НИКОЛ КИДМАН
Актерката платила за детето 110.000 евра
Никол Кидман и Кит Урбан ја изненадија јавноста кога обелоденија дека станале родители на уште една ќерка, Фејт Маргарет, која ја родила сурогат-мајка, а сега е изнесен и податокот колку пари издвоиле за оваа услуга. Познатиот пар и' платил 110.000 евра на агенција во Лос Анџелес за раѓањето на својата ќерка, која вработува токму сурогат-мајки.
Од истата агенција, сурогат-мајка го родила и синот на познатиот пејач Елтон Џон и на неговиот партнер Дејвид Фурниш. Од оваа агенција истакнале дека не смеат да зборуваат за целата постапка, а единствено што можат да откријат е дека раѓањето дете преку нивната агенција чини до 110.000 евра.
Инаку, познатата актерка Никол Кидман во 2008 година ја роди ќерката Сандеј Роуз, а има и две посвоени деца од бракот со Том Круз. |