Вести: автомобили
Листа на 10 најскапи автомобили, според „Форбс“
Кога новинарите од „Форбс“ избираат, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека станува збор за најскапите примероци на планетава. Сепак, листата има и свои недостатоци. На неа се најдени два примерока на наследникот на Ферари Енцо и на Пагани Зонда C9, што се' уште не и' се претставени на јавноста.
10. Rolls Royce Phantom Drophead Coupe – 335.000 евра 9. Lamborghini Murcielago LP670-4 SuperVeloce – 340.300 евра 8. Ferrari SA Aperta – 389.000 евра (очекувана цена) 7. LeBlanc Mirabeau – 545.000 евра 6. SSC Ultimate Aero – 561.000 евра 5. Ferrari F70 – 650.000 евра (очекувана цена) 4. Pagani Zonda C9 – 972.000 евра (очекувана цена) 3. Maybach Landaulet – 1.050.000 евра 2. Koenigsegg Agera – 1.122.000 евра 1. Bugatti Veyron Super Sport – 1.940.000 евра
Интернет во возилата – реалност
Интернетот „он-борд“ наскоро ќе стане секојдневје во возилата. Тоа е чекор до реализација на футуристичките замисли за комуникација меѓу возилата. Севкупната технологија за тот веќе постои, се чека само на иницијална реакција на пазарот и да се види што, како и за колку ќе понудат кармејкерите. Новите технологии во автомобилите се б��рани од младите генерации, кои нонстоп се конектирани со Интернет, и дома и на работа. Се очекува за неколку години да се случи вистински бум на европскиот пазар каде што моментно има 350 милиони возила, а, според студиите, секој возач е подготвен да потроши барем по 10 евра месечно за Интернет во автомобилот.
Кој нуди поевтини батерии – „Нисан“ или „Тесла моторс“?
Од „Тесла моторс“ пристигнуваат информации дека нивниот модел „S“ треба да биде конкурентен поради батериите што се вградуваат во него, а се поевтини од стандардните. Па, така луксузната лимузина на „Тесла“ со четири врати ќе чини само 57.000 американски долари. Анализите на американската компанија покажуваат дека нивниот модел ќе биде попрофитабилен и покрај тоа што ќе се произведува во помал број примероци од директните конкуренти, како што е, на пример, „нисан лиф“.
Тајната е во литиумјонските батерии, кои се поевтини од оние што „Нисан“ ги развива во последните две години. Од „Тесла моторс“ наведуваат дека нивните батерии треба да чинат 200 американски долари по kW, додека, пак, ќелиите со голем формат какви што користи „Нисан“ цената се движи од 700 до 800 долари за kW.
Стартува испораката на „шевролет волт“ во САД
Првите примероци на „шевролет волт“ веќе тргнаа од фабриката во Детроит „Хамтрамк“ кон пазарите од каде што овој револуционерен модел ќе стартува со продажбата. Купувачите во Калифорнија, Тексас, Вашингтон и во Њујорк, во првите денови од годинава, ќе го добијат својот прв и светски единствен електроавтомобил со продолжена автономија на движење. Тоа се првите примероци од оние 160 што во првата недела од продажбата ќе им бидат доставени на дилерите.
За „Шеви“, според Тони ди Сал, маркетинг директор на „Волт“, ова е историски миг. Со „Волт“ светот на автомобилите се редефинира, бидејќи со него ќе може да се доживее возењето без капка потрошено гориво, како и дополнителна слобода со зголемената автономија.
Срцето на електричниот систем за придвижување „волт“ е комбинација на возење исклучиво на батерии, со ефикасен бензински агрегат. Тоа е комбинација што на „волт“ му обезбедува автономија на движење од над 560 км, по што треба да се наполни батеријата или малиот резервоар за гориво. „Волт“ е единствен електромобил што масовно се произведува и тоа во САД.
Во минатата година „Шевролет“ им понуди 15 претпродукциски возила на технолошките ентузијасти. |