ДПА: ДУИ избрка 250 вработени во ДУТ
ТЕТОВО - ДПА тврди дека политичкиот опонент ДУИ како партија во власта од Државниот универзитет во Тетово има избркано 250 вработени со титули на професори, доктори на науки и друг кадар. „ДУИ го заокружува проектот за уништување на ДУТ. На нивно место се вработуваат лица без академски титули и од нив се поставуваат проректори и декани", изјави Имер Алиу, член на претседателството на ДПА и координатор на пратеничката група на вчерашната средба со новинарите. Алиу уште тврди дека им бил прекинат работниот однос на врвни стручњаци од Приштина и од Тирана, иако тоа биле личности со големи искуства. „Се дисперзираат факултети во други градови само поради добивање политички поени. Скратениот буџет не може да ги задоволи потребите на постојните факултети, а не и да се отвораат во други градови", рече Алиу. (Г.Е.) |