Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Конфекционерите бараат намалување на придонесите за вработување

ПРИЛЕП - Конфекционерите од Прилеп побараа од Владата конкретни мерки за ублажување на негативните ефекти од глобалната финансиска криза. Пакетот мерки донесени неодамна не се однесува на текстилната индустрија која не може да си дозволи давачки кога не работи.

„Намалена е работата за 20 до 50 проценти. Ние ќе предложиме укинување на давачките спрема државата за даноци и придонеси во време кога не се работи за да не ги отпуштаме вработените“, изјави претседателот на Групацијата за текстил при Регионалната стопанска комора, Благоја Конески.

„Во мојата фирма обемот на работа е намален за 10 проценти, но поголем проблем е што не може да се планира производството. Треба да се избориме со транспортните претпријатија за намалување на нивните цени затоа што и цената на нафтата осетно се намали. Интересен е примерот на конкретна мерка на кинеската влада. Затоа што им се намалил извозот во земјите од ЕУ, Кина од 1јануари 2009 година за 90 отсто го намалува контејнерскиот транспорт до Англија“, рече косопственикот на конфекцијата „Ангел“, Ирена Јакимоска. Меѓу мерките што треба да помогнат конфекционерите го посочија и потпишувањето на спогодбата за кумулативно право меѓу Македонија и Турција.

„Ако се потпише таа спогодба, фирмите од ЕУ ќе можат да ги носат нивните конфекциски единици да се изработуваат кај нас. Со тоа не ќе мора да плаќаат 17 отсто во нивните земји како досега. Така ние ќе бидеме поевтини или на рамниште на Бугарија, која е членка на Унијата“, заклучи Васко Мариноски, сопственик на конфекцијата „Кули“.

На средбата на прилепските текстилци беше речено дека од околу 2.500 вработени во 25 поголеми и дваесетина помали фирми, поради немањето работа, околу 1.000 работници моментално седат дома на неплатен одмор. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 172 пати.

Испрати коментар

Од: mkd
Датум: 10.12.2008 10:39:06
JAs sum da se obratat za pomosh kaj SONK i neka gi viknaat daskalite da shtrajkuvaat za niv. I onaka tie toa go pravat dobro brzo i kvalitetno. Gi biva ama peten...
Од: makedonka
Датум: 10.12.2008 15:06:45
vo ovaa nasa drzava najdobro ke si pomines ako ne si registriran,ako neplakas pridonesi,ako neplakas danoci.kako ne se stramite so ova sto go pravite.za nas sto sme redovni vo site plakanja so sto ke ni pomognete.zasrametese i naj iskreno edvaj cekaj da ja snema ovaa drzava ,sto saka neka bide.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Владата и' го даде дизелот на „Окта“ поради големите залихи
Македонската берза само гаси пожари на краток рок
Македонија нема свинско месо од Ирска
Дефицитот достигна речиси 2,5 милијарди долари
„Евроинс осигурување“ ќе воведе агентска мрежа на продажба