Дефицитот на САД ќе достигне до десет отсто
Вашингтон - САД оваа година ќе ја завршат со голем буџетски дефицит од 9,9 проценти од домашниот бруто-производ, соопшти Меѓународниот монетарен фонд. Експертите од ММФ проценуваат дека САД следната година ќе успеат донекаде да го намалат буџетскиот дефицит, но тој и натаму ќе биде висок и ќе изнесува 7,8 отсто.
Во групата седум најразвиени западни земји голем буџетски дефицит има и Јапонија. Земјата оваа година ќе има дефицит од 10,5 отсто, додека во 2012 е предвидено негово намалување на 9,1 процент.
Франција оваа година ќе има дефицит од 5,8 отсто, а следната 4,9 проценти, додека Германија 2011 година ќе ја заврши со дефицит од 1,9 проценти, во 2012 тој ќе се намали на 1,1 отсто, што е значително помалку од максимумот од три проценти утврден на ниво на ЕУ. (МИА) |