Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Живот

Што не' тера на неверство?

Последните истражувања покажуваат дека гените имаат улога и дека мозокот може да се истренира да одолее на искушенија

Зошто некои мажи и жени се неверни на своите партнери, додека други успеваат да им одолеат на искушението? За да го најдат одговорот, се' повеќе истражувачи се фокусираат на науката за верност. Научниците проучуваат области, како што се биолошките фактори, кои се чини дека влијаат врз брачната стабилност, и психолошката реакција на лицата по флерт со туѓинец. Нивните заклучоци укажуваат дека иако некои луѓе можеби природно се поотпорни на искушенија, мажите и жените можат, исто така, да научат да ги заштитат нивните врски и да ги воздигнат нивните чувства на верност.

Неодамнешните студии наметнаа прашања дали генетички фактори влијаат врз верноста и брачната стабилност. Хасе Валум, биолог од шведскиот институт „Каролинска“, проучуваше 552 двојки близнаци за да дознае нешто повеќе за генот поврзан со регулирањето на мозочното хемиско соединение вазопресин, односно хормонот на зближување во органи��мот.

Згора на се', мажите што имаат варијација во генот се со помала веројатност да бидат венчани, а оние што се венчани се со поголема веројатност да имаат сериозни брачни проблеми и несреќни сопруги. Кај мажите што имаат две копии на генската варијанта, околу една третина се соочиле со сериозна криза во врската изминатата година, што е двојно повеќе од мажите што ја немаат варијанта.

Иако таа карактеристика често се нарекува „ген на верност“, Валум смета дека тоа е несоодветно име. Неговите истражувања се фокусирани на брачната стабилност, а не на верноста. „Тешко е да се користат овие информации за да се предвиди идното однесување кај мажите“, вели тој. Сега тој и неговите колеги работат за да ги потврдат заклучоците и да спроведат слични истражувања кај жените.

Иако можеби постојат генетички разлики што влијаат на верноста, некои студии укажуваат дека мозокот може да се истренира да одолее на искушенија. Во серија необични испитувања, предводени од Џон Лидон, психолог од Универзитетот „Мекгил“ во Монтреал, беше разгледувано како луѓето во една верна врска реагираат соочени со искушенија. Така, многу верни мажи и жени во брак требаше да ја оценат привлечноста на луѓето од спротивниот пол на низа фотографии. Тие, секако, ги дадоа највисоките оценки за луѓето, кои вообичаено би се сметале за привлечни. Подоцна им беа покажани слични фотографии и им беше речено дека личноста е заинтересирана да се запознае со нив. Во таа ситуација, учесниците доследно даваа пониски оценки за тие фотографии отколку во првиот случај. Кога ги привлекува некој што би можел да ја загрози врската, тие инстинктивно си велат самите себе: „Тој не е толку добар“. „Колку повеќе сте верни, толку помалку атрактивни сметате дека се другите луѓе што ја загрозуваат вашата врска“, вели Лидон.

Меѓутоа, дел од истражувањето покажа разлики кај половите во однос на тоа како луѓето реагираат на закана за измама. Во студија на 300 хетеросексуални мажи и жени, половина учесници беа подготвени за измама, замислувајќи кокетен разговор со некој за кого сметаат дека е привлечен. Другата половина, едноставно, замислуваше рутинска средба. Потоа од учесниците во студијата беше побарано да пополнат загатки со зборовите „ло-ален“ „за-на“. Фрагментите, всушност, беа психолошки тест да се откријат потсвесните чувства за верност. Слични загатки беа употребени за да се испитаат потсвесните чувства за предрасуди и стереотипи.

Кај учесниците што замислуваа рутинска средба немаше модел во студијата. Но, имаше разлики меѓу мажите и жените што имаа кокетна фатаназија. Во таа група, мажите беа со поголема веројатност да ги пополнат загатките со неутрални зборови како „локален“ и „замена“. Меѓутоа, жените што замислуваа флертување беа со многу поголема веројатност да ги изберат зборовите „лојален“ и „закана“, што покажува дека вежбата допира до потсвесната загриженост за верноста.

Секако, тоа не го предвидува однесувањето во реалниот свет. Но, јасно изразената разлика во одговорите ги наведе истражувачите да помислат дека жените можеби развиле систем на рано предупредување што ги алармира за заканите за врската.

