Брисел бара прегласување заради легитимитет на изборите
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
БРИСЕЛ - Европската унија е разочарана од изборите во Македонија и инсистира, заради поправање на имиџот на земјата и заради легитимитет на гласањето, тие да се повторат во одредени делови од државата. Ова е главната порака од сите реакции вчера во Европската унија, која очигледно не сака сосема да и' ја затвори вратата на Македонија, па инсистира да се поправи штетата од скандалозното гласање како најдобар начин да се добие јасен исход од изборите.
„Разочарани сме од тоа што во почетокот на денот имаше многу насилство, особено во одредени области во земјата“, изјави Кристина Галах, портпаролка на еврофункционерот Хавиер Солана. „Тоа е причина што предлогот на премиерот за повторување на изборите во тие области е добредојден, бидејќи тоа ќе биде најдобриот начин да се добие многу јасен исход на процесот, кој е многу битен во земјата. Изборите се фундаментален момент на среќа на една земја, зашто се избираат претставници во парламентот, па овие груби насилства можат да ја нарушат сериозно таа перцепција. Затоа нашата главна порака е да го поддржиме повторувањето на изборите во областите во кои се случи главното насилство“, изјави Галах за македонските медиуми.
Таа не сакаше да прејудицира како ќе се одрази ваквиот исход од изборите на евроинтеграцијата на Македонија, но оцени дека земја-кандидат за членство, која направила толку многу прогрес во толку многу области и со толкави напори, не го пласира баш најдобро со настани од ваква природа. „Се' заедно, ситуацијата не е добра. Но, добро е тоа што инцидентите беа локализирани во специфични делови на земјата“, изјави Галах, додавајќи дека ЕУ не е таа што треба да ја лоцира вината за насилствата и нерегуларностите, туку да ги повика безбедносните структури да дејствуваат поодлучувачки за да не се повторат случувањата. „Треба да бараме одговорност од лидерите и од претставниците на овие заедници за да објаснат зошто дејствуваа вака насилно“, прецизираше Галах, избегнувајќи да ги посочи отворено албанските политички партии.
Хавиер Солана, високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика вчера изјави дека е разочаран што не се оствариле очекувањата на Европската унија. "Ги следев изборите во Македонија и остро ја осудувам употребата на насилство на изборниот ден и многубројните обиди да се заплашат гласачите. Секако, разочаран сум бидејќи не се остварија очекувањата за напредок, особено поради неуспехот да се спречат насилствата во етничките албански средини. Исто така, жалам поради многуте нерегуларности што се случија за време на кампањата како што се заплашување и примери на злоупотреба на медиумите. Главните европски заложби не беа исполнети.
Сепак, нашата целосна проценка ќе зависи од натамошното справување и истрагата за идентификуваните насилства. Во тој контекст ги поздравувам изјавите на премиерот Груевски и другите политички лидери дека го поддржуваат прегласувањето во регионите кои беа зафатени од насилство и нерегуларности. Гласачите мора да го имаат последниот збор и не треба да се штедат никакви напори за да се осигура легитимноста на изборните резултати".
Од Кабинетот на Оли Рен првичната реакција беше дека се многу загрижени што се случија толку насилства на изборите, дека жалат за изгубениот живот, но дека Рен зборувал со премиерот Никола Груевски и добил ветување дека ќе се повторат гласањата таму каде што беа регистрирани инциденти.
„Овој ден требаше да биде мирна демонстрација на демократските вредности, а резултираше со загубен живот и со неколкумина повредени“, стои во соопштението од Кабинетот на Рен. Притоа, тој ги обвини властите дека го применувале селективно законот, заклучувајќи дека тоа е причина за нивна сериозна загриженост. „Суштински е властите да реагираат на овие откритија и на препораките што ќе следуваат“, изјави Рен.
Вчера сите беа во големо исчекување на извештајот на ОДИХР, бидејќи сликата за случувањата за време на изборите не беше сосема јасна во Брисел. Најостра беше реакцијата од Ангелика Бер од Групата на зелените во Европскиот парламент, која го повика премиерот Груевски да ја употреби целата своја политичка тежина за да се смири ситуацијата во земјата, порачувајќи дека за Македонија на ваков начин нема иднина во Унијата. Според неа, на сите политички партии во Македонија им треба нов начин за размислување ако сакаат напредок на земјата, заклучувајќи дека делумната националистичка реторика за време на кампањата, особено насилствата за време на изборите, се отфрлаат како целосно неприфатливи. (С. Ј.)
Nishto od Evropa i NATO, Makedonija vekje ja sporeduvaat so Zimbabve i slichni zemji, narodot po obichaj seushte e nedorasnat pred se za svojata drzava, a potoa za se drugo. Populizmot na VMRO, so nepromenata na imeto, fakulteti rechesi vo sekoj grad, kompjuter za sekoj uchenik, subvencii, besplatni lekovi koi nepostojat i red se drugo ubedlivo pobedi. Na seto toa, silata i zakanite, potkupot i dadenite obekjanja go storija toa. Za sledni izbori i ne se razmisluva vekje, tuku za referendum za podelba na Makedonija.
