Украдени 19 компјутери
Ноќта меѓу средата и четвртокот, од Основното училиште „Емин Дураку“ во скопското село Долна Арнакија непознат провалник одзел деветнаесет компјутери од марката „компакт“. Со направената кражба била причинета материјална штета од околу 150.000 денари.
Кражбата била извршена со насилно отворање на влезната врата на училиштето, а по извршено пребарување на училниците, во една од нив биле пронајдени компјутерите. (Ц.Х.) |