Други студии од Универзитетот „Мекгил“ ги потврдија разликите како мажите и жените реагираат на такви закани. Во една од нив беа ангажирани привлечни актери или актерки да флертуваат со учесниците во студијата во една чекалница. Подоцна од учесниците беше побарано да одговорат на прашања за нивните врски, особено како би реагирале на лошо однесување од партнерот, на пример, кога доцни и заборава да се јави. Мажите, кои едноставно флертуваа, помалку го простуваа хипотетичкото лошо однесување, што укажува дека атрактивната актерка моментно навлегува во нивната верност. Меѓутоа, жените што флертуваа беа со поголема веројатност да простуваат и да бараат оправдувања за мажот, што укажува дека нивното претходно флертување создало заштитна реакција кога се дискутира за нивната врска.

„Сметаме дека мажите од овие испитувања можеби се верни, но жените имаат план за непредвидени ситуации - привлечната алтернатива го активира алармот. Жените индиректно го шифрираат тоа како закана. Кај мажите не е така“, вели Лидон.

Прашањето е дали една личност може да научи да одолее на искушение. Во друга студија, тимот натера машки испитаници кои имаа верни врски да замислат дека налетуваат на атрактивна жена за викенд кога нивната девојка е отсутна. Потоа, некои од мажите требаше да направат план за непредвидена ситуација, ��ополнувајќи реченица со која се прашува: „Кога таа ми приоѓа, јас ќе ________ за да ја заштитам мојата врска“.

Можеби чувствата за љубов или лојалност не се единствените што ги одржуваат двојките заедно. Наместо тоа, научниците шпекулираат дека нивото на верност можеби зависи од тоа колку една личност го подобрува животот на партнерот и ги проширува хоризонтите на партнерот - концепт, што Артур Арон, психолог и истражувач на врски од Универзитетот „Стони Брук“ во Њујорк, го нарекува „самоекспанзија“. За да се измери тој квалитет, на двојките им се поставуваат низа прашања: Колку вашиот партнер е извор на возбудливо искуство? Колку тоа што го познавате вашиот партнер ве направило подобра личност? Колку го гледате вашиот партнер како начин да се прошират вашите сопствени способности? Истражувачите од „Стони Брук“ направија експерименти користејќи активности што стимулираа самоекспанзија. На некои двојки им беа зададени банални задачи, додека други учествуваа во бесмислена вежба, во која беа врзани заедно и беше побарано да ползат на душек туркајќи цилиндер од пена со нивните глави. Студијата беше лажирана, така што двојките не го запазија временскиот рок во првите два обида, туку едвај успеаја при третиот обид, што заврши со голема прослава.

(Интернешенел хералд трибјун)

ИСТРАЖУВАЊЕ

Хасе Валум, биолог од шведскиот институт "Каролинска", проучуваше 552 двојки близнаци за да дознае нешто повеќе за генот поврзан со регулирањето на мозочното хемиско соединение вазопресин, односно хормонот на зближување во организмот. Згора на се', мажите што имаат варијација во генот се со помала веројатност да бидат венчани, а оние што се венчани се со поголема веројатност да имаат сериозни брачни проблеми и несреќни сопруги


#
Статијата е прочитана 2642 пати.

Испрати коментар

Од: dilan
Датум: 25.01.2011 14:09:04
Covekot e zivotno sto bilo neverstvo vo prvobitnata zaednica????
Од: Radovan
Датум: 25.01.2011 19:37:45
Neverstvoto e simptom na bolest, psiholosska alabilnost i obid za kaznuvanje na bra;niot drugar poradi ccuvstvoto na inferiornost.Potoa toa stanuva vo stil na zziveenje, ssto preminuva vo zavisnost - nessto kako usloven refleks. Vo sekoj sluccaj, simptom na bolest.

Најди! во Утрински
Забава
Иванов - Тоше беше како Диоген со фенерот
„Со љубов од Тоше“
„Даун сајзинг“ за поголемо уживање и економичност
Македонија под уставно име на евровизискиот сајт
Листа на 10 најскапи автомобили, според „Форбс“
Актерката платила за детето 110.000 евра
Свршувачка на младата поп-икона
Два филма за херојот на „Викиликс“