Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

ЏУЛИЈАН АСАНЖ

Два филма за херојот на „Викиликс“

Навистина се очекуваше дека ликот и делото на контроверзниот основач на веб-страницата „Викиликс“, но и осомничен за сексуални престапи, Џулијан Асанж, ќе биде мотив и тема за филмската индустрија, но дека ќе се работат два филма за него во исто време, не се претпоставуваше.

Први, за снимање документарен филм за Асанж се одлучија во „Јуниверзал пикчрс“, каде што за работа ќе се зафати режисерот награден со „Оскар“ за документарец, Алекс Гибни.

Од друга страна, во ХБО ја разгледуваат можноста за снимање игран филм за човекот што објави стотина тајни американски документи. Филмот би се работел во соработка со Би-Би-Си, вклучувајќи ги и материјалите што ги поседува ТВ-куќата, како и написите за Асанж на американскиот новинар Рафи Хачатуријан.

За главната улога во конкуренција се, наводно, Леонардо ди Каприо, Пол Бетани и Даниел Крег.


#
Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Иванов - Тоше беше како Диоген со фенерот
Што не' тера на неверство?
„Со љубов од Тоше“
„Даун сајзинг“ за поголемо уживање и економичност
Македонија под уставно име на евровизискиот сајт
Листа на 10 најскапи автомобили, според „Форбс“
Актерката платила за детето 110.000 евра
Свршувачка на младата поп-икона