovie navistina se za zalenje ama neznam so koe lice vie g-din Zaev izleguvate vo javnost posle vasata 8 milionska GLOBALNA zdelka so firmata covek.Zatoa SHHHHHH i svirkaj si....
Од: vladimir
Датум: 03.09.2009 06:39:08
samo mozam da kazam edno sega toa sto go zborese zajev tie go pravea isto koga bea na vlast sdsm ova ja kazuvam vistinata e 100% i nemam vece komentar mnogu togas nastavnici sto bea izgubija si ja rabotata od ista pricina sto ne bea partiski ludje na sdsm bozem sega bile zagrizeni za tie ludje kakva dvolicna politika igra sdsm
Од: realen
Датум: 03.09.2009 08:38:37
Ovaa vlada e diktatorska , nema zbor, katastrofa vo obrazovanieto i sekade op{to , no SDSM so nivnata indiferentna politika ne otido do nikade. Nivniot togasen minister za finansii Nikola Popovski ne dade niti edno mesto za vrabotuvawe vo obrazovanieto, a narodot toa go pameti. Za da se vratat SDSM na vlast treba dobro da si gi sogledaat slabostite i da mu ponudat nesto realno i dobro na narodot ako sakame Makedonija da bide spasena , inaku nisto od nea so ovaa vlast i se gleda krajot.
Од: Mene do Vas
Датум: 03.09.2009 08:50:31
Zaradi dvojna zarabotuvacka SéDeSéMoe ce gi prodavashe ucebnicite so hartija za cigara. I tutun za vitkanje ko poklon. Tragedijata e uste pogolema koga nekoj od Svedska se pletka i pishuva za diktatura koga i samiot zivee vo diktatorska zemja. Koja e razlikata vo vladite? Za zal besplatni ucebnici vodat kon pogolemo neznaenje. Site ses nauceni deka ona sto e besplatno ne e vredno, pa ucebnicite nema da se socuvaat do krajot na godinata. Toj sto ne platil ne e obvrzan na cuvanje i koristenje ne ucebnik ili bilo sto, sto e pokloneto. Pred sé roditelite ne se nauceni da cuvaat i neguvaat, pa sto da ocekuvame od decata? I sto da zaklucime od tekstot gore? Ako SéDeSéMoe gi deleshe ucebnicite site ce gi imaa vo raka slednata skolska godina.
Од: Оли Јулчовски
Датум: 03.09.2009 09:17:07
Партиското слепило на Вмро-овците е несватливи.Зарем навистин не гледат каде не води Тиранинот,Зарем заборавија што ни остави Војводата во 2002 година(раскарана и оплачкана) Македонија,И вие имате храброст да прашате што направил СДСМ?Потроши четири години да ја врати на нозе и му остави на Диктаторот Полни каси. За сега да може да троше како сака и колку сака за да ви го испере мозокот.И престанете со увредите кон Заев,Само ние знаеме кој е и каков е,Не можете со плуканиците на Диктаторот и неговиот медиумски Полтрон да ја искривете вистината,Дојдете на кафе во Европска Струмица.
Од: Vlade
Датум: 03.09.2009 09:42:53
A kade e SONK? Kade e sega Dojcin?
Од: JOVANKA
Датум: 03.09.2009 09:49:07
Besplatni knigi, MASALA-izdadeni 2002 godina, bravo za glujo, gi cisti magacinite na nekoi negovi PAJTASI od dpmne, perenje pari i nisto drugo
Од: Ајван Доктор®
Датум: 03.09.2009 10:28:05
Седмоодделенците си добија Цели Два Учебника!!! И тоа - Отпечатени во Далечната 2005!?!? Останатите најверојатно ќе ги добијат пред Крајот на Учебната Година!!! Се чекал конкурс за „најновите“ учебници. Се надевам дека ќе бидат од Овој Век!!! Работните листови се користат само два дена во годината и тоа само од некои предмети (1-2)!? Останатите служат за класичен Рекет! Да не говориме дека Главна тема на Класните раководители е Наплата на долговите, а не - Учењето! Се разбира потребата од учење е најмала. И онака Мама и Тате, на крајот од годината, ќе ги оправат Оцените! Треба само да се Ин, Бизнисмени, Функционери... Сето ова говори дека состојбите во образованието, уште од Мали Нозе, ни се портокалово-Розеви!
Од: Tom-Avstr.