Vo ova parche zemja, po se izgleda kje nema bel den za nas povekjeto. Mediumite prethodno bea pokrieni od Vlasta (i vladee mediumski mrak), instituciite politichki gi oboija, policijata nagolemo raboti za vlasta, represiite se prisutni, a se ochekuvaat povekje. Albanija, Bosna, Bugarija se vekje pred nas vo se, ovie izbori bea posledna shansa, no Makedonija ne go saka toa.
Од: MKD
Датум: 03.06.2008 10:51:58
Gospodjata Pax i drugite licnosti od EU treba poimeno da kazat deka nasilstvata za vreme na izborite se slucija vo Albanski naselenite podracja no izgleda toa ne im odgovara
Од: Makedonec vo EU
Датум: 03.06.2008 10:54:21
"Европската унија, која очигледно не сака сосема да и' ја затвори вратата на Македонија" - Kako bozem vratata nekogas da bila otvorena? Makedonija e taa sto treba da ja otvori, a ne EU. Ama so Siptarskiot napreden mentalitet, izgraden od nasilna pustinska dogma od 7-iot vek, narecena Islam, tesko.
Од: vali
Датум: 03.06.2008 11:29:11
Ocigledno e deka kade ima etnicko albansko naselenie ima nasilstvo i neregularnusti. Uste poocigledno e deka na ova naseleni ne i odgovara Makedonija da odi napred. Predlagam na tie mesta kade ce ima preglasuvanje da ima povece stranski nabluduvaci. Vo celost izborite se odviva odlicno i Makedoncite pokazaa fer i demokratki nacin na glasanje.
Од: trajce
Датум: 03.06.2008 13:39:42
Da vidam i da cujam nema da veruvam deka Solana go upotrebil zborot Makedonija. I prestanete da mu se podlizuvate, prevedete kako sto rekol FIROM ili Zemjata. Toj dokazan Makedonomrazec nema da go izgovori zborot Makedonija ni po cena od nekolku stotini iljadi Evra.
Од: Sula
Датум: 03.06.2008 14:17:34
Заради тоа што не функционира државата се криви Албанците или власта на оваа држава. Крив е менталитетот на Албанците или некадарноста на власта да организира избори... Како може на изборите во 1991 да немаше ниту еден инцидент, а по 17 години да има мртви и ранети... Не ќе да се албанците, оти менталитетот им е ист (патем може ли некој да објасни што значи овој збор?), туку организаторот. И не туку се палете ко млади мајмуни на фашизмот што ви се сервира. Мојата нација - Македонската секогаш се препознавала по толерантност, а не по омраза. Приберете се, не се занесувајте дека ќе ни биде подобро ако сме сами... Се плашам дека како сме тргнале да ја напуштаме цивилизацијава на крајот и ќе разбереме што значи да бидеме сами...
Од: mene
Датум: 03.06.2008 14:37:30
Vi se cudam na komentarite. Ili pak mozebi veke pocnalo ostavuvanjeto na necija agenda. Insistiranjeto da se naglasi deka neregulanosti imalo samo vo delovi od severozapadna Makedonija, moze samo da znaci deka nekoj zagovara uste od sega teritorijalna podelba. dali mozebi vo toj pravec se i proektite za izgradba na aerodrom vo Stip i otvoranjeto na univerzitot vo istiot grad. Logicno bi bilo deka Skopje kako podelen grad ne bi mozel da bide administrativen centar na "etnicki cistata" Makedonija. Samo dali vi e jasno deka so podelbata prestanuva da postoi i drzavata. Taka sto zacuvanoto ime ke nema za sto da se koristi.
Од: Anti-defetist
Датум: 03.06.2008 15:48:53
Do koga so defetisticki stavovi, dosta seete magla deka eve "ako mojata opcija" ne pobedila, gotovo kraj na svetot e... Dali do tolku treba da bideme servilni vo odnos na stranskite interesi, koi ako ne im e po kejf lanskiot ajvar (bil mnogu lut) nema da ne primat vo nivno drustvo i poradi toa doagja apokalipsa?! Ne moze mene nekoj postojano da mi go presoluva ajvarot i da me ubedue deka e toa dobro za mene, a jas znam deka ne sakam solen ajvar, zasto go jadam so prekrasno (vece soleno) polnomasno ovco sirenje?
Од: jimmy1
Датум: 03.06.2008 16:57:14
EU e razocarana sto postoi. E pa gospoda evropljani sega znaete kogo podrzuvate, na kogo mu dadovte drzava i si kogo ste imale rabota.
Toj Solajna treba da se obrici.