Непознати насилници изболе двајца млади
Вчера во 2 часот лекар од Медицинскиот центар во Велес пријавил во полиција дека кај нив биле донесени две лица со убодни рани. Од извршените разговори со повредените, велешката полиција утврдила дека настанот се случил во дворот на ОУ „Васил Главинов“ каде што група од повеќемина непознати лица физички ги нападнале: В.П.(22), Д.З.(23) и Љ.Ј.(27), тројцата од Велес.
Во нападот В.П. се здобил со тешка повреда, односно со убодна рана од остар предмет во грбот, а Д.З. со убодна рана во пределот на грбот и скршена клучна коска, додека кај Љ.Ј. биле констатирани само телесни повреди. (Ц.Х.) |