Искршена вилица во тепачка
На улицата „Македонски просветители“, пред кафе-барот „Пулс“ во Охрид, завчера дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале лицата М.Ј.(37), М.К.(29) и Д.С.(42), сите од Охрид. Откако претходно се довеле во алкохолизирана состојба, М.Ј. и М.К. излегле од кафе-барот каде што го затекнале лицето Д.С. како растовара цигли на тротоарот. Тие започнале расправија со Д.С., но караницата прераснала во тепачка. Иако за цело време се бранел и возвраќал на ударите, сепак, Д.С. го извлекол подебелиот крај, но во тепачката М.Ј. се здобил со фрактура на горната вилица, а другите двајца со повреди на главите. (Ц.Х.) |