Датум: 03.09.2009 12:57:16
A be ti covek da ne kazam golem G.....r, sto strucnjak si pa da kazuvas segasnoto obrazovanie vo Makedonija e katostrofalno.A be ili si epten glup ili epeten si zabegfal so umot. Zar bese podobro vo vremeto na SDSM ako ema nesto loso znaj deka e ostaveno od vas.
Од: verag
Датум: 03.09.2009 13:11:37
Нималку не ми се допаѓа идејата на сите ученици да им се доделат бесплатни учебници. Наместо тоа многу подобро ќе биде да им се даде само на оние кои се со мали примања. Буџетот го полнат со ДДВ сите,и најбедните,и не е во ред да се даваат нивни пари на оние кои без проблем можат да си ги купат, Исто така не ми се допадна делење на бесплатни компјутери на сите апсолвенти.Ова траеше само две год. и се прашувам колку ќе трае оваа акција.Но целта е друга- државата изигрува издавач,им ја зема работата на издавачките куќи а ја даде само на една- без сомнение од ДПМНЕ.Стално се расфрлаат со парите на даночните обвраници,што би рекол Влатко, а резултатите се многу занемарливи.
Од: kristo
Датум: 03.09.2009 13:55:18
Јованке ако се од 2002 година тебе ти е страв да не им поминал рокот да не се усмрдат
Од: Трпе.
Датум: 03.09.2009 14:21:34
Последните години образованието е како да имало цунами а и уште се тресе од земјотресот наречен ЕПП влада.Тоа тие така кога некој ти вели дека знаењето е сила наместо богатство.Кога некој ти вели дека знаењето е моќ заедно со партиската книшка.А центрифугата на ЕПП владата пере ли пере ,се разбира пари.Одвојуват 15 милиони евра за учебници а дали ке потрошат пет.Но така е кога во Македонија нема кој на ова власт да и застане на патот и да ги затресе нив.Со задолжителното средно образование тргна на уништување и на тоа што беше вредно.Продолжија со отварањето на дисперзирани студи каде отидоа на квантитет а не на квалитет.Со тоа си ја прикриват нивната смрдеа што ја створија.Со трошенјето на времето на младите со запишување на безвредни факултети ке се фалат дека бројот на пријавени во бирото за вработување се намалува вештачки.Покасно ке имаме хигиеничари,земјоделци,ѕидари со високо образование.Но се е во рацете на напатениот народ.Македонски народе,разбуди се ти.
Од: ema
Датум: 03.09.2009 14:26:36
E pa vaka! kako nastavnik si velam i se prasuvam kakvi generaccii ke ispratime od ucilistata. Na 1 septemvri koga site nastavni planovi i programi se veke bea podgotveni, neli treba do 25 avgust da bidat gotovi ,,,,,, upsssss PROMENI OD NEBO PADNAA. ZGOLEMEN FOND NA CASOVI, NOVI IZBORNI PREDMETI - pr. Rabota so kompjuteri ( a kompjuteri nema) , POGRESNO DISTRIBUIRANI UCEBNICI ili SO POMAL BROJ , VO NIV DA NE SE PISUVA AMA BAS NISTO( pa za I , II , III tie se neophodni za pisuvawe ) , ODD. CAS ZA GRIPOT NEMASE . ..... A na TV se e med i meko. I roditelite bea izrevoltirani . Imase i seminari organizirani od Biroto za razvoj na obrazovanieto , a nikoj na znaese za promenite, NE SE NI SPOMENAA. OBRAZOVANIETO NI E NEMOKNO I BEZ SILA .
Од: Mitre
Датум: 03.09.2009 14:37:21
Му препорачувам на Државниот инспектор за образование и на подрачните(ако ги има) да појдат во Крушево и Кривогаштани во основните училишта да проверат(не со партиски наочари)како ги менуваат (исфрлаат) и ги трампаат наставниците.Кога ке го направат тоа ќе видат колку не пие вода рекламниот споти,дека треба да го менат слоганот во: “Силата и моќта е во власта“.Не сте толку паметни колку што се замислувате,а останатите не се толку глупави колку што мислите.Кој ве обучуваше што сте толку..... човек не се раѓа таков.На крајот на денот се плаќа с-ката.Ова се однесува на сите тие што прктикуваат малверзации,манипуланти,креатори на нечесна политика.....и слични на нив.

Најди! во Утрински
Политика
Неизвесен консензусот за државните службеници
Порака од Чешка
„Свети Никола“ место Бурмали -џамија
Македонија очекува фер одлука од Брисел
Отпуштени 50 наставници
ДПА
Петрески троши пари за луксузи