Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Хроника

Петчлена група извршила триесетина кражби

Поднесената кривична пријава, главно, се однесува на кражби на возила, но и за кражби во станови и во фирми

Петмина скопјани се осомничени од полиција дека за многу краток период извршиле 30-ина кривични дела. Кривичната пријава е за одземање патнички возила и кражби во автомобили, провални кражби во куќи и продавници, а се однесува на А.А.(20), Ќ.Е.(20), Е.А.(21) и Ј.Ф.(20) за кои била распишана потрага.

По пронаоѓањето, осомничените биле спроведени во полициската станица „Бит-пазар“ каде што со нив биле извршени разговори, а по преземени оперативно-тактички мерки за документирање на направените кривични дела ќе следува и соодветен поднесок, односно кривичната пријава.

Според досега обезбедените сознанија на скопската полиција осомничените на 14 јуни одзеле возило „застава 101“. Возилото што било паркирано пред паркингот на „Македонска пошта“ на улицата „Маркс и Енгелс“ било украдено така што А.А. со подесен клуч или калауз го отворил возилото, а потоа со кинење на жиците и нивно поврзување го ставил во движење. Сите петмина го возеле возилото се' додека во него имало бензин, а потоа за сума од 5.000 денари му го продале на извесен А.Р. од Скопје. Купувачот го растурил возилото на делови, и повеќе од нив продал во повеќе отпади во Скопје како старо железо. Кај него подоцна бил пронајден моторот, менувачот, боцата за плин, шофершајбна и други поситни делови, но и сообраќајната и возачката дозвола, како и личната карта на вистинскиот сопственик. Полицијата пронашла и несесер во кој имало повеќе банкарски картички. Пронајдените предмети полицијата ги одзела и му се вратени на сопственикот.

Само пет дена подоцна, односно на 21 јуни, од булеварот „Партизански одреди“ осомничените одзеле возило „рено 4“ кое по користењето било оставено на паркингот на улицата „Самоилова“, кај скопското Кале.

На речиси идентичен начин, меѓу 8 и 10 јуни било украдено возило „лада“, кое било паркирана на улицата „11 Октомври“. И овој автомобил крадците го возеле, а потоа го оставиле на улицата „Ленинова“.

Од паркинг на улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ групата се обидела да одземе возило „застава 750“, но и покрај нивните обиди да го стават во движење, не успеале.

Освен кражбите на возила, оваа група е осомничена и за повеќе тешки кражби. Во долгата серија кражби, полицијата ги наведува кражбите во адвокатска канцеларија на улицата „Пајко Маало“, фирмите „Стемит и Р“, „Бела уно“ „Абринконтон порта“, сервисот „Цуки“, Централна кооперативна банка и сендвичарница „Бакс“. Освен записници, за наведените кражби полицијата обезбедила и дел од украденото. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 904 пати.

Испрати коментар

Од: marika cair
Датум: 09.07.2011 20:45:55
uste poloso ce bide sega koga vlada dobi krila po izbori uste povece ce otpisuva nevraboteni od spisok na nevraboteni i uste povece ce krati ptava za socijala i sini kartoni da ni prikazuva rozova slika a kriminalot ima da explodira.....
Од: Roka
Датум: 10.07.2011 07:56:26
po 10 godini zatvor

Најди! во Утрински
Хроника
Украдени стотици метри кабел од новиот авиотерминал
Во тепачка на две групи, еден тешко ранет
Украдени 19 компјутери
Штета наплатена со насилство
Измамник ветувал работни визи за Грција
Од „Мост“ украдени 197 пара патики
Непознати насилници изболе двајца млади
Искршена вилица во тепачка
Прегазен велосипедист

"""