Брoj 2702  вторник, 03 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Инфлацијата во мај 9,5 отсто?

Ова треба да ги алармира надлежните институции да применат политика за нејзино зауздување

Александрија Стевковска

По два месеца двоцифрена инфлација, во мај таа бележи само благо намалување и се позиционираше на 9,5 отсто во однос на истиот месец минатата година. Ова го покажува работната верзија на статистичките податоци за минатиот месец, кои се' уште не се официјално објавени на веб-страницата на Државниот завод за статистика. Со ова практично се реализира најавата дека инфлацијата во март и во април годинава го достигна плафонот и дека во преостанатите месеци од годинава може да се очекува нејзино намалување. Сепак, стапката на инфлација, која е висока три месеци, според експертите, треба да ги алармира надлежните институции да применат политика за нејзино зауздување, особено поради тоа што станува збор за глобален феномен против кој многу земји веќе се борат.

„Во првите четири месеци годинава имаше голем пораст на цената на храната, што ја подгреа инфлацијата, но мајското намалување на нејзината стапка покажува дека е срушена психолошката граница од двоцифрена бројка и дека таа почнува надолен тренд. Сепак, далеку сме од решавање на проблемот, во што владата мора активно да се вклучи“, вели професорот на ФОН, Благоја Спировски. Тој смета дека владата треба или да ја намали јавната потрошувачка или да ги зголеми давачките, што како мерка не е содржана во изборната програма на владејачката партија.

„Не е доволна интервенцијата само на монетарната власт туку е неопходно и дејствување на фискалната власт“, смета Спировски.

Според него, надлежните мора да настапат со антиинфлациона краткорочна и долгорочна фискална политика.

„Краткорочните мерки се однесуваат на решавање на проблемот со цените на нафтените деривати, преку изнаоѓање инструменти за стабилизирање на нивната цена, која понатаму врши притисок врз другите цени. Во краткорочни мерки спаѓаат и оние со кои ќе се обезбедат доволно резерви на храна сега, кога таа е поевтина. Тоа, пак, ќе овозможи намалување на цените на инпутите во производството на храна. Долгорочно државата треба да инвестира во производство на струја, но и во производството на храна“, вели Спировски.

Практиката покажа дека акцијата за намалување на цените на основните прехранбени производи не го даде посакуваниот ефект, а непотребните државни трошења дополнително влијаеја врз растот на инфлацијата, иако високата стапка на инфлација се должи на увозната компонента.

Упатените прогнозираа дека ќе имаме инфлација и во мај, што и се овистини. Имено, пуштањето пари во оптек во изборната кампања, со печатење промотивни материјали и други активности, влијаеше врз одржување висока стапка на инфлација. Тие очекуваат нејзино благо намалување дури во јуни, јули и август, кога има голема понуда на земјоделски производи.

Досега сите експерти укажуваа дека зауздувањето на инфлацијата може да се направи само со соработка на монетарната и фискалната власт.


Статијата е прочитана 539 пати.

Испрати коментар

Од: Trajko od Shtuka
Датум: 03.06.2008 11:15:30
Pa ovaa bas i ne e tolku znacajno.Ovie koi trebase si obezbedija fotelji za cetiri godini.Pa po niv ako treba neka ima i potop.
Од: Goce
Датум: 03.06.2008 12:30:22
Ne e bitno sto ima se' pomalku pari vo dzebot. Bitno e sto "prerodbata" prodolzuva(la). Kje vidite kako kje bide dogodina. No, sekoj narod ima drzava i vlast kakva sto zasluzuva.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Избори натопени со крв
Зденко
Трамвајот наречен желба
ДИК ја потврди победата на „портокаловата коалиција“
Влијателниот француски дизајнер замина во легендите
ЕУ разочарана од изборите во Македонија
Регионалната стабилност на коцка
Во 5 кај вртелешките!
Тачи зборува за слатка победа, а Ахмети за крвава свадба
Verbatim