Збеснаа грчките блогери
Македонија под уставно име на евровизискиот сајт
Збеснаа грчките медиуми и блогери! На официјалната страница на NDR (eurovision.ndr.de), годинешниот домаќин на изборот за Песна на Евровизија, Македонија е претставена под нејзиното уставно име, што предизвика лавина реакции кај нашиот јужен сосед.
Грција подготви остра протестна нота до Германската национална телевизија, која е организатор на новото евровизиско издание што ќе се одржи во мај во Дизелдорф. Протестираат поради тоа што NDR ги игнорирала правилата на Европската радиодифузна унија и наместо со кратенката ФИРОМ, нашата земја ја напишала под уставнотото име.
Грчките блогери велат дека работата ќе ја истераат до крај, а во прилог на тоа оди и моменталното антигерманско расположение што владее кај нашиот јужен сосед, а е последица на финансиската криза во земјата.
И покрај протестите од страна на нашисот сосед во текот на вчерашниот ден, до затворањето на весникот Македонија остана да стои под своето уставно име на официјалниот евровизиски сајт на германски јазик. |