Украдени стотици метри кабел од новиот авиотерминал
Завчера во полициската станица „Гази Баба“ фирмата „Нова-Тек“ доставила писмена пријава дека ноќта меѓу 20 и 21 јуни непознат сторител извршил тешка кражба.
Кражбата, според наводите на пријавата, била извршена во просториите на терминалот во изградба, лоциран во кругот на скопскиот аеродром „Александар Велики“, од каде што биле одземени електрични кабли со должини од 120, 150 и 100 метри. Станува збор за кабли со различни димензии, но вкупната штета е проценета на 825.000 денари, или близу 15.000 евра. Сторителот кражбата ја извршил така што незабележан од никого дошол до просториите на терминалот во изградба и потоа со погоден алат ја отворил вратата од просторијата, а откако ги одзел каблите, повторно незабележан од никого, си заминал. (Ц.Х.) |