Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Наместо да инвестира, „Шишеџам“ уште снима и анализира

Од Агенцијата за странски инвестиции велат дека Турците ќе дојдат наскоро

Маја Томиќ

Нема абер за најизвесната инвестиција на турски „Шишеџам“, која Владата ја најавуваше во повеќе наврати уште пред крајот на 2010 година, а за првиот квартал од оваа година. Првично, инвеститорите од Турција требаа да потпишат договор со Владата до крајот на март. Откако не се случи тоа, Владата пред околу два месеца рече дека за исто толкав период ќе дојде турската инвестиција во земјава, но неа се' уште ја нема. Во меѓувреме, во текот на последните неколку месеци, претставници на компанијата многупати дојдоа и преговараа со луѓе од владиниот кабинет. Иако без никакви прецизни детали дали и кога ќе стаса оваа инвестиција во зоната „Бунарџик“, сепак, остана оптимизмот на надлежните. Од Агенцијата за странски инвестиции велат дека зачестените посети на тимови од „Шишеџам“ во последниот период биле за да се направи длабинска анализа и да се дефинираат сите технолошки и ��кономски параметри, бидејќи бил специфичен технолошкиот процес.

„Ние сме во постојана комуникација со релевантни претставници на компанијата и во најскоро време ја очекуваме финалната одлука за отпочнување на инвестицискиот циклус. Во изминативе месеци од фирмата инсистираа на детаљни повеќекратни проверки и на обезбедување сигурни информации во врска со сите детали околу оперативните трошоци за производство, а се разгледуваа и трендовите на регионалниот пазар на стаклена амбалажа“, вели Иван Илиев од Агенцијата. Притоа, затоа што станува збор за планирана инвестиција за наредните 20 години, внимание морало да им се посвети на квалитетот и на количините потребни минерални суровини, како и на логистичката поставеност на комплексот.

Турската „Шишеџам“ уште во март 2009 година, пред локалните и претседателските избори, беше претставена од Владата како нов инвеститор во државата. Оттогаш досега, три пати се одложува стартот на изградбата на фабриката во „Бунарџик“, и покрај тоа што државата дава низа поволности и даночни ослободувања на компаниите што сакаат да вложуваат во слободните зони. Пред две години, како најоправдана причина се посочуваше светската економска криза, а сега работите, веројатно, малку забавија поради изборите.

А, „Шишеџам“, уште недојдена најави проширување на инвестицијата во Македонија. Во средината на април, на Економскиот форум во Истанбул вицепремиерот Владимир Пешевски, по средбата со раководството на оваа компанија, рече дека таа ја разгледува можноста да ја прошири првичната инвестиција, од 50 милиони евра на 150, со изградба на уште две дополнителни фабрики. Покрај фабриката за стаклена амбалажа, исто така, и за производство на рамно и на автомобилско стакло. Одлуката, според Пешевски, требало да биде донесена во наредните два месеца, кои веќе изминаа.

Во меѓувреме, како што неодамна пренесоа странски агенции, „Шишеџам“ инвестира во Бугарија каде што отвори уште една фабрика. По таа вест, од турската амбасада во Македонија информираа дека инвестицијата во земјава не е откажана и оти компанијата е присутна во Бугарија од поодамна, а последната инвестиција таму била проширување на постојната.


#
Статијата е прочитана 1149 пати.

Испрати коментар

Од: На Шишеџам се гради успешна кариера
Датум: 20.06.2011 01:17:56
За „успешното“ донесување на Шишеџам во РМ, поранешниот ген. конзул во Истанбул беше награден со зголемување на платата за 20%, а потоа беше унапреден за амбасадор на РМ во Словенија! Ете така се „гради“ персонална, а не кадровска политика во МНР! Ќе си го купиш местото со парички, а потоа следат награди и унапредувања по желба!
Од: dalaj
Датум: 20.06.2011 07:40:56
Go biva Nikola be nema mana deteto samo da imashe ushte nekoja mlekara kako Bitolskata oti toj samo takvi investicii od stranstvo priznava i nosi vo Makedonija.Koljo ke bide zapameten vo istorijata po toa shto gi unishti kravite vo Makedonija .Porano edni gi unishtija kozite ovaj mu se zapna na kravite.Oti be luge ne si ja sakate drzavata ?
Од: kole
Датум: 20.06.2011 13:55:12
Ke ispituva do slednite izbori........ ke vlezat vo noviot Manifest na Grujo.......nadgraden i prosiren......potocno nagrden i prosaran........
Од: Трпе
Датум: 20.06.2011 16:03:32
Ако сите снимат и анализират,дали да инвестират кај нас.Нам не ни треба вакви анализи.Дали се има некој прашано колку ние имаме инвестирано во чешка и во леарниците во Фиренца.Добриот глас надалеку се слуша.Затоа инвеститорите ни чекат во колони на граница.Време е да ги повлечеме промоторите.Што ке правиме со толку многу инвеститори ,ке мора да увезуваме и работна рака.
Од: Mudrec
Датум: 20.06.2011 17:12:32
Ja poddrzuvam Vladata, no smetam deka gresi sto objavuva iminja na firmi pred tie da ja donesat svojata konecna odluka. Biznisot bara diskrecija, a za reklamiranje e lesno koga odlukata ke bide donesena.

Најди! во Утрински
Економија
Навали народе, македонскиот зеленчук е безбеден
Работници на определено време од Источна Европа
Кризата може да ги зафати Белгија и Италија
Британските банки бегаат од еврозоната
Половина од Грците се против владините мерки за штедење
Дефицитот на САД ќе достигне до десет отсто

"""