Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Работници на определено време од Источна Европа

Многу фирми стравуваат од дампинг на платите, но дел од нив едвај го чекаа отворањето на пазарот на работна сила

Од 1 мај работници од источноевропските членки на ЕУ можат без ограничувања да работат во Германија. Многу фирми стравуваат од дампинг на платите, но дел од нив едвај го чекаа денот на отворање на пазарот на работна сила.

Тред ден од практиката на Агњешка Марковска. Таа има повеќе од десет години работно искуство како медицинска сестра во Полска, но во Германија треба допрва да ја воведат во работните обврски.

Пред два месеца Агњешка Марковска го видела огласот во еден полски интернет-форум: „Итно се бараат негуватели од Источна Европа!“

„Ах, госпоѓо Марковска, здраво“.

Фирмата „Мед контор“ посредува медицински персонал и итно има потреба од луѓе како неа. Фирмата ја финансира тринеделната практика што е период на воведување во работата.

„Сакам да живеам во Германија нормално, а за тоа треба да го учам германскиот јазик и да работам. Мислам дека за м��не е подобро да учам и да работам и да имам контакти со луѓе што зборуваат германски. Тоа е подобро за мене“, убедена е Марковска.

По практиката таа ќе посетува уште еден интензивен курс по германски за негуватели. Тоа е уште една инвестиција, пред да биде преземена од фирмата за посредување работници.

„Таа е многу добро квалификувана, што често е карактеристика за негувателите од Балтикот и од Полска. Што се однесува до јазикот, може се' да се научи. Тоа е долг пат, но можен. Таа, пред се', е многу мотивирана, многу вредна, ангажирана, тоа е убаво“, објаснува Хелена Мус од персоналното одделение на фирмата „Мед контор“.

Фирмата уште од минатата година има проблеми да најде квалификувани работници за работните места во медицината. Оттогаш „Мед контор“ ги протегна своите краци кон Полска и Балтикот и таму активно бара работна сила. Мотото на шефицата гласи: Принцот мора да се бакне за да се разбуди. Таа не верува дека Германија, сега, ќе биде преплавена од кандидати за работа. Напротив, таа дури има вработено двајца нови работници со познавања на полски и на руски јазик, кои во регионот бараат стручна работна сила. И тоа не е се', таа сака да инвестира и натаму:

„Има многу трошоци претходно. Мора да се смета со тоа дека кога работниците доаѓаат овде им е потребна придружба и поддршка при контактите со властите. Ние нудиме соодветно сместување зашто само оној што се чувствува пријатно, тој и останува“, вели Кармен фон Борке, шефица на „Мед контор“.

Додека рутината да добие свој тек ќе минат уште неколку дена, но за три месеци госпоѓа Марковска, веројатно, ќе може да почне да работи со полно работно време во некоја од германските болници. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 976 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Навали народе, македонскиот зеленчук е безбеден
Наместо да инвестира, „Шишеџам“ уште снима и анализира
Кризата може да ги зафати Белгија и Италија
Британските банки бегаат од еврозоната
Половина од Грците се против владините мерки за штедење
Дефицитот на САД ќе достигне до десет отсто

"""