Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Во Македонија нема свинско месо од Ирска

На пазарот во Македонија нема опасност да се најде свинско месо увезено од Ирска, контаминирано со диоксин. Првиот човек на Ветеринарната управа, Дејан Рунтевски, потврди дека земјава не увезува свинско од Ирска, што значи дека потрошувачите не се доведени во опасност да консумираат контаминирано месо. Претставници на здравствените служби во Европа деновиве ги повикаа своите потрошувачи да не јадат ирско свинско месо откако во ирските преработки од свинско и во храната за свињите е пронајден диоксин, потенцијално канцерогена супстанција, во 80-200 пати поголеми количества од дозволените.

Откако властите во Даблин објавија дека ирските производи од свинско месо се со диоксин, на продавниците низ Европа им е наложено да ги повлечат од продажба ирската сланина, шунка и колбаси.

Повлекувањето на сите преработки од свинско месо, произведени по 1 септември, ирската влада го нарече мерка на претпазливост.

Главниот инспектор на ирската ветеринарна служба соопшти дека контаминираното свинско месо било извезено во 20-25 држави.

Ирска е голем извозник на свинско, а Велика Британија е нејзин најголем пазар, следуваат Германија, Франција, Русија и Јапонија.

Агенциите веќе јавија за повлекување 60 тони ирски производи од свинско месо од Бугарија, а контаминираното месо најверојатно било извезено и во Хонгконг, Кина и во Холандија. (А.С.)


Статијата е прочитана 160 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Владата и' го даде дизелот на „Окта“ поради големите залихи
Македонската берза само гаси пожари на краток рок
Дефицитот достигна речиси 2,5 милијарди долари
„Евроинс осигурување“ ќе воведе агентска мрежа на продажба
Конфекционерите бараат намалување на придонесите за вработување