Измамник ветувал работни визи за Грција
Струмичката полиција поднесе пријава за лицето З.Т.(27) од село Дабиле за кривично дело измама. Имено, во почетокот на мај годинава З.Т. го довел во заблуда струмичанецот Г.С., ветувајќи му дека ќе му обезбеди работна виза за Грција, за што му зел 6.000 денари и лични документи. Подоцна било констатирано дека на идентичен начин измамил уште осум лица, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од 38.000 денари. (Љ.С.) |