Брoj 2702  вторник, 03 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Трамвајот наречен желба

Билјана Ангеловска

Трамвајот кој за многу скопјани од поодамна е само неостварена желба, се чини конечно ќе стане реалност. Дваесетина години старата идеја повторно беше реафирмирана со доаѓањето на Трифун Костовски на чело на Скопје. Тој веднаш откако стапи на функцијата ја заговараше идејата за трамвај и упорноста со која настојуваше да ја реализира, очигледно се исплати, бидејќи изградбата ќе стартува уште годинава. Значи, колку скопјани да му се лутат на својот градски татко и да му забележуваат за лошите потези и одлуки, кога на крајот ќе се сумираат резултатите од неговиот четиригодишен мандат, ако Костовски ја оствари својата идеја, ќе остане запаметен по грандиозниот проект, изградба на трамвај во Скопје. А трамвајот, веројатно ќе го добие името „трамвајот на Трифун“.

Ваков потфат во Скопје немало децении наназад, можеби уште од изградбата на Железничката станица. Несомнено, трамвајот ќе значи сосем нова динамика на животот во главниот град, нов сообраќаен режим, ќе придонесе за помала употреба на автомобилите, ќе го олесни протокот на возила. Единствено што не смее да се дозволи тоа е работата да почне, па да запре. Зашто, факт е дека Костовски нема ни минимум пари за да ја истера докрај замислата. Бидејќи желбата не е доволна да го изгради трамвајот, мора да се истрае во намерата, да се стори се' да се обезбедат потребните средства. Мора сите фактори и во градот и во државата да направат големи напори да донесат пари, да ги анимираат и привлечат заинтересираните инвеститори. И секако, новиот градски татко да не го заборави „трамвајот на Трифун“, бидејќи сигурно е дека Костовски нема да може да го заврши проектот во својот мандат, што не значи дека неговиот наследник не треба да го стори тоа.


Статијата е прочитана 783 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar Mihajlovski
Датум: 03.06.2008 11:20:40
Tramvaj vo 21 vek. Ma ajde ti se molam. Gragjanite vo 70 tite ednas ja otfrlija taa ideja. Skopskive tesni bulevari ne davaat moznost za kopanje trasa za tramvaj. Toa e prevozno sredstvo sto se vovelo po drugite svetski metropoli pred 2 veka. Ste ja utnale statijava za podrska na Trifun, isto kako sto nemu mu e utnata i idejata.
Од: elenka
Датум: 03.06.2008 12:53:45
Kako prvo toa ne e negova zasluga tuku na toa se rabotelo so godini a kako vtoro tocno ima modreni tramvai vo Ev lesni i brzi i so mal zvuk no nemoj da bide kako vo 3.tite zemji kade otkupuvat stari tramvai od zapadni zemji kade gi koristele pred 50-100godini...n.p. vo Aleksandrija vozat tramvaii koi vozele vo Kopenhagen pred 70godini....pa se nadevam vo Sk nema da vozat stari(mozebi i pokloneti)tramvai koi vozele vo Sofija pred 60-70godini......
Од: demokrat
Датум: 03.06.2008 13:29:44
Tramvajot e neophodnost za Skopje. Tvrdenjeto deka skopskite ulici se tesni, vo celost e pogresno. Vo Evropa vo sekoe gratce so 50 iljadi ziteli postoi tramvajska linija, a kolku se siroki ulicite vo vakvite gratcinja ne treba mnogu da se zboruva. Zatoa davam celosna podrska za ovoj proekt...!
Од: blaze
Датум: 03.06.2008 16:02:11
tramvajot deneska vo MAKEDONIA e golema razlika na na periodot od nego do ova intelektualno posmoderno globalisticko opstestvo tramvajot vo MAKEDONIA e srazmerno so intelektualnata mojk na predhristovoto vreme deneska vo MAKEDONIA moze da se stavi dvizejne na covekot vo tehnicka forma na vremeto sto go ziveeme ekonomski lesno brzo pocituvano i vo sklop na moderna civilizacija sto moze da ja primeni sekoj so sekoja fizicka mojk na upotreba barem deneska gi ima naucnicite vo MAKEDONIA so lopata da gi rinis sto vo svetot mozat da postignat visoko kvalitetni uslugi a ne vo edno malo SKOPJE spolajvi
Од: jimmy1
Датум: 03.06.2008 17:16:52
Uste malu ke se proizveduvaat letacki patnicki transport a tie se uste mislat na tramvaite. Tramvaite ke predizvikaat golem haos vo soobrakajot. Modernite drzavi gi ukinuvaat tramvaite a nie ke gi voveduvame, ke se vrakame 100 godini nanazad. Na sekoja postoja vozilata treba da cekaat za da vlezat ili izlezat patnicite, tramvajot ne mozis i ne smees ta go zaobikolis, tuku ke si tapkas po nego.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Избори натопени со крв
Зденко
ДИК ја потврди победата на „портокаловата коалиција“
Влијателниот француски дизајнер замина во легендите
ЕУ разочарана од изборите во Македонија
Регионалната стабилност на коцка
Во 5 кај вртелешките!
Тачи зборува за слатка победа, а Ахмети за крвава свадба
Verbatim
Инфлацијата во мај 9,5 отсто?