ЛЕЈДИ ГАГА
Свршувачка на младата поп-икона
Пејачката Лејди Гага решила да се задоми. Поточно, протече веста дека пејачката се свршила за своето бившо момче, келнерот Лук Карло.
Парот, кој бил во врска пред Гага да стане мегапопуларна, ја раскинал својата врска во 2005 година. Лук, кој за себе вели дека е музичар, и' бил најчеста инспирација кога станува збор за љубовните песни на популарната пејачка. Упатените тврдат дека парот ќе ја обелодени веста за венчавката за време на објавувањето на новиот сингл на Гага.
Засега Лук само се вселил во вилата на пејачката. За прстенот, вели дека се' уште не собрал пари, но и тоа планира да го направи, тврдат пријателите. Нивната свадба, наводно, ќе биде организирана во американскиот град Чарлстон, каде што живеат најголемите фанови на оваа пејачка. Имено, тие веќе втора година прават фестивал посветен на пејачката кога се прават и дефилеа во кои нејзините обожаватели ги носат нејзините најпознати сценски костими